Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Треба да вадам шеска(корен)сеа во среда многу ми е страв,викаат дека со инкција не болело ама пак многу ми е страввв!! :(
     
  2. Refused

    Refused Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    32
    Annath мојот проблем е:имам чувство кај два заба од десната стр на вилицата како да ми трнат на допир со јазикот, уствари како да ми пуцкаат :worried: имам и до двата по еден покварен заб (закажано ми е правење) па сакам да те прашам дали е до тоа или од гингивитис? И дали би ми ја препорачала онаа паста Парадонтакс мислам дека се вика, зашто лакалут актив веќе некако не ми реагира
     
  3. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Мојот проблем е тоа што забиве мн ми фаќаат забен камен :devil:
    Пред нецели 2 месеци бев да ми ги исчисти и еве сега пак имам. Инаку претходно сум немала проблем со забен камен, а овој период многу се прошири, највеќе на предните долни заби.
    Редовно одржувам хигиена, ги четкам..
    Совет
     
  4. macii22

    macii22 Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    savana znaci zaben kamen najvise se stvara pozadi dolnite predni zabi i na nadvoresnata strana na gornite 6ki, zatoa sto tokmu na tie mesta ima izvodni kanali na plunkovi zlezdi koi pridonesuvaat za stvaranje na kamen, ne e nisto strasno , samo redovno cistenjne na kamenot , da ne se predizvika vospalenie na nepcata, ova ti go kazuvam profesionalno ;)

    voopsto ne boli , ne se sekiraj :)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.555
    Допаѓања:
    201.688
    Пол:
    Женски
    Кога ќе бидат поправени забите, ќе се среди и состојбата со трнењето, а ако се сомневаш на гингивитис (крварење од непцата при четкање и црвено, потечено и болно непце), може да ја смениш пастата, слободно, ама земи и забен конец. Освен тоа, може да ја плакнеш устата со 3% хидроген, или пак со чај од жалфија, или па еве со течности за уста на база на хлорхексидин - сите делуваат како дезинфициенси. Два пати годишно оди на чистење забен камен, за чистење забни наслаги може и почесто, внесувај повеќе витамин Ц.

    Забниот камен настанува најчесто зад предните долни заби и на горните први катници (молари) поради изводните канали на плунковните жлезди кои се наоѓаат на тие места. Меѓутоа, колку и каде ќе се создава повеќе, зависи од многу фактори - од храната, оралната флора, составот на плунката, па може и водата за пиење да делува на тоа. Забниот камен се фактички калцифицирани забни наслаги, кои од првобитни меки и лесно отстранливи со четкање или стручно чистење, стануваат тврди со таложење на соли и минерали од плунката и храната.
    Ако имало некои промени во твојата исхрана, начинот на живот, водата за пиење - сето тоа може понекогаш да влијае на промена на интензитетот на создавање на забниот камен. Доволно е да се чисти со ултразвук двапати годишно, ама ако поинтензивно се создава, тогаш може да се превенира донекаде со правилно четкање на забите, и редовно чистење на меките наслаги кај стоматолог.
    Инаку, многу луѓе го имаат овој проблем, а најважно е да се држи под контрола.
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Пред некој ден додека ги миев забите приметив дека почна многу крв да ми тече, си реков дека изгледа сум си направила раничка (ми се случувало и порано) и ми тече крв и не обрнав многу внимание. Вчера почнав да чувствувам болка во долниот десен дел каде што треба да ми порасне осмица и прееска кога се гледав на огледало приметив дека почнала да избива осмицата, ама до седмицата (од каде што всушност ми течеше крв) имам како гној или не знам што е тоа, како подуено ми е местото и внатре има како бела течност. По грешка малку го стиснав и потече од таа белата течност, мајка ми кога ме виде ми рече не е ништо, најверојатно храна се собрала и ако ме боли утре да одам на забар. Мене ми е страв да одам, па сакав да прашам од што би можело да биде тоа и што да му правам. Плус страв ми е да не ми речат да ми го сечат месото над осмицава што треба да ми израсне бидејќи пред некои три-четири месеци ми растеше осмица доле лево и пошто не избиваше, а имав големи болки ми го сечеа месото над забот и ми рекоа да направам панорама на забите да видиме како ќе израсне забот за ако израсне на криво да ми го вадат да не ми ги расипе и другите заби, среќа добро си порасна, ама уште ме држи стравот дека и истите болки ќе треба и за овој заб да ги трпам. :(
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.555
    Допаѓања:
    201.688
    Пол:
    Женски
    Ти се формирал џеб нада осмицата која никнува, па се собира храна - гнојот е резултат на распаѓањето на храната под дејство на бактериите што предизвикува воспаление. Земи шприц со игла (малечка може) и 3% хидроген и внимателно со иглата оди под местото и испери го убаво неколку пати, па исплакни со обична вода. Тоа би требало да го дезинфицира местото и да ги исфрли остатоците од храна, па и гнојот. Неколку пати во денот може да го направиш тоа, па би требало да се исчисти за ден-два и да помине. Ако пак се повтори, најверојатно ќе мора да ти го сечат непцето, ако не може убаво да пробие забот. Поарно еднаш да истрпиш болка отколку често да ти се повторува.
     
