Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.522
    Допаѓања:
    43.260
    Пол:
    Женски
    Како што видов има коагулум, многу е непристапно местото, ама се гледа како потемно таму. Инаку не ме боли толку на местото на осмицата, повеќе боли напред кај шестката
     
  2. evinaevina8

    evinaevina8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Жени да ве прашам нршто, ве молам за одговор. Ми беше скршена стара пломба на забот и ми го пломбираа поново, арно ама пломбата ми била блиску до живецот и ми рекоа дека ако пак ме боли забот ќе го лекуваат. Нели оди прво лек , па пломба? Ако е забот за лекување зошто воопшто ми го пломбираа? Или се чека прво како ќе реагира забот?
     
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    15.726
    Пол:
    Женски
    Под пломба која е длабока и блиску до нерв се става подлога за да се заштити нервот, ама не секогаш е успешно. Ако се појави реакција, ќе го отворат повторно забот па ќе ти стават лек за умртвување на нервот. Можеле и одма да ти го лечат, ама ако имало шанса да се спаси нервот, правилно е да се проба прво.
     
    На SummerGirl и evinaevina8 им се допаѓа ова.
  4. Zakica88

    Zakica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2023
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    После долго одлагање закажав термин во Вега имам коронки сакам и треба да ги сменам под нив скршен заб сум имала :(. Да видам што ќе ми препорача докторот, треба да ставам импланти. Дали боли постапката и после тоа???
     
  5. Ta-mara

    Ta-mara Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    1.182
    Пол:
    Женски
    Ќе ја означам @Annath ако не е проблем да ми одговори , иако не е фер вака што досаѓаме. Бев на забар ми направија специјална снимка за состојбата на коската ,ја платив скоро 4.000ден (не знам како се вика ) доле ми фали 6ка ,имам коска за имплант. Хирургот ќе биде тука во Август тогаш ќе ја почнам процедурата. Имам висок праг на издржливост за болки при правење заби , скоро секогаш без анестезија ми правеле. Меѓутоа ,ова е сосем различно па ме интересираше дали е издржлива болката после анестезијата? Тоа многу ме кочи во целиот овој процес. Нема кај мене никој проблем со заби , ниту познавам луѓе така да немам ни кого да прашам . Како стоматолог ако можеш да споделиш искуство од пациенти ? Знам дека даваат апчиња ,ама да не е нешто да не можам да спијам од болка. Многу сум исплашена а Август ќе дојде како ништо.
    Благодарам однапред кој и да сподели искуство :whew:
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.555
    Допаѓања:
    207.199
    Пол:
    Женски
    Ќе биде во ред. Нема зошто да биде поразлично од било која друга интервенција во коска, и општо во уста при која е потребна анестезија. Може да се појави оток и болка, што е нормално, ама ќе помине, не боли ништо повеќе од вадење заб.
    Инаку не би можела да споделам искуство од пациенти бидејќи не работев со импланти, ама и веќе долго време не работам како доктор стоматолог.
     
  7. ♡☆♡

    ♡☆♡ Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    80
    Дали во бременост може да се се прави снимка на заб? Имам 8мица горе за вадење, повисоко е од другите... Бремена сум 5ти месец. Мислев да не го вадам сега да одложам но при мрдање на вилица и смеење осеќам како притисок ме нервира.. Какви искуства имате со вадење заб во бременост?
     
  8. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    608
    Јас сум на голема мака и не знам кој пат да фатам.
    Никако да погодам добар стоматолог уште од дете.
    Еве сеа пак...
    Од преголем страв и кога почнаа да болат непцата прекинав да четкам редовно ... 2020 негде.
    И ми се крши 2 ката па сега и 1 цата. Лани бев за 2ката се средено ама бремена бев 8 ми месец и имав болка гинекологот рече да лежам и не отидов за навлака па се скрши струганото скоро до корен.
    Пошо и од таму не бев презадоволна ем ме ољупи со цените ем ништо не средив само забен камен исчисти и двојкава и седмица ги иструга.
    Ајде сега собирав храбрпст ќе идам кај друг еден го фалеа многу бев вика 2 ката (така од око) скапан е коренот и на седмицата исто да ги вадиме. Па да стави мост 3ката да го носи... за 1 цата стругање и навлаки т.е ако сум била спремна финанскиски стругање и навлаки на сите најубаво. Ако не мост долу лево за 5-7 и мост горе на 2 ката а 1 цата со пломба.
    Откако ми чистеше камен (понеделникот) јас умирам од болки.
    После јадење посебно абе не знам кај да се напикам пиев ибупрофен не помина ,се јавив вика нормално е да те боли воспалени беа непцата пиј нешто и издржи.
    Ама мене лани не ме болеше толку.
    И ако таа 7 ца долу лево боли сега... нема да има за мостот како ?
    Импланти само се решение ?
    Ми иде ако може негде некако целосна анестезија да извадат се и со вилици да ме разбудат.
    Боли многу посебно левата страна на самото непце на горните има бело тврдо топче мислам од него ми е цела болка ама сеа после ибупрофен + парацетамол и гингивал само кај седмицата долу боли...
     
  9. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е убаво да се снимаш во бременост, сепак е зрачење. Јас вадев 3 осмици и баш и спомнав на докторката дека планирам бременост. Ми рече прво заврши си со забите па работи на бременоста. Мислам дека вадењето нема да е толку проблем колку што би било снимањето ама ова е само мое мислење, нека каже некој ако знае со сигурност.
     
