Навистина не знам дали апче би ти помогнало, нека каже некој постручен. И јас сум многу плашлива, те разбирам скрос. Но, мене ми ставале мала анестезија и е доволна за едно поправање.
Нема апче што ќе ти помогне со болката, само плацебо ефект . Инсистирај на анестезија, јас скоро се имам пломбирано со анестезија .
Јас би , ама и анестезија не е секогаш најдобар избор. Последно бев анестезирана 3 часа со мандибуларка и мислам уште еднаш нема да ставам за пломбирање долу.
2-3 часа е нормално за таа анестезија. Мене многу ми делуваат анестезиите, мандибуларка и 8 часа ми држела, па пре би тоа него да ме боли Не разбирам зошто да не се става анестезија. Да, помага на докторот да знае каде и колку е осетливо, ама сто пати подобро ќе сработам ако пациентот ми е мирен и смирен, отколку да рипа од стол на секое брмчење.
Да знам, работам во стоматологија повеќе од 8 години што значи си спремам сама анестезија па си седнувам .
Здраво Пред некое време поправав еден заб и докторот ми кажа дека е и тој до него за поправање и ако сакам после да идам кога ќе си дојде од одмор е сега и сетра ми треба да оди утре и мене ми е срам да си закажам за мене.Дали е срамота и јас да си закажам?Што ќе помисли докторот
Се зафркаваш?Како мислиш срамота да закажиш.Да цел ден ќе мисли дека си закажала,дека него мн битно е кој ќе биде на столот.Закажи си не е срамота
Јас да ми ги среди овие два заба што ми ги почна и ја менувам дефинитивно. Еве ти си стручно лице и пак разбираш дека некој има страв. Најмногу ме нервира кога 100 пати нервозно ми вели додека работи да соработувам со неа сум била стегната. А јас и несвесно од страв каква можам да бидам,се здрвувам на стол. Па фустан не пробувам побогу, се плашам! Дали има влијание каква четка се користи, дали има разлика мегу обична и електрична четка за заби? Ме интересира во однос на заштита на кариес.
Ако правилно четкаш, нема. Електричната побрзо ја сработува истата работа, и затоа изгледаат поефикасни зошто повеќето луѓе не четкаат доволно добро и доволно долго. Ако имаш добра техника на четкање, сосема небитно е каква четка имаш. Само да не е со тврди влакна.
Јас ги платив 800 евра, во јуни ставив горе и преубави ми се резултат за 2 месеца имав а во септември сега ставив и долна и полека полека се исправаат
И јас со срам идам на забар , сите до страв ,јас со срам хаха страв ич немам , толерирам болка , ама често идам и срам ми е ,ама па они не гледаат како пари и ваљда не се замараат кој колку пати иде (така се тешам јас )
Друштво хелп Метален, горчлив вкус во устата. Го имав 5дена, 3 не и еве сега пак. Умрев од грижи, се исчитав на гугл. Совет?
Ми вадеа заб,остана корен и ми рече докторката дека мора операција. Прв пат ми се дешава ова,како сега местово ќе заздрави па по еден месец ми рече па на ново сечење,вадење,шиење? Некој искуство да има вакво?
Тогаш идел хирургот,пробуваше да го извади ама никако не успеа она. Ми рече мртов е коренот нема да направи проблем,ама јас не сум раат
Друг хирург не постои? И зошто воопшто почнувала да го вади кога е познато дека мртви заби се кршат во вадење и подобро е хирург да го извади заради такви компликации.