И нешто да прашам за мене. 5-ката долу ме болеше на студено и кога ќе јадев од таа страна (од притисокот). Вчера го направив и докторот ми рече дека било до живецот, но пробал да го направи... Уште кога го заврши забот ме болеше на ист начин како кога ме заболуваше привремено, само сега цело време. Мислев дека е од правењето и се напив Analgin. Ми помина привремено и вечерта пак ме фати, па зедов Ventor (бидејќи немав од првите). Денес не ме болеше, само малку на моменти, но вечерва имам некоја чудна болка, се менува на моменти која ми оди до вилицава (коската) и како игла да ме боцка, и главата ме боли од истата страна над вратот и некако малку ми отапи слухот на ушето (не знам дали има врска со забот). Дали е тоа нормално? Бидејќи отсекогаш сум имала здрави заби и по правење мислам никогаш не ме болеле, а едниствено пред 2 години имав проблем со единицата но тоа нема врска со ова.
Вадев заб, 6ка. Тоа беше во четвртокот и се океј беше. Е сега ме интересира дали е нормално толку да ми мириса устава 2 дена? Значи цела ноќ повраќам од мирисов... Ги измив 4 пати забиве од кога сум станата и пак исто и со мастика пак мириса.. Непријатно ми е ептен..
Може да ми препорачате некој добар заболекар во Центар во Скопје? Ама нека биде стварно некој добар зошто последниве неколку пати бев кај тројца, и сите тројца ме заебувале. По два пати едни исти заби да поправам, пукнав веќе.
Мене само ми крварат непцата и ме болат,но не ми посинуваат,односно до пред некое време, откако почнав да користам Lacalut Active престанаа да крварат имав џебови кои што ми ги исчистија на заболекар и псоле секое миење на забита ги мачкам со кантарионово масло. Тоа го омекнува местото односно непцето и го спречува крварењето.Нека не ја плакни устата по ставањето на маслото,малце е неубав вкусот, но сепак се исплати.
Нормално е. И јас правев заб, ми се скрши и се гледаше живецот т.е. можев да го напипам со чачкалица. Докторот ми стави привремена пломба, за да го спасе и ми кажа дека ќе ме боли најмалку 2-3, а највеќе до 7 дена. И мене така ме болеше цела вилица и целата таа страна.
Сабајле ми ја вадеја седмицата доле со анестезија но сега имам големи болки, чареееееееееееееее?????????????????? ке залаам од шо ме боли
Нормално дека ке боли, после вадењето едно полаа саат не боли но потоа е страшно затоа напиј се еден аналгин првите 2 до 3 дена море и 1 недела местото додека да зарасне ке те боли баш ми е жал Shoe-Gal тоа ми е најмизерно вадење заб имам до сега само една 7 извадено ама сум се измачила 2 недели ме болеше додека да ми зарасне, и ајде со помин нека е и немој да јадеш на таа страна може да му направиш некоја инфекција и избегнувај кога миеш заби да четкаш на таа страна
Очекувај дека ќе те боли - пиј аналгин или кафетин и ставај ладни облоги, ќе ти ја намалат болката. Јади потечна и ладна храна (сладолед е и тоа како дозволено), пиј ладни пијалоци, ама не ги задржувај во уста долго време, односно немој да правиш гаргара, може да го испереш коагулумот во раната без да сакаш, па нема убаво да зарасне. Ќе ти помине за некој ден
Леле Annath алал да ти е Ако отвориш некогаш ординација да знаеш редовна ќе ти бидам Е сега вака вчера горе 6ката почна да ме боли и еве денес ми се направи гнојна ќеса (а за воља на вистината и не е баш во најсјајна состојба ), и на тој истиот заб од надворешна страна на непцето имав како топче, нешто налик на бубулица, и тоа ми се појавуваше од асабјле и после ќе го снемаше цел ден и наредниот ден пак така и сега кога ми се појави гнојната ќеса го нема тоа топчето. Од што може да ми биде? И дали ќе треба да го вадам или не (тука ми е малку страв ), се канам да отидам на забар ама во никој немам доверба, до душа таа забарката што ми ја правеше доле лево 6ката беше супер, ни болка осетив ни ништо и забавна беше, ептен муабетџика, ама кога сакав да отидам кај нејзе пак, ординацијата и беше затворена и незнам кај да ја барам . А на правената 6ка имав огромна гнојна ќеса и многу ме болеше и потечена отидов кај забарката и она ми ја дупна, леле таква болка во живот немам осетено ама сега ми е добар забот, ми го извади живецот и ми го пломбираше и супер е. Второто прашање е следно кај брат ми, сега незнам точно 6ка или 7ца, коронката на забот му ја нема, скршена му е и има само дупка и околу како ѕид од забот, не се жали на болка ништо ништо и коренот му е цел, дали тој заб треба да се вади или ќе се спаси некако? И третото прашање: дали парадентозата може да се предизвика од нестручно чистење на каменец од забите(или како и да се вика). Зашто татко ми страда од парадентоза и порано му биле супер забите ама отишол пред некои 20тина години на клиника ваљда да му ги чистат забите и од тогаш му се појавила парадентозата? Јас се распишав и ќе ми простиш за тоа, се надевам Позз
Ај да прашам нешто. Значи ме боли седмицата на долната вилица, закажав во четврток за поправање. И тоа апла ме боли веќе подолго време. И сега нели во четврток прво ќе ми стави лек, и после тек по 2 недели поправање. Е сега бидејќи ми е многу расипан ептен ме боли, има шанси откако ќе поминат тие 2 недели со лекот, повторно да ми стави лек па да чекам пак после 2 недели за поправање? Така еден месец ќе фати. На 20 Јули заминувам Германија па дотогаш мора да ми биде поправен. Има шанси некогаш повеќе да се лекува заб или за 2 недели ќе го поправи и се ќе биде во ред? Или зависи од забот?
