Прашувам за татко ми, тој ги изгуби забите скроз, моментално е со вештачки(тој е 57, а на 32г ги изгуби сите). Е сега ме интересира од страната на устата му се собира бело и болно му е. Стоматологот му кажува дека е од парадентозата, таа нон стоп си работи во устата. Користи Гингивал ама не помага многу исто така и капките што се Nystatin исто не му помагаат многу. Последно се миеше во уста со чај од жалфија. Имаше некој поблаг ефект, ама не му помина скроз. Ако си имала таков проблем да споделиш ако имаш нешто користено друго освен од наведеното поефективно?
Уф за ова не сум стручна, можеби @Spidy ќе знае повеќе околу темава. Јас кога имав болки со гингивал ми поминуваа, односно кога ми течеше крв од непцата, и со друго не сум се ни обидувала оти не сум имала толкави болки.
Свекрва ми се колни во испирање со солена вода (не знам сооднос искрено хаха) Не знам дали и се собирало така, ама и она и мм се со парадентоза.
Ептен ми е жал кога го гледам така дека се мачи. Инаку нему му е наследена од баба ми и со Гингивалот му се облажуваат болките, а долготраен ефект нема баш. Инаку @MariaBouli вода и сол нема пробано, баш ќе му кажам да проба.
Тоа му е промена некоја, мора да го види специјалист по болести на уста (пародонтолог), ако има потреба да направи и биопсија на местото. Често се јавуваат такви промени како иритација од протезите, може има и неправилен загриз ако му се истрошени и ги нема променето подолго време.
Долните задолжително, горните пожелно. Ќе ти направат проблеми, веќе долу имаш промени ко што гледам. Имаш и повлекување на коската, дали редовно одиш на стоматолог за чистење?
Шо значи недобро попунет заб со пломба? Кога ми ја ставаа, мереа со тоа апаратчето со игла, ама на снимка кога виде отпосле, така ми рече за забот. И сега остава на мене да изберам дали од почеток да се полни. А ако пак не ја попуни добро, до кога ќе препрааме? Да оставам така или да барам вадење и ставање на нова?
Скоро ги менуваше т.е декември месец, нема пола година ама ајде кога ги смени ѓаволот го виде со новите, ама после 4/5 месеци т.е сега почна така да му се прави. Кога отиде на стоматолог му кажаа капките Nystatin да ги користи и еве нема ефект никаков. Баш ќе му кажам да отиде да провери убаво со биопсија со се. Ти благодарам.
Може да му е од новите протези промена. Се случува како реакција од материјалот, или пак може да го гризе местото кај што се прави тоа, па затоа реагира слузокожата. Нека се провери кај пародонтолог.
Вака: имам 2 заба недобро потполнети, 2те горни двојки кои се под мост. Едниот одма му го извади нервот, мислам дека по вадењето еднаш стави ваљда лекче (не знам што ставаат пред пломбирање, лаички кажано за дезинфекција), па го пломбира, поминати се 6-7 месеци. Другиот не фаќаше на 2 наврати анестезијата, само месец дена пробуваше така да го умртви. После 6-7 месеци ставаше ваљда лек, ама нонстоп мирисаше. Па после уште 2-3 месеци ставаше 'меко' полнење (ваљда за да види дали ќе има реакција?), и ми го пломбираше конечно пред 2 недели. Па направив снимка и испадна ете дека не биле скроз потполнети. Од јуни 25та се мачам, вади-стави мостот на секои 3 недели, не знам што да правам. На мене остава да одлучам.
Прашувам затоа што мојата после 2 месеци лечење се откажа од забот ми вели да го вадам, друг доктор вели да го лечам. Ме интересираше колку време се лечи заб.. Ако може да го спасиш не се откажувај, како свој заб нема, сепак ти најдобро си знаеш.
Спасени се (мада без нерв), туку не ги потполнил со пломба скроз, тоа е работата. Ваљда некаде внатре има празнина претпоставувам.
Пломба нема внатре, каналите се полнат со посебно полнење, после се става пломба. Недоволно наполнети канали оставаат простор за инфекција на ткивото (коската) околу забот и е ризично за понатамошниот опстанок на забите. Треба да одиш кај некој што работи темелно ендодонција, за ревизија на полнењето и прелекување на забите, да ги исчисти убаво каналите и да направо добра дезинфекција и добро полнење за да го продолжи векот на мртвите заби. Тоа се наплаќа приватно, не оди преку фондовски цени. Буквално значи намалување на делот што ги држи забите, најпросто кажано. Пожелно е да се спречи тој процес, поточно да се намали односно да се успори прогресивноста, оти дефинитивно решение нема. Затоа прашав дали одиш редовно на забар и дали се преземаат мерки за успорување на повлекувањето. Не може да се спречи, може само да се забави процесот.
Леле те молам сподели како да спречам, ќе се консултирам и со мојот стоматолог секако. Дали тоа значи дека со време ќе ги изгубам забите???