Мислам дека за мобилните протези и не се препорачува друг вид на чистење освем со четка и паста.И не треба да стојат во вода. Има и посебни таблети за чистење на вилици на пример,не знам дали можат да се користат за протези.
Јазикот нормално има бразди кои се видливи при негово испружување, кај некои луѓе се поизразени, кај други помалку, па ако немаш други симптоми, не е ништо страшно и опасно. Имаш џеб под тој дел од непцето и е воспален поради задршката на храна под него. Ако не можеш да четкаш не значи дека не може храната да влезе, освен тоа, кога се распаѓа, под дејство на бактериите се создаваат штетни продукти кои предизвикуваат воспаление и гноење. Земи шприц со игла, полн со 3% хидроген и оди под непцето и испери го, после исплакни ја устата со физиолошки раствор или обична вода. Повтори го тоа неколку пати дневно, би требало за брзо време да се смири. А за да го избегнеш ова во иднина, ако е забот целосно излезен од коската, може да се сецне тој дел од непцето што го покрива (да се направи циркумцизија) и џебот ќе се повлече. Тоа е најверојатно гинигивитис - нормална боја на непцето е розова, а не црвена. Може да земеш гингивал Ц гел и да мачкаш, па би требало да се повлече. И витамин Ц исто, може да го лижеш, помага во смирување на воспалението. Исто и течности за уста на база на хлорхексидин, кои делуваат дезинфекциски. Само со паста и четка, кога ги миеш забите, миј го апаратчето. Во вода не го чувај, оти се менува материјалот и самиот апарат. Други средства не се потребни, ниту пожелни.
Аннатх, опасен ли е гингивитот? Може ли подоцна да предизвика оштетување на забите? Како да го спречам тоа? По кои симптоми ќе препознаам дека напреднува?
Ај да ве прашам нешто. Забот доле 6-ката ми бил во крајна фаза пред вадење . Кога ми е затворен со лек ме боли ненормално многу, и мораа да ми го извадат лекот, па сега сум само со памукче. Е сега, кога ми е со памукчето не ме боли без да го допрам, али кога ќе го допрам пример со јадење или со забите, многу ме боли. Утре ќе одам да ми го снимаат, али сепак се нервирам кога ќе помислам дека ако не се деси чудо некое ќе треба да ми го вадат, и сакам да прашам дали во случај ако ми го извадат ќе може да ми стават друг без некои дополнителни компликации (пример соседните заби да не го прифатат)? Забаркава моја баш ме исплаши
Гингивитот е обично почетна фаза на пародонтопатија, народски познато како парадентоза, а се јавува кај голем дел од популацијата. Гингивитисот не ги оштетува забите во смисла да предизвика кариес или на било кој друг начин, ама ако пародонтопатијата напредува, може да дојде до поголемо воспаление и формирање на џебови кои ако не се следат и средуваат редовно може да доведат до слабеење на потпорниот апарат на забите односно нивно постепено расклатување. Сепак, добрата орална хигиена, редовната контрола кај стоматолог и навремена санација на секој проблем овозможува да се спречи напредувањето на пародонтопатијата. Имаш гноен процес на коренот на забот кој очигледно доста напреднал, според болките кои ги опишуваш. Ако се нафати стоматологот на лечење, супер, ама ќе трае долго и нема гаранција дека ќе успее. Па најверојатно ќе се оди на крајна варијанта - вадење. Може да се стави нов заб, дали во склоп на мост, при што ќе се стружат соседните заби, дали заб на колче со навлака (ако е добар коренот - во што се сомневам) или пак имплант - зависно од ситуацијата и финансиите се бара решение. Соседните заби не играат улога во прифаќање на новиот заб, повеќе би рекла дека е до организмот, посебно ако се работи за имплант, макар што во последно време и тоа е скоро исклучено. Ама во принцип, нема проблеми за пополнување на празниот простор, само треба да се одбере најдоброто решение.
Пред два-три месеци, ме болеше горната 6ка после јадење, али ќе ме болеше 2-3 минути и толку беше. Ме болеше некое време и после престана, сега веќе повеќе од месец не ме боли. Тогаш не отидов на стоматолог оти бев пред колоквиумска недела и не беше ништо страшно, мислам не ме болеше, освен после јадење. Кога си се вратив дома, престана и си реков, океј. Сега бев кај мојов матичен стоматолог, да види што било, али на годишен е. Страв ми е да не отидам на одмор, па таму да почне да ме боли или отече, затоа да отидам кај друг стоматолог? И дали е можно тоа уствари ако веќе имам матичен?
Пред два-три месеци, ме болеше незнам кој ме болеше ама.. после јадење, али ќе ме болеше 2-3 минути и толку беше. Ме болеше некое време и после престанаа, сега веќе повеќе од месец не ме боли. Тогаш не отидов на стоматолог оти бев пред колоквиумска недела и не беше ништо страшно, мислам не ме болеше, освен после јадење. Кога си се вратив дома, престана и си реков, океј си е.
Пред некое време забарката ми стави лек на 4 и 6,ама ми паднаа лековите и некое време така ми стоеја празни.Е сега цела сум отечена и пола око ми е затворено.Што да правам?? Не забар мислам дека неможам да отидам (го чекам татко ми да дојде,бидејки ми е далеко).А ако одам антибиотик би ми препишале или??