Како прво, за твојот проблем - истото што ти било со претходниот заб, ти се случува и со овој. Гнојната ќеса се формира поради процес на забот, ама не се задржува во коската, туку пробила и во мекото ткиво, па поради тоа е видлив процесот и надворешно. Начинот на лекување е ист како за претходниот заб. Ако не знаеш каде е докторката, распрашај се, сигурно на друго место има ординација. Еве, кажи која е, може некој знае кај има сега ординација. За брат ти - коренот ако е добар, може да се среди и да се направи заб на колче со порцеланска навлака. Ама мора да го сними коренот, да се види каков е, дали е во добра состојба. Ако е во добра состојба, се чисти и се припрема за колче, се изработува според отпечаток и после се става навлака. Ако не е добар коренот, се вади и може да се направи мост при што соседните заби ќе се истругаат. Трета опција е имплант, малку поскапа, ама одлична солуција. Сепак, најдобро решение ќе одреди стоматологот кај кој што ќе оди на преглед, вака не можам да ти кажам што е најдобро. И за татко ти - тешко дека може да се јави пародонтопатија (или парадентоза, како што ја викаш), од нестручно чистење забен камен. Најверојатно само дошла до израз прогресивноста на болеста кога го исчистил забниот камен, оти често се случува после чистење на забен камен да се расклатат заби, особено ако не е чистен долго време (со години). Тоа настанува поради долготрајното таложење на забен камен кое предизвикува повлекување на непцето, а постепено ја зафаќа и коската од алвеолата во која е сместен забот, па и таа се ресорбира, а со тоа и забот си го губи потпорниот апарат. Затоа и чистењето на забен камен може да доведе до влошување на состојбата во устата. Токму затоа е препорачливо оние кои имаат проблем со пародонтопатија да одат редовно на обработка на џебовите и чистење на забниот камен, со што колку толку се намалува прогресивноста на болеста. Се надевам дека ме разбра нешто Најдобро е одма да ти направи снимка да се види дали се исплати да го лекува, односно колку е напреднат процесот и ќе се види дали ќе може за две недели или повеќе да го среди. Сè зависи од забот, колку е расипан, односно дали има процес на коренот. Ако е малку расипан, може и за помалку од две недели да биде поправен. Значи, зависи од самиот заб.
Ако веруваш се те разбрав Ќе ја побарам забарката пак сега во петок, зашто и така ќе идам натаму па ако е тука да ме ѕирне и одма да ми каже што може да се прави а што не Фала ти Annath
Еден заб што ми го поправија пред 2-3 месеци, пак ме боли по малку, уствари не е јака болка туку ми реагира на благо. Денес бев кај друг заболекар и му кажав, и ми вика дури одлично бил поправен забот, перфектно. Е сега не знам дали да ми го отвори и пак да го поправам.... Можеби не е убаво поправен, но како тогаш овој кога го виде онака и ми вика супер е направен.
Може да имаш осетливи заби, иако се средени како што треба, направени и здрави. За тоа има решение - медицинска паста за осетливи заби - изборот е твој (Lacalut, Sensodyne, Vademecum...). Си пишува на нив за осетливи заби. Ако веќе се думаш дали е добро направен забот - снимка да направиш, се гледа дали е добра пломбата, дали има кариес или некој пропуштен дел под пломбата, па да не мора да го отвораш ако реално нема потреба.
помогнете миии луѓе ве молам помогнете ми многу ме боли ме боли забот незнам што да правам се напив еден аналгин од 500мг и не ми помогна потоа се напив и вентор и повторно ништо ве молам кажете нешто за смирување ?????
помогнете миии Ние неможеме да ти помогнеме.И јас сум имала такви ненормални болки,ама се издружава,но да идеш на забар,друго чаре нема.
помогнете миии Во ова време, кај ќе најде забар отворен? И плус утре е недела ретко кој работа... Не мисли на болката, легни да ти се смири и главата, нервозна си заради болката и од стресот уште повеќе осеќаш притисок во забот, пушти си музиче ако те боли кун 1 сатот пак апче напиј се, и утре сабајле барај да најдеш заболекар
помогнете миии Кој заб те боли? Пробај со ракија. Земи една голтка ракија, и држи в уста на страната на забот. Чувај ја така некое време, две три минути па плукни. Пробај така два три пати и кажи дали е подобро.