Според ова што го кажуваш, најверојатно ќе се искористи коренот на забот, ако е здрав и ќе стават метално колче на кое ќе може да се стави навлака и брат ти пак ќе си има заб на тоа место. Очигледно нема спас за надворешниот видлив дел од забот, колку и да се пломбира, ќе се крши пломбата и ќе паѓа, нема на што да се држи пломбата. Добра опција е ова со колчето, зошто да не?
Каков проблем може да направи вака израснат умник? (како на сликата) И која е причината кога при поголемо отварање вилицата крцка (како да има некој жлеб) и понекогаш при силно прозевање заглавува?
Ми излегува десниот умник горе и кога ќе почне да боли до лудило ме кара. Имам слушнето дека кога и да е умникот морал да се изваде па ме занима ако е така дали може уште сега да го извадам кога не е излезен цел?
Обично вака поставен умник не прави некои поголеми проблеми, барем колку што можам да видам од сликава, евентуално да пречи на образот при џвакање (да се потфаќа малку меѓу забите, ако ме сфаќаш што мислам). А што се однесува до крцкањето и изместувањето на вилицата при поголемо отворање на устата, тоа е до зглобот, и тој си има свои граници до кои може да се движи, а се различни од човек до човек Не значи дека умникот задолжително мора да се вади - се вади само ако предизвикува проблеми со џвакањето, туркање на забите и нивните корени, честа појава на инфицирани џебови и слично. А инаку, може да се вади и кога не е цел излезен, и тоа кај специјалист орален хирург.
Здрави еве и јас во оваа тема имам едно прашање. Сега јадев дома и осеќам нешто ме боли , кај горната вилица последниот заб најнакрај , пипнав со прст и гледам дека имам нешто подуено тврдо , неможам да се видам на огледало зашто е многу на крај.. што ли може да е тоа. А и порано ме болело ама не ми текнало да се фатам со прстот.. да напоменам дека не е над забот туку има празно место..да не треба некој заб да излезе овде?
eve me i mene na ovaa Dосега имам пломбирано еден заб и еден извадено .Nе сум имала некои поголеми проблеми со забите освен што поцесто ми се создава камен.Uтре се спремам да одам за цистенје на каменот но и за поправка на еден заб долна вилица последниот катник.Nа него имав лек од пред пола година требаше да појдам за пломба ама не појодв.Sега лекот ми е паднат.Zнам крива сум самата што од страв не си појдов на време.Dенес се изнаслусав триста приказна за ваденје за операции на заб и искрено се потресов многу.Iма ли навистина шанси за ваденје?Nемам некоја болка(освен благо кога јадам на него) не е црн од надвор непцето не е црвено ни отецено
Може умник треба да ти расте? Најверојатно е тоа. Не мора да значи дека ќе се вади забот, ќе види стоматологот и ќе ти каже. Преглед и снимка, и ќе се види што понатаму
Aбе луге ај помош...не вртев назад да видам некој со тој проблем па ај јас да напишам. Веке недела дена имам афти на забот,то ест на катникот и не можам да јадам убаво,ме боли.Одвратно е. Читав што помага да се излечи тоа ама... демек помагало некои масти,жалфии шо ти знам... Ајде некое чаре?
Како мислиш, афти на забот? Да не ти се на непцето до забот, да не ти е нешто разрането местото? Ќе намалиш со зачинета храна, ќе јадеш поладно и течно, плакни ја устата со чај од жалфија или 3% хидроген за дезинфекција. Можеш да пробаш со ориблетите Лизобакт, може да се смири местото за брзо време. Ацикловир, Херпесан и слични, ама ако не ти е испукан херпесот, поефикасни се во фаза на излегување на истиот. Кога ќе распука, немаат ефект.
Ми ставија лек на забот Spoiler таков за да зарасне местото да не мора да ми го вадат живецот и требаше да го носам месец дена и да се вратам да ми го пломбираат. Јас веќе каснам недела дена а и наредните неколку нема да можам да отидам. Ок ли е ?
Имам бела дамка на еден од предните заби.Не е голема дамката,но се забележува и ме нервира.Не ме боли ич и никогаш не ме ни болело.Редовно мијам заби.Сменив веќе 2-3 пасти и прееееемногу малце,дури и не се приметува дека ми се намали.Ваши совети?
Имам на еден заб, поточно на едната горна двојка, уште од мала имам како рапава вдлабнатина на предната површина на забот. Како да ми се рони забот и како да се тенчи површината. Некаде скоро до врвот на забот е. Кога бев помала ми дадоа некој гел се мачкав одредено време и си остана исто, но сега ми се чини ко малце да почнало пак да се проширува. Пробав да најдам на интернет ама не успевам, не знам како точно да го опишам „процесов“. Па ако имал некој слично искуство го молам да сподели. И дали е решение да ставам навлака со цел да спречам кршење на забот на тоа место, ако да колку чинат навлаки? Инаку на ниеден друг заб го немам овој проблем...
Таков ти е забот, се работи најверојатно за промени во бојата на глеѓта кои што настанале уште додека се формирал забот, и ти не можеш многу да направиш во врска со тоа. Единствено, ако до толку ти пречи, да го истружиш и да ставиш навлака, евентуално само Estetix фасетка од композит. Забот ти се рони? Инаку, ронењето на забите е нормално во текот на животот, иако тоа не е видливо, сепак е постојан процес. Како и да е, ако е многу изразено, гледај само да го заштитиш местото од расипување, а ако забот ти стане осетлив, тогаш најверојатно или ќе се пломбира, или ќе се прави навлака. Мислам дека може да ти помогне tooth mousse - како крем за заби е, со вкус на овошје на база на млечен калциум кој ги штити забите од расипување и помага во реминерализацијата. Распрашај се во аптеки дали го има, ако не, кај матичниот стоматолог прашај, тој би требало да го има, иако повеќе се користи кај мали деца.
Долната осмицата сеуште не ми е израсната и непцето над седмицата ми формирала како мало капаче и има празнина каде што најверојатно влагала храна...сега не ме боли ниту непцето ми е вцрвенето туку само непријатно мириса. како да се ослободам ? ми рекоа да правам масажи со прстот за да ми се повлече непцето ама како да ја остранам миризбата?
Пред некое време имав мал оперативен зафат во устата и во аптека покрај измивањето со жалфија и камилица ми препорачаа и една течност за испирање на устата. Во декларацијата прочитав дека уништува 99,9 % од бактериите во устата, дали по зафатот да продолжам повремено да го употребувам или би имал штетни последици? Во смисла на уништување и на добрите бактерии во мојата уста и би ги направил ли забите почуствителни? Ова го користам.