Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.398
    Допаѓања:
    206.435
    Пол:
    Женски
    Не значи дека ќе ги изгубиш. Да се спречи целосно не може, ама може да се успори процесот и да си ги задржиш твоите заби. Тоа ќе видиш со твојот матичен стоматолог, а ќе консултираш и пародонтолог секако.
     
    На bookslover и Dodo1 им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.705
    Допаѓања:
    26.430
    Фала на одговорот.
    Јас веќе не знам што да правам. Каде да одам, да знам со сигурност дека ќе поминам како што треба.
    Во октомври 2022 ставив мост на горни кецови и двојки од естетска причина, во рок од 2 години, 3 заби скроз се расипале. Среќа имав што минатиот јуни мостот сам се расклати и почнав со патешествието кое еве до ден денес не е решено, всушност повторно аматерски направено (на друг стоматолог од тој кој ми го стави мостот).
    Наместо да објасни дека сето ова што ти го напиша треба да се направи, тој МЕНЕ ме прашува дали сакам од почеток да ги потполнува или да ми го цементира мостот...
    Да одам на трето, па и четврто место, од кај да знам како ќе поминам?

    Постои ли закон што нè штити пациентите? Ништо од ова не е моја грешка освен одлуката да ставам мост.

    Не ме сфаќај грешно, знам дека зборам лошо за твои колеги, ултра благодарна сум ти на секој одговор и екстремно многу те почитивам ко член, само не знам што да правам, од лошо полошо доживувам и ме фаќа паника и очај.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.398
    Допаѓања:
    206.435
    Пол:
    Женски
    Не ти замерувам, знам каква е ситуацијата и затоа заминав од тие води, поради нелојалноста и неколегијалноста.
    Јас можам да ти препорачам доктор, ама е прилично скап, го спомнуваат низ темава, а моето лично искуство е позитивно. Не дека нема и други, и нив можам да ти ги препорачам, ама немам искуство со нив. Затоа се држам настрана од препораки оти некогаш и најдобриот може да не ти се погоди.
     
    На Spidy и MissChievous им се допаѓа ова.
  4. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.854
    Допаѓања:
    6.883
    Пол:
    Женски
    Не се стресирај, и јас го имав истиот проблем решлив е, само консултирај се со повеќе стоматолози и ќе ти понудат решенија според твојот проблем.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ANTONIJ MK

    ANTONIJ MK Нов член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Имам воспалителен процес на заб, има оток под забот се гледа црвенило, забот ми е отворен сега, ме фаќа страв како ќе се одвиваат работите. Ве замолувам кој има познавање или исто/слично искуство да сподели мислење. Кој антибиотик е соодветно да се пие во ваква ситуација? Што препорачувате да се направи што е најдобро за да се сопре процесот? Тој секако ќе треба да се умртви, ама да биде понатака без проблеми.
     
  6. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.079
    Допаѓања:
    14.569
    Пол:
    Женски
    Па тоа доктор ќе ти каже најдобро, каков антибиотик, и после најверојатно ќе го лечи забот 2,3 месеци пред да му стави пломба.
     
    На ANTONIJ MK му/ѝ се допаѓа ова.
  7. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    6.081
    Пол:
    Женски
    Денес бев на забар, ми вадеше заб, забот се скрши при џвакање...
    Се искомплицира и вадењето на забот, се искрши и вадеше дел по дел, го извади едвај, околу 1 час траеше вадењето....
    Арно ама, поминаа 5 ч од вадењето, а сеуште имам крв во плунката, без парчиња, забот крвари, а немам болки ..
    Ми препиша атб Алмацин заради процедурата,а знае оти сум бремена 18 недела, рече дека може....
    Прееска му ѕвонев и му реков дека забот крвари, рече ако нема парчиња крв, постепено ќе престане....
    Што да правам ако и утре не престане крварењето, да му ѕвонам нели?
    Што да правам за да сопре, да го забрзам процесот на заздравување?
    @Annath ќе ја означам, мислам дека таа беше забар, а и може од било кој друг...
     
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.079
    Допаѓања:
    14.569
    Пол:
    Женски
    Мене за крварење ми рече само Ц витамин, нека кажат и докторките. Јас пиев поголема доза Ц витамин.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.046
    Допаѓања:
    3.143
    Пол:
    Женски
    Ве молам утешете ме, во среда вадам умник, ќе се мрднам од страв. Колку време трае, се осеќа ли нешто? После тоа знам дека ќе боли ама додека трае??
     
  10. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.046
    Допаѓања:
    3.143
    Пол:
    Женски
    Извини да те прашам, зашто е задолжително да ги извадам, што проблем може да ми направат? Девојчево пред мене се онесвести се предомислувам дали да влезам
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.398
    Допаѓања:
    206.435
    Пол:
    Женски
    Веќе ти прават проблем на седмиците, лошо се поставени и ги буткаат. Освен тоа, може да предизвикаат ресропција на коренот и да ги изгубиш седмиците. Макар и еден заб од низата да го немаш, неизбежно почнуваат промени во состојбата со забите и загризот.
    Тоа што се онесвестило девојчето е од страв или била гладна, се случува и тоа во ординација.
     
    На dromka и Dodo1 им се допаѓа ова.
  12. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.046
    Допаѓања:
    3.143
    Пол:
    Женски
    Си отидов, не влегов. Не знам како да го надминам стравот, и јас премногу се плашам, ќе се онесвестам како неа.
     
  13. sino.o.oka

    sino.o.oka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    4.009
    Пол:
    Женски
    Викни некој со тебе... Јас прв пат кога вадев отидов со придружба, после тоа се сама.

    Не е страшно, само непријатно чувство е, некако језиво. Болка не осеќав јас на самиот процес. И кажав на докторката дека се плашам многу ( се тоа беше затоа што се изначитав еден куп глупости и на интернетот и на форумов) и таа ми стави прво анестезија со спрејче а после и со игла. Ни пет минути не траеше моето. Имав малку болки кога помина дејството на анестезијата, ама ништо страшно ќе си се напиеш нешто против болка и тоа е тоа.

    Со лесно!
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.046
    Допаѓања:
    3.143
    Пол:
    Женски
    Ми рекоа дека не е баш лесно за вадење и дека ќе трае околу пола саат, а може и повеќе. Од памет се извадив со девојчето и едноставно нозеве сами ми се враќаа, ми идеше да избегам со трчање од страв
     
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.079
    Допаѓања:
    14.569
    Пол:
    Женски
    Дали кога ви имат правено заб, ви го имат оставено така забот 10 тина дена без лек без ништо? Па после пак да се работи на него. Ми кажаа само со хидроген да го испирам. Имав болки, правен заб ми беше, ми го отвори сега да ми постои така некој ден..
     
  16. klinkata

    klinkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    92
    Да не знаете кој доктор е во ординација 1 во вторник?