При вадење на претходно умртвен нерв не се чувствува болка, барем не би требало. На тој начин се лекува инфекцијата на коренот и се пломбира после одредено време. Си плаќаш за ендодонтскиот третман - вадење на нервот, чистење на каналите и нивно затворање, плус за пломбата. Нормално дека се плаќа, не е без пари. Никој без пари не му ја дава пломбата на стоматологот, така и тој не може без пари да ти ја стави, макар и десет пати да пломбира ист заб (ама ако дошло до тоа, менувај го стоматологот).
Ке ве молам да ми препорачате добар стоматолог, во центар или капиштец и блиската околина.Јас таа што ја имав кај Румунска амбасада, се ислеи но и подобро бидејки страшни трауми ми направи вадејки ми живец на живо, а замислете ми беше роднина.Веке долго време одолжувам, првенствено ради бремеснота, сега ради доењето(а искрено највеке од стравот трауматичен), а имам два или три заби за вадење (ми останаа само корените два ми се скршија во текот на брееноста , знам шејм он ми ) НЕ знам ни дали ке смеам да ги вадам поради доењето но веке започнат е процес, исто ме интересира како се движат цените на порцеласките навлки, а и на поедичечен заб каде што би требало да се стави, мислам имплатант дека ке дојде тоа, ако знае некој би била благодарана на одговорите.
Од лично искуство ти го препорачувам д-р Ненад. Работи во Капиштец зад домот за деца без родители. Профи е скрос, 15 години сум кај него и ќе бев без заби ако не го откриев, Во 7 одд сакаат да ми вадат заби, избегав, ме уништија со лоша апликација на пломби и по препорака појдов кај него. Ти објаснува се што ќе ти работи и зошто ти работи баш така. Во однос на инплант или порцелан исто ќе ти каже што е најдобро за твојата вилица, а не да ти наплати 500 евра за нешто што нема да ти издржи во уста ни 5 години. Топ е! Ако сакаш ЛП со мобилен, пиши
Мислам дека нема вакво искуство до сега на темава ако има се извинувам. Мојата мака е што пред окулу 7-8 год правев две операции на забиве бидејќи имав цицсти и многу ме болеа а имаше шанси и да ми паднат забите е сега после толку време забележав црвенило на забите и отидов да се снимам и пак имав гној но овој пат стигнав навреме бидејќи штотуку почнува да се формира. Е сега сакам да прашам од што може да биде бидејќи некој ми вели е од недоволно калциум,некој дека сум била падната како дете а некој дека е од протези бидејќи носам мобилна протеза. Сега во понеделник имам пак закажано за операција и иако го имам поминато тоа пак ме фаќа страв
Ова обично се случува поради инфекција на забната пулпа која се шири преку врвот на коренот во коската. Најверојатно е од тоа.
Конзервативно или оперативно. Конзервативно со класичен ендодонтски третман со кој се лекува коренот на забот, а оперативно со апикотомија. Кај тебе е решението оперативно поради претходно постоење на цистите.
Здраво женски, Повторно јас проблем со афтите...Дали можеби некој знае од што се појавуваат овие мали досадни чуда? Досега не сум имала проблем со нив , ама ете за неполни 3 месеци трет пат ми се јавуваат , дури веќе ги навикнав ...Забарот ми препорача да го исчистам забниот камен да ги одржувам со Лацалут актив , ете направив како што ми кажа се , два пати ги четкам со лакалут, ги плакнам и со течност од лакалут против бактерии и пак се јавија досадиве.Кај мене се јавуваат на двете страни на јазикот и ужасни се! Само една пломба имам за 30 години, сите заби ми се здрави, ама ова ме уби,помагајте? Дали се работи за пад на имунитет , да земам некои витамини? Или пак можда од умњакот се спушта инфекцијата, два пати по ред и со него мака видов загнојуваше жлебината и ми го дренираше , не може да никне , него ке го вадам во септември да помине летото , да не летаат крвишта сега по овие жештини! Фала ви однапред, пишете некој совет , Кисс,
Афтите се појавуваат од нечиста, неизмиена храна, од пад на имунитетот и од стрес. Ова се најчестите причини, со тоа што стресот доаѓа на прво место. Земи Стоматидин раствор од аптека, плакни ја устата, би требало за брзо време да заздрават.
