Може и покасно, може и да не никнат! Мене долните почнаа да ми растат на 18, а од горните тек сега едниот почна полека.
дефинитивно не ти е од забите само имаш такво чувство..и јас си имам проблеми со забите и знам како оди..појди на забар и нека ти ги исчисти непцата користи лакалут и понатаму.можеш да обидеш и со сензодин паста...не еднаш неколку пати ми се има десено да неможам да ги допрам забите .болат мислам сите ќе ми паднат. откога почнав редовно да ги чистам непцата се е во ред....пробај провери кај заболекар пак...
Не,не непцата туку забите,ги мијам редовно но секогаш и крв дури ми течи,сега не е многу,но течи,а благодарам,ќе пробам со сензодин,актив ли се вика пастата или..?
Имаш осетливи заби, тоа е. Престани да користиш пасти за избелување, затоа што со такви пасти дополнително ги ослабуваш, односно ги правиш поосетливи. Ако можеш да најдеш во аптека крем tooth mousse, со неа мачкај ги забите. Исто така, после миење на заби не плакни ја пастата некое време, нека делува флуорот. Моја препорака за паста ти е Sensodyne за осетливи заби.
Вчера бев на стоматолог, па ми ставаше лек и сега по една недела треба да отидам пак. Не ме болеше забот ни вчера кога се вратив од таму, нити денеска, али непцето ми е ептен зголемено над забот, ко отечено некако. Нормално е тоа?
Moonlightgirl, нормална реакција е - ако почне повеќе да отекува и да боли, пак да одиш на стоматолог.
А како поточно сензоид-и која врста?Прашав иамше за избелувајне нешто со флуор или така нешто беше,а имаше и некоја друга а не ја разбрав мислев дека се до 150 ден па само толку зедов кога ми кажа дека е 230 не ја ни слушав,(не носев пари ахх јас секогаш така)мислам џабе ќе ми беше, сега излегувам ќе побарам ако може да ми кажеш која врста поточно..?Благодарам однапред.
Sensodyne за осетливи заби. Еве ти слика Овие се сите за осетливи заби, ти земи ја таа со флуор, средната на сликава. И да, малку се поскапи, ама па вреди. Барем кај мене вреди - јас не можев ништо, особено овошје да јадам еден период, а сега, да не се подречам, гајле немам
Да си прашам и јас. Пред две недели пробаа да ми извадат заб. Се работи за 5 ката и ми беше навнатре, не се ни познава дека ја нема,ми го искршија забот , одамна ми препорачаа да го вадам ама мене не ми сметаше на јазикот а и изгледаше дека е здрав. Мегутоа некни почна малку да ме боли. Отидов и доктрорката ми кажа дека е загноен затоа ме боли. Проба да ми го вади ми стави 3 анестезии абе луѓе умрев од болка . Поради тоа што беше неиздржливо ми даде капсули клиндамицин да ги испијам па да идам по некој ден. Останаа корените од него. Е не спомнав дека имам крив корен на тој заб и тешко е за вадење и докторката се изнамачи ама јас не можев повеке од болка да издржам. Помина недела и некој ден од кога требаше да идам мене ми е страв. Си набив ненормално страв дека пак ке ме боли. Е сега сакам да прашам може ли некоја комликација да ми се створи на забите до него ако не го извадам коренот, леле ми се лоши на самата помисла дека треба да одам пак. Никогаш немав страв од забар а и прв пат вадам заб , ви благодарам И сега забележав имам две како топцченца околу коренот, црвени ептен а чат пат и крв ми потече леле ќе полудам е дури сега ми фуфна
Мораш да го извадиш остатокот, колку и да се плашиш. Ако не го извадиш, постојано ќе ти отекува и ќе ти прави проблеми. Коренот може не е крив, можеби се работи за состојба наречена хиперцементоза, кога забот е буквално цементиран за коската и многу тешко се вади. Тоа често се случува со 4 и 5, особено во долната вилица. Мој совет ти е откако ќе го испиеш антибиотикот, да одиш на клиниката за орална хирургија во Скопје (ако си од Скопје), а ако не, барај специјалист по орална хирургија во твојот град. Тој би требало да го среди без проблем
Добро луѓе можно ли е од што ме боли заб да ме боли и глава, скоро спомнав дека ми никнува умник, еве два дена главата ме боли ненормално, и десната страна ми е отечена
Може, многу често главоболките можат да бидат предизвикани од никнењето на умниците. Напиј се нешто против болка, што ти помага најмногу (аналгин, кафетин, бруфен...)
Со сестрами и двата заби ни беа за пломбирање. У иста ден ни ги плобираа и по еден месец внатре не болат забите. Некогаш стварно многу боле. Сега имам уште еден заб за правење, ама се чудам да ли да одам таму кај истата заболекарка, за да не ми се случи и истото со другиот заб.
Умњаците долго време не можат да ми изникнат туку само ми расне месо на местото на умњаците кое ужасно ме боли.Кога одам на забна заболекарката ми ги гори месата(а тоа ме ужасно боли) и секогаш ми вели дека сега нема шанси да ми пораснат но по 2-3дена пак ми израснува месо и сега ми вели да одам на орална хирургија во Скопје и таму да ми ги извадат умњаците и ме интересира колку ке ме чини тоа и како ќе биде.Некоја од вас дали го имала овој проблем?
И мене ми расти умник,односно месо расти,а не умник како што велиш на левата страна и ми крвари.Отидов на заболекар и тој ми кажа да го плакнам местото со чај од жалфија и кантарионово масло.Жалфијата не помогна многу,но има доста ефект од кантарионот.После миење на забите нанеси со тампон за уши и не го плакни потоа местото. Малку има неубав вкус,односно миризба,но не е толку лоша
Едно прашање, на брат ми му кажале за еден заб дека е мртов, променета му е бојата и има уште една коронка останато од забот. Му кажале да му стават штравче во жлебината или така нешто немам поима од стоматологија , е сега да прашам дали може да се пломбира таков заб или само таа опција може, со штравче и навлака на забот , ви благодарам