Може да отидеш кај друг, ама приватно, не може со плави картони како кај матичниот. Антибиотик, чистење на корените, лекување на инфекцијата, и најверојатно вадење на забите, штом веќе дошло до толкав оток.
Имам проблем со еден заб-петка.Сите ми се добри,некои сум ги направила,ама воглавно ми се добри,ама петкава треба да се сними и може да ми ја вадат и празен ми е забот,немам ни лек ни пломба,ама мн ме боли.Што да правам? Пијам едни капсули што ми ги препишаа,ама не помагаат.Инаку забарката на овој заб 2 пати ми стави пломба ама ништо.
и мене три дена ме болеше 5-ка или 6-ка ??? мене тоа ми беше изгледа дека носам мобилна протеза . инче најубаво би било да ти го извадат ќе ти стават анестезија и ништо нема да осетиш и ќе ти го извадат без мака поубаво така отколку да се мачиш со него.а тоа што те боли мајка ти нека ти даде некое апче
Воспалено ми е непцето и ме болат забите кога јадам. Ако знае некој некоја маст или некој гел за непцава нека пише.
Пробај прво со домашни препарати, на пример прави промивки и гаргара со чај од жалфија, можеш и да ги премачкаш непцата со раствор од прополис... Се надевам дека малку ќе ти се смири воспалението. А доколку вака нема ефекти најчесто се препорачува Гингивал гел (кој не е многу скап), се нанесува со средно мека четкичка на непцата или пак Генгигел (чини околу 600-800 денари) и го има како гелче, спреј или раствор... Поздрав, се надевам дека ќе ти користат некои од препоракиве
Annath се надевам дека ке можеш и мене да ми помогнеш со совет. Кај мене конкретно ми се јавува проблем со некоја чуствителност и пецкање на забите кога јадам нешто кисело, на пр. јаболка, праска, лимон. Абе мислам у нерв ме удира! Едно време стоматологот ми даде флуор да мачкам, имаше подобрување ама после тоа пусто мачкање на флуор, како да ми се изрони мало парченце од забот(станува збор за кецот), па нит ми кажа што прави, нит ништо, само го иструга, исполира и стави одозгора навлака, и сега видна разлика во бојата има Дали сега ако ја обновувам таа навлака, глеѓта се повеќе и повеќе ке ми се уништува? и кој е твојот совет во врска со ова и со пецкањето од киселата храна. Фала ти многу однапред за одговорот!
5ката ми беше претходно пломбирана но почна ненормално да ме боли , па мораше заболекарот да ми го отвори забот. Скоро два месеци ми става некаков дрен ми ги полни каналите највероватно има гној внатре. Дали може да биде нешто штетно ако подолго време ми става таков дрен? Ми рече дека ќе ми ставал се додека не престанел забот да ме боли и после ќе ми ставел некакво меко полнење да одам така еден месец и после пломба. Неможе ли некако да се извади живецот и после да си немам проблеми со забот да си терам раат ?
Деновиве имам проблеми со грлото и лижев трахизан оние апченца за грло како стрепсилс ама појаки, денес забележав две бели траги на јазикот. Не се тргаат со четкање. Дали се остатоци од апчето или е некоја бактерија? Знам дека бактериите во устата се забележливи како бели траги на јазикот.
Побарај во аптеки tooth mousse - паста за мачкање на забите (претежно се користи кај млечни заби, ама добра е и за трајни) и мачкај ја после миење на забите секогаш кога можеш. Ако не ја најдеш, тогаш земи паста за миење заби на која пишува дека е конкретно за осетливи заби (твоите се такви, реагираат на киселината од овошјата). Sensodyne е моја препорака, од лично искуство, бидејќи ист проблем имам и јас. Инаку, глеѓта не би требало да ти се уништува со менување на навлаката, ако се работи за класична навлака на заб. Нема потреба уште да го стружат забот, само да се обработи и исчисти и да се направи нова навлака. И ќе му кажеш да ти ја направи според бојата на забите твои, а не побела од нив Живецот ти е веќе изваден, процесот се проширил и надвор од каналите во коската, па стоматологот ти го лекува. А тој процес во принцип трае подолго време, често со месеци. Трајно решение можеби е апикотомија со полнење на забот и негово пломбирање. Ама не знам каква ти е ситуацијата, па не можам да ти кажам што е најдобро да правиш. Може да ти е иритација од ориблетите, не е исклучено. А за бактериите, па не мора да значи дека се забележуваат како бели траги на јазикот, тоа може да биде кандидијаза. Бактериските инфекции обично се проследени со воспаление, црвенило и болка во најголем број случаи. Ако не помине после некое време, оди да ти земат брис, или па земи капки Нистатин, мачкај ги белите траги и ќе видиш дали има ефект.
Ајде овде ќе прашам. Значи вака вујна ми е трудна 7 месеци,и сега многу почнаа да е болат забите. Стоматолог неможел да е чепка бидејќи е трудна. А пошто има неиздржлива болка што би можела да пие за да не е болат толку?
Имам лош здив редовно ги четкам забите и џвакам мастики и ментол бонбони ништо не помага кажете ми што да направам да го променам здивот ??
Имаш во аптека освежителен спреј за здивот,купи си таков.Незнам колку помага. A можеш да имаш некој расипан(скапан) заб,што ти прави такви проблеми.Ако имаш таков вади го веднаш!