    На ♡☆♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.472
    Допаѓања:
    15.429
    Пол:
    Женски
    Доколку се одложи вадење на заб дали може нешто да се деси?
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    15.726
    Пол:
    Женски
    Снимање може да се избегнува ако не е апсолутно неопходно во првите 3 месеца. Ако се работи за итен проблем, дури и тогаш ќе се снима, секако со соодветна заштита на телото.
    Од 4от месец натака слободно може. И јас лично сум се снимала повеќе пати, и пациенти сум снимала кога било потребно.
    Чисто за споредба, зрачењето од една дигитална панорамска снимка е еднакво на зрачењето што се добива при летање со авион 2 часа. Ако во 4-5 месец сакате да одите на патување, верувам дека ниедна не помислила, еј нема да одам за да не се зрачам. А снимка на еден заб е толку незначително зрачење што ни на сензорот за зрачење што го носат докторите не се појавува како мерка.

    Така да апсолутно да се снимаат и средуваат заби од 4 до 8от месец, особено зошто откако ќе се роди бебе, тогаш па ич нема да стигнете да одите на стоматолог. Во 9ти месец не препорачувам чисто заради стрес, особено на пациенти со голем страв, ама од здравствен аспект повторно нема проблем ни за снимање, ни за анестезии, ни за поправање заби.
    Чувајте си го здравјето.
     
    На Гладиоли и Dodo1 им се допаѓа ова.
  12. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Фала што сподели стручно, затоа реков тоа е само мое мислење. Мислам дека мојата докторка повеќе ме советуваше така заради тоа што виде каков паничар сум :D
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Zvezda5

    Zvezda5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Ќе Ве замолам за совет .
    Имам доле 7мица страничен кариес ,до него навлака 6ка. Забот е правен веќе еднаш од кариес , забарот ми рече многу ќе биде под пломба не вреди да се поправа ,искрено задоволна сум ваму каде што одам ама одговорот воопшто не ми се допадна . Што требаше да значи тоа , да чекам кариесот да напредне ? Бидејќи до него има навлака , всушност не знам дали тоа е причината и што има врска навлаката . Искрена да бидам , не би сакала да го ставам и тој заб под навлака . Дали да барам второ мислење, не сакам да го менувам забарот . Ве молам за совет.
     
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    15.726
    Пол:
    Женски
    Ако повеќе од пола заб е со пломба, веќе е време за коронка. Ако кариесот е под непцето, најчесто не може да налегне пломбата идеално тука, и некогаш е подобро да се стави коронка.
    Тебе одговорот може не ти се свиѓал, ама сигурно имал причина зошто препорачал коронка наместо да се поправа со пломба. Ама во секој случај не треба да се остави со кариес зошто може на крај толку да се расипе што само ќе ти остане опција да се извади скроз забот.
     
  15. Zvezda5

    Zvezda5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    А, дали може само на тој заб да се стави навлака, да не мора да се поврзе со 6 ката и 5 ката ? Бидејќи навлаките на 5 и 6 ми се три години и не би сакала да ги менувам пак.
    Дали ваков проблем може да се реши со инлеј или како и да е називот или попаметно е навлака ?
     
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    15.726
    Пол:
    Женски
    Теоретски може соло коронка, не мора да е споено со друг заб, може и инлеј ако има доволно страничен ѕид останато. Ама теоретски не значи дека може баш кај овој конкретен заб. Што може се одредува со преглед и снимка. Се зависи од индивидуалната ситуација. Пак ќе речам, ако нешто ти било препорачано, има причина зошто.
     
  17. Zvezda5

    Zvezda5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Само уште ова , зашто се избегнува цирконија на задни заби и се препорачува метал ? Металот е 6.400ден а цирконија 12.400 ден во оваа ординација, не сакам да ставам поевтино. Дали ако ми речат навлака да одберам цирконија?иако е 7? Дали е само естетика во прашање
     
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    15.726
    Пол:
    Женски
    Цирконот е подобар естетски за предни заби. Јас лично имам циркон коронка на бочен заб. Не дека не може да се стави, ама не е дека е нешто којзнае што подобра од металкетамичка. Естетски не се споредуваат, ама за бочен заб што не се гледа апсолутно не мораш да платиш дупло.
     
    На Zvezda5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Zvezda5

    Zvezda5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Некаде прочитав дека со циркон не се воспалува непцето како со метал и демек помалце се струга од забот ,иако најважна е хигиената. Јас за жал метал имам на 5ката и 6 , ама не истражував тогаш ,сега непцето таму не ми е воспалено само кога ќе ми исчистат забен камен, не сакам да штедам на заби па би одела со цирконија на 7 а во иднина ако се покаже навистина ок кога ќе ги сменам 5 и 6 и тие ќе ги ставам циркон . Благодарам на одговорите многу.
     
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    15.726
    Пол:
    Женски
    Побитно е како налегнува коронката на забот и како се одржува хигиена отколку материјалот од кој е изработена коронката. Ако можеш да си дозволиш поскапа опција секако дека е супер, ама муабетот ми е дека побитно е да ти е среден забот и да има добра функција, макар и цел метален да е, отколку да стои расипан само зошто сакаш да ја одбереш најскапата опција а не можеш да си дозволиш. Функцијата пред се треба да биде според мене. На второ место е естетика и финансии.
     
    На Zvezda5 му/ѝ се допаѓа ова.