помогнете миии фала ви за советите,но барав тука низ темиве и најдов нешто со топла вода и со сол и во меѓувреме пронав е сега незнам дали апцето почна да делува или можеби ииии тоа имаше некој ефект но ми помогна барем малку сепак ви благодарамм
помогнете миии Ако имаш дежурна аптека во близина оди и земи Заболекс. Тоа е капки против забоболка мене ми помогнаа од едно ставање, пробај и ти може ќе ти помогнат. Се надевам брзо ќе ти помине
помогнете миии Ке си појдеш на дежурен стоматолог во амбулантат кај што се лечиш (мора да има), ке ти стави инекција или ке ти даде нешто друго за смирување па во понеделник ке одиш кај твојот стоматолог.
Дали знаете од што се создава каменец на забите? Стоматологот редовно на 6 месеци ми го чисти од забите , дали оваа процедура е штетна/корисна за забите? Носев извесно време фиксна протеза и на горната и на долната вилица. По вадењето на фиксната ми препорачаа да носам мобилна протеза ,ама не сум баш најредовна во носењето. Ме интересира,колку време по вадењето на фиксната е препорачливо да се носи мобилната протеза?
И ја ќе прашам нешто Нервоза ми мава на желудник и на вилица. Ми „пука“ кога јадам, и ме боли неможам да ја отворам убаво. Дали има нешто болката да ја ублажам ?
Може да ти е изместена вилицата, па од тоа да ти пука. Ако ти е од малечка, веројатно имаш вродена сублуксација на зглобот, а ако ти се појавило од скоро, убаво ќе биде да одиш на стоматолог или оториноларинголог да ти ја намести убаво, да не ти пука. А за болката, стандардни аналгетици - аналгин, кафетин или антиревматици - кетонал, ибупрофен, кетодол...
Го поставив прашањево и во темата за фиксни протези, ама ајде и овде можи е посоодветна темата Носам фиксна протеза но ми се одлепи една брикета, и не сум во можност да појдам кај мојата заболекарка да ми ја залепи. Дали е можно да појдам кај друг заболекар само за една контрола да ми ја залепи брикетата и ја среди жицата и за тоа да си платам како за една контрола. Дали некој имал вакво искусто?
Ај и јас едно прашање Не прочитав наназад можеби пишуваше, сакав да прашам дали е убаво да се чисти забниот камен? Јас сум за, други ме преубедуваат не било убаво одма се разнишувале забите, бла бла... Фала
Да да убаво е.Јас го имам чистено пред 1 год. затоа што многу ми крвавеа непцата и ништо друго не ме спасуваше освен чистење на забниот камен и 2-3 пати миење на забите со
Ми расте умник и почнува многу да боли, со што да ја ублажам болката? Кафетин, аналгин или не е доволно?
Би требало да биде доволно, да помогне. Ама ако болката трае многу долго време, и не поминува со овие аналгетици, тогаш направи една снимка да видиш како расте и што притиска, да не треба да се вади
пред неколку денови мојот стоматолог ми дијагностицираше парадонтоза,и ми препиша терапија, но ве молам споделете некое ваше искуство, како полесно да се излекува оваа болест на непцата? однапред ви благодарам
Нема лек, барем не таков кој целосно би ја излекувал парадентозата, поточно, пародонтопатијата. Има начини да се спречи нејзината прогресивност, ама целосно да се искорени, тешко. Барем засега е така
Знам за тоа сепак барав некои ваши алтернативни начини кои се покажале доста успешни еве сега баш читам за колоридна сребрена вода, која била добра за лекување на оваа сосотјба на непцата, па сакам да земам да пробам
Вака сега имам расипано 3 заба на два имам гнојни ќеси и баш ми е страв да одам на забно минатиот пат пред 4-5 месеци бев и ми го вадеа живецот од шеската и тоа со анастезија,но незнам што беше работата не успеа анастезијата и ме болеше мнооогу а веќе докторката почна да го вади живецот,јас мрдав таа го пушташе живецот и така 2-3 пати и рана се направи додека го извади,и видов големи маки.Е сега,за да го пробијам тој страв сакам да ми стават општа анастезија за да ме успијат да неморам да ја гледам целата работа. Стварно ми се чини тоа како единствено решение Дали е можно тоа?
Дали прво кога ти ставаат лек на забот, мора да стои 2 недели за да ти го поправат? Колку дена најмалку мора да стои лек, може пример една недела па да ти го поправат?
Мене еднаш ми ставија лек, и за една недела мислам дека го средија после. 90% беше за една недела, не сум најсигурна.
Општа анестезија во стоматологијата се употребува само во исклучителни услови, најчесто кај ментално ретардирани пациенти. Кај нормални здрави луѓе се користи локалната анестезија. Зависи од лекот, за што се става, но и колку е оштетен забот, односно напреден процесот кој сакаме да го спречиме.
5ката горе ми беше пред година и нешто пломбирана. Само што почна да ми расте умникот на таа страна почна повторно да ми се јавуваат болки кај забов. Ми ја извадија пломбата и ми стави лек еднаш , го носев една недела не ме болеше забот и пак ми го пломбираше. Нема ни еден месец поминато како ми го пломбираше забот а пред една недела повторно почуствував како крајниот дел од умникот ми расте и пак почна да ме боли 5кава. Можеби нема никаква поврзаност со тоа што ми расте умникот, но верувајте неможев со четката за заби да го поминам забот, од што ме болеше толку многу. Незнам веќе кој му е проблемов, бев минатата недела на забар и ми ја извади пломбата и ми стави еден смрдлив лек за да ми го умртвел живецот. И вчера пак бев уште еднаш ми стави лек и рече следната недела ќе ми го вадел живецов. Како оди таа постапка за вадење на живец се чуствува ли некаква болка или како ? И пак ли бре пари за пломба за истиов заб ке треба да давам.... Ме соголе со пари овој мератен заб