Јас имам еден проблем, не е баш со забите, туку со непцата, или јас така мислам. Значи веќе 2 дена имам многу јаки болки на долната вилица, кај предните заби, првите 4. Јас мислам дека ме болат непцата, затоа што кога ке се допрам на брадата, осекам болки, а и доста често плукам крв. Не знам од што би можело да биде, редовно ги мијам забите. Некоја превентива има ли, да ја ублажам болкава?
Земи прополис и стави на тампон за уши и директ на афтата многу пече ама проаѓаат брзо,од кога носев фиксна протеза ми искачаат секоја недела почнав да го користам и не е лошо
Дали има промени на непцето, или само на притисок те болат? Ако има промени во вид на ранички, афти и слично, може од тоа да те боли. Ако нема, може да се работи за процес на некој од долните заби, евентуално џебови меѓу забите, иако не мора да значи, може и си се удрила, па од тоа да те боли. Ако не помине за некој ден или ако почнеш да отекуваш, оди на стоматолог, или ќе ти ги исчисти џебовите или ќе ги средува забите.
Не, не е само на притисок, цело време осеќам болка. Промени не можам многу да забележам, само приметувам дека непцето е целото воспалено, многу е црвено. За удар, мислам дека не е од тоа, не ми текнува да сум се удрила. Во последно време се повеќе плукам крв, поготово кога мијам заби, мислам дека не плукам вода, туку се е црвено - крв. Има ли нешто, некој лек да го земам на своја рака? Не знам, некој чај? Било што? Благодарам на одговорот
Штом ти е црвено и воспалено непцето, имаш гингивитис - земи Гингивал Ц или Генгигел, плакни со чај од жалфија и 3% хидроген и лижи витамин Ц, би требало да помогне. Четкај ги убаво забите, и штом се смири малку, правец на лекар, џепчињата да ти ги исчисти
Дечки ..веке цела недела ужасно ме боли јазикот , ме пече , целиот ми е рани .. не можам да јадам ништо ,рабовите на јазикот ми е подуени ,непцата ми се подуени , и на крајта на катниците непцата ми се откорнати , тоа некоја инфекција ли е , бактерија ли е , што може да биде , дали на некој му се случило ?? имам и некој бели линииииии
Можно е да ти е некаква бактериска инфекција или пак кандидијаза, ама за да се утврди тоа точно, мораш да одиш на стоматолог за брисеви, за да се види што е, и врз основа на тоа, да ти одредат терапија.
Од што може да се јави еден вид на пукнатина на јазикот? Како рецка напречна , многу видлива ако го испружиш.
Девојки јас си имам проблем деновиве, а мојот стоматолог е на одмор, па си реков тука ќе се обратам. Десната долна осмица ми е пола излезена, а другата половина е под непце. Е сега, таа половина што е под непцето ужасно многу ме боли! Не само при допир, не само при мрдање на устата, при јадење и слично, туку постојано ме боли. Пред некој ден имав толку големи болки што морав да ставам аналгин. Го држев апчето на болното место додека да не се растопи. Татко ми ми рече да проверам да не имам храна под непцето. Убаво го исчеткав, претрпев ненормални болки, ама јас не успеав ни со четката да допрам под него, така што не верувам дека ми влегло храна. Вака непцето во споредба со другите ми делува како отечено Некој совет?
Од што може да биде предизвикано црвенило на непцето на долната вилица? Постојано ми е црвено,она крв црвена боја. Не чувствувам ни болка, ни чешање. Забите ми се здрави. Едната осмица на долната вилица ми расте,не е појавена,ама од снимките се гледа дека има лоша насока и ќе треба да се вади хируршки.