  8. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    1.045
    ве молаааам кажете ми некој лек нешто што стварно делуваа на забов.. многу ме боли за правење ми е али пусти страв неможам да го праам.. многу ме боли забот, пробав со апчиња, капки ставав, ми кажаа да пробам со дим од цигара, пробав али не ми помага ништо.. ве молам ако знаете нешто кажете само за вечерва да ми поминат болките, да можам да спијам па утре ќе го правам <3
     
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јао људи конечно почна да ми расне и 4 умник, ама боли бре, ептен.
    Горните два ми израснаа уште пред 6-7 години, десниот доле одамна беше никнат и исто ме болеше, ама кога ја извадив десната 7, ми порасна а не го и осетив, зошто според моја логика имал простор и без проблем си раснеше, горните исто ептен малце ги осетив, имав размак меѓу кецовите ама кога ми пораснаа 8 ми се споија.
    Ама сега имам стварно проблем, забите на долната вилица ми се збиени, а поготово што од левата страна сите ми се на број, а сега ми никнува и левава 8 и цела долна лева страна од вилицата ме боли. Се лигавам цело време, ко мало бебе сум кога вади забчиња па се лигави, само што јас не носам лигавки а и срамота е да се лигавам по себе па си голтам, а немаше да биде толку трагично да немав болки и потешкотии при голтање.
    За јадење да не праиме муабет вчера вечерав торта со бисквити, пошто само таа беше така мекана да не морам да џвакам, зошто и кога џвакам молњи гледам од болка.
    Дај кажете некој совет, начин колку толку да ја сузбијам болкава, за можам нормално да функционирам.

    Страв ме фаќа дури да не случајно ми се искриват забиве, ова 8 да не ги избутка :( .
     
  10. ekonomskifakultet

    ekonomskifakultet Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    заби

    феменистки имам еден проблем.денеска извадив заб и помина добро.но за 3дена тргам на одмор и сакам да знам дали некоја од вас знае за колку време ке ми зарасне непцето.посто сега е малце кркаво и лошо мириса дали некој знае кога ке можам да јадам на таа страна?
     
  11. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    511
    заби

    Јас сега скоро вадев умник и непцето ми зарасна за недела-недела и пол.
    И мислам дека можеш да јадиш на таа страна, само после јадење ќе си правиш промивка со чај од камилица или жалфија.
     
  12. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Имам огромен проблем последните неколку месеци ми излегува афта на едно исто место таму каде што треба да израсне 8 забот па од страна каде се спојува образот со жлебината,многу ме боли цело време ја фаќам со забите и неможам да зборам нормално.Ставам прополис и секогаш ми пројде но сега ми се надува и неможам да ги спојам забите.Дали е можно да ми расне 8 или од што друго може да е?Што да правам?
     
  13. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    А сигурна ли си дека е афта? Може е гнојно ќесе, оди нека ти го ѕирнат. Може ќе треба малце да ти го засечат непцето да ти никне забот полесно
     
  14. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Хмм..не сум размислила за тоа.Кога го гледам е бело огромно и ме боли вилицата кога ке се пипнам под образите и подувана ми е страната..божеее страв ми е од тоа многу ме боли вака.Благодарам :*
     
  15. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Епа тоа е. Обавезно отиди уште утре на стоматолог, може и да ти дадат некои антибиотици ако е ептен воспалено, ама никако не го оставај така! Нема зошто да ти е страв, ако отидеш болката ќе прекине, а вака само ќе се мачиш.
     
  16. macii22

    macii22 Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    заби

    samo prviot den ne smees da jadis na taa strana , od vtoriot den slobodno ke si jadis i na taa strana treba polesna tecna i ladna hrana . ako imas nekoja slaba bolka moze da pies ventor ili kafetin ili analgin
     
  17. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Можеби е глупо прашањето ама ме интересира :!:
    Можно ли е на 23 год. умник да ми никнува :?: :?: и тоа првиот :sweat: :sweat:
     
  18. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Сабајле сум станала уште во 6 образот ке ми пукнеше од што ми се подувало ова чудо во уста,и чекав до 9 така подувана во образи и во очи од плачење како оси да ме испоапале.Отидов и ми прсна со спреј да почне да ми трне и кога почна да вади храна погадно не сум видела во животот многу ме болеше кога станав од столчето и ми се слоша и си ќутам и тој ми збори а јас не го гледам и после кога се разбудив лежев на столчето а тој ме прска со тоа што се прска во уста таа вода.И сето тоа ми е затоа што ми расне 8, а можеби е неправило наместена.БАШ СУМ СРЕЌНА АКО МИ РАСТАТ СИТЕ 4 ВАКА :( :( :D Можно е да ти раснат покасно сестра ми има 21 година сеуште ги нема,а јас 17 и еве си кажав мака :)
     
  19. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    SomeWhere како си ме утешила :sweat: :sweat: :sweat:
     
    На SomeWhere му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Annath-Е вака,маки цел живот си тргам со мојве заби,од глупи поглупи,не е да речеш парадентопатија,туку некоја си пречуствителност на забиве,значи кај кој стоматолог и да појдам ми ги прегледува забите значи од сите страни буквално,и немам и немам расипан заб,прво не и верував на матичната појдов кај друг и трет но сите велат немам расипани заби, :( а ме болат ужасно забите,ладно,благо,топло па млаку поладно,кога ќе ги четкам и потоа ќе исплакнам со вода и тоа не многу ладна ме болат,малку ладно овошје ме боли ајде тоа од ладно ама пусто и од топло ме боли(не многу топло,умерено)па и од благо и бисквити,боли и боли брее!Матичната ми рече пречуствителност,користам веќе подолго време лакалут актив,користев и сензитив на природна база и сензитив стандардната,потоа зедов и флуор(таа сината)и на крај се обидувам веќе подолго време со актив,користев и плакс од лакалут сензитив,а сега колгејт за избелувајне,и болат болат и болат а расипан заб нема...не непца,забите ме болат.. ;( Ужассссс!!!Помагај ако знаеш што е ..Благодарам однапред. :hai: