Istustvo nekoj so Lukanovski premium,za implantologija? Isto taka mnogu bi znacela i preporaka za druga klinika za All on 6, implantologija
Антипатични ,скапи ..не би да ги коментирам. Ординација каракамчев би ти ја препорачала или Зоран шушак на Инстаграм, не знам каде работи прашај го , одговара
Од Марие правев 4 заба и сите 4 ми се испорасипаа после една недела и пломбите не им се ок многу се појавува пигментација , сепак мое искуство,гледам многу ја фалат јас не би отишла никогаш веќе кај нив
Веќе подолг период имам скршен заб на пола ( се гледа колчето оти и порано ми се кршеше истиот заб) од пусти страв што ќе му прават не отидов на заболекар, и сега гледам непцето на тоа место ми е подуено ( ср напив серапептазе) и ми се појави црвен како крв меур. Што може да е тоа? Што да земам нешто да пијам пошо не сум во можност до понаредната недела да одам на заболекар?
Здраво да прашам за искуство?Имам протеза и мост веќе.три години како мои.Се воспалија непцата во Понедлникот ми ги чистеа увиде докторката дека мостот се откачил.Од Четвртокот пијам Довамицин за непцата.Петокот ми го прелепи мостот.Јас имам големи болки од тогаш кај мостот и носачите.Ми рече дека болкиве ќе траат.Дека е од непца и од цементот на веќе ампртизирани заби правел болки испуштал некои хемикалии исто и од непцата.Ми рече ако не помиме да снимам.Јас утре планирам во Дентал Арт да одам за второ мислење и нека ме снимаат таму.Има ли некој вакво искуство?
Јас на почетокот имав проблем со воспалени непца. Препорака ми беше да мијам заби со мека четка и лакалут паста и испирање со хидроген 3%. Болките да траат не ми е некако ок, сепак оди на второ мислење и снимка обавезно, да не некој од забите си почнал процес.
Да да обабезно ќе одам.Ма да уште двајца доктори ми потврдија дека цементот на второ прелепување и воспалени непца многу болат.Ама јас ќе бидам најсигурна да ме прегледа и сними некој друг.Не знае човек на кого и во што да верува.
Јас имам 3 моста, 2 горе 1 доле и сите ми се прелепени по еднаш. Никаква болка немав после тоа, ни па осеќав некаква разлика или притисок, ама па тогаш не ми беа воспалени непцата. Не знам, направи си снимка тогаш да си бидеш рает.
Бев денес на уште едно мислење и кај мојата забарка ако не се смири и денес утре ма двојката ќе се умртвува живец.Снимана сум нема процеси.Има оголен корен под мост.И тоа прави болка.Денес ме премачкуваше нешто.И рече ако боли пак утре умртвување.
Треба да вадам осмици, и тоа сите четири. Носев фиксна протеза ама тогаш ги немав умниците, ја извадив протезата и почнаа да растат. Сега ми направија проблем, ми ги изместија пак забите а и ми сметаат, немам место за нив, си го гризнувам и образот. Кажете ми дали мора да ги вадам еден по еден и колку е страшна интервенцијата? Многу страв имам од забар ќе пукнам мислам дека