Јас исто имав проблем со осмици, ми ги вадеа еден по еден. Интервенцијата не е страшна, барем кај мене беше како обичен друг заб да вадам.
Не сум вадела заби до сега, не сум имала никаков проблем генерално и затоа ми е страв. Колку време имаше пауза меѓу вадење на еден и на друг заб?
Поодамна беше, не се сеќавам колку време имаше пауза измеѓу. Најдобро прашај си го стоматологот на колку време е во ред од една до друга интервенција. Инаку, не е страшно самото вадење, непријатно е повеќе и искрено мене поболна ми беше анестезијата од самата процедура.
Една недела ако лесно помине операцијата. Две ако потечеш повеќе од вообичаено. Хируршки ако се вадат можеби некој ден повеќе, зошто на 7 дена се вадат конци, ама пак изводливо е и на една недела да се вадат.
Здраво,треба да ставам имплант па малку ме плаши целата процедура…ако може некој да сподели искуство колку трае процедурата,дали е болно кои се нус ефекти,дали потоа забот може да го користите како и сите останати т е да се јаде тврда храна,колку им е рок на траење и колкава цена се одприлика и доколку може да ми препорачате ординации од кои сте задоволни.
Здраво на сите, Веќе околу една недела имам чудна болка во пределот на вилицата која се чувствува како да доаѓа од горните заби (5ка/6ка), понекогаш и позади забите. Болката не е постојана во еден заб, туку „шета“ и е потапа, нервирачка, најчесто појака навечер. Бев на стоматолог – направена е панорамска снимка, нема кариес, апсцес, воспаление или проблем со забите. Немам болка на ладно/топло, ниту при чукање на забите. Нема оток, температура, ниту проблем со отворање на устата. Ми беше кажано дека можно е да е мускулно-нервна болка од вилицата (ТМЗ / миофасцијална болка), која мозокот ја чувствува како „забоболка“. Дали некој имал слично искуство – болка како од заби, а да не била од самите заби? Колку време траело и што ви помогнало? Ви благодарам однапред.
Често го гризам јазикот додека спијам, земав б6 , магнезиум цитрат, ништо посебно, дури полошо , не знам што веќе да правам , иако е може поврзано немам бруксизам, туку само гризење на јазикот , што би можело да ми помогне, буквално секоја вечер ми се случува ова ?!
Здраво. Имам хоризонтално поставен умник кој што треба да го вадам на максилофацијална хирургија. Закажав термин во четврток кај др.Предраг Серафимовски. Ме интересира дали имате искуства со докторот и дали на терминот во четврток тој само ќе изврши преглед и ќе договориме друг термин или веднаш ќе ми го извади? Фала ви многу, убав ден.
Имам заби за вадење а само што дознав дека сум бремена 5 недела. Докторката ме советуваше да почекам и во консултација со гинеколог да работиме после 8-9 недела. Имате ли искуство со ставање анестезија во бременост и како сте поднеле?
И сум ставала анестезија во бременост, и јас лично сум примала. И заби сум вадела на трудници. Во 5та недела не ти препорачувам освен ако не е ептен ептен итно. Ако се е во ред со бременоста, можеш слободно да си примиш анестезија и да вадиш заби после 12та недела, пред тоа само ако не може да се почека заради јака инфекција или некој друг посериозен проблем.
Znaes li kolku cesto smeam da stavam anestezija? Imam poveke zabi za popravanje dali smeam primer na 2-3 dena?
Можеш и секој ден. Дејството е 45мин-2часа, зависно од анестезијата. Повеќе би рекла од аспект на заздравување да си оставиш време меѓу вадењата, пример извади заби од лево, нека затвори раната 4-5 дена, па после вади од десно. Да немаш рани низ цела уста па да не можеш да јадеш цела недела.
Здраво дечки, Каде во Скопје препорачувате добар протетичар? Вадев 6ка пред скоро недела дена, па иако не се гледа сакам нов заб на тоа место, многу ми е чудно вака кога јадам, како преживар се осеќам. И дали би знаеле временски за колку би се изработил и цена? Уште малку сум во Мк. Фала многу
На местото од 6ката може да ставиш имплант или мост ако ги стружиш 5ка и 7ца, а само на 6ката заб во воздух ставен не може.
Одма после вадење не се прави ништо, особено не набрзина. Посети протетичар да ти кажат опции, ама ќе си планираш за следен пат кога ќе доагаш во Мк. Мост се прави и за една недела, ама треба да ти зарасне местото прво од вадењето, минимум 6-8 недели.
Немам конкретно проблем со забите, повеќе ми е за јазикот Не пушам редовно, може по 2-3 пати неделно. Осеќам дека ме пецка јазикот. Од што може да е? Како да не доаѓа до тоа повторно?
Dali nekoj od vas ima praveno operacija na rascep na nepce(palatoshiza).Na maksilofacijalna hirurgija.Kolku cini otprilika na drzavno?