Што ќе направи тој? Ќе ја убеди дека и се супер... не знам дали може да и ги преправи бесплатно (како што е правилно), затоа што тоа ќе зависи од техничарот, ако се нафати. Ама бесплатно не верувам дека ќе биде, па така или пак ќе мора да плаќа, или стоматологот ќе плаќа од свој џеб. А штом не е задоволна од него, сигурно ќе сака да си најде нов, подобар стоматолог.
Fala Ana, ke zemam B komplex, se nadevam ke pomogne...bidejki veke glavobolkava e nepodnosliva. Inaku se slusnav so stomatologot, ke idam kaj nego na razgovor pa ke vi kazam ishod, jas ke baram da mi gi pravi od pocetok, normalno bez doplata, jas ne sum kriva sto ne si ja zavrsi dobro rabotata...
Ана,еден кус одговор за ова,дур да отидам деновиве кај мојот стоматолог...во последно време ми се појавуваат многу топчиња полни со некоја прозирна течност,на прв поглед изгледаат како стаклени бисери,тврди се,а кога ќе ги стиснам пукаат.Обично под јазикот и на образите,а на непцата послабо.Одржувам хигиена,три пати дневно мијам заби со лакалут,демек една од најстарите и најефикасните,ги плакнам со течност,користам еднаш дневно конец,ама не верувам дека е до хигиената,до што е и што е работата? И друго,премногу ми крварат непцата и ми се набабрени,вцрвенети,иако немам каменец,многу е непријатно.
Лилит, за крварењето на непцата, морам да ти кажам дека тоа ти е од болест која се јавува на непцата кај 80% од луѓето и се нарекува парадентопатија (парадентоза). Не се лекува, меѓутоа може да се спречи со редовно чистење на каменец и со посебна маст која би требало да ти ја препише стоматологот. Секое добро!
сакам да ставам мобилна протеза бидејќи ми е потребна мала коркеција на предните заби,па ако некој знае некој добар стоматолог на клиника или приватно нека ми каже
Лилит, имаш гингивитис - воспаление на непцата. Обично причината се забните наслаги, ама може понекогаш да се јави во склоп на вирусни или бактериски заболувања. Како што прочитав некаде, деновиве не ти е баш најдобро, па може да биде резултат на тоа - ако имаш труење со храна, често повраќаш, може и од тоа да биде, иако е ретко. За да се среди проблемот, можеш да ги мачкаш непцата со Генгигел или Гингивал Ц, освен тоа, можеш и да ја плакнеш устата со течност Hibidex, Hexoral, Hibitane - делуваат антибактериски. А за топчињата - се работи за отворите на малите плунковни жлезди лоцирани на образите и под јазикот, има и по некоја на непцето иако поретко. Штом се создаваат такви топчиња - има некоја пречка - можеби отворот на каналот е затнат поради задебелување на слузокожата на тие каналчиња. А можеби и плунката ти е погуста, веројатно труењето е причина, бидејќи целиот организам тогаш страда, особено поради повраќањето, се јавува дехидрација на организмот, па тогаш телесните течности се згуснуваат, ако не се внесуваат доволно течности. Се надевам дека барем малку помогнав.
Се извинувам во тој случај, јас мислев дека е парадентопатија, затоа што како што знам стоматологот овие симптоми како на Лилит ми ги посочи како рана фаза на болеста. Меѓутоа, сепак не морало да значи. Фала Annath и мене ми разјасни некои работи...
Зависи од каде си... треба да одиш на ортодонт со упат од матичен стоматолог. До 18 години со упат оваа протеза е бесплатна, фондот ги покрива трошоците. Секако, ако одиш кај ортодонт кој има потпишано договор со фондот. Но таквите се ретки. Приватно не знам колку чини кај ортодонтите во Скопје, овде во Охрид е околу 6000 ден.
Бокичка, убаво ти кажал стоматологот, гингивитисот е почетна фаза на пародонтопатија, тука нема грешка. Меѓутоа, не секогаш е знак дека се работи за пародонтопатија. Различно е од случај до случај. За жал, нема трајно ефикасен лек за пародонтопатијата, само треба редовна контрола и добра хигиена. Така се ублажуваат последиците од таа многу распространета, па ај да ја наречам, болест.
Фала Ана на одговорот. Иако проблемот со крварење на непцата ми е од многу малечка,па стално ми велеле дека е од слабокрвност,но проклето нервира.Баш на почетокот на летото бев на чистење на каменец и се што го пропратува.Веќе по ѓаволите па... Сега баш ќе си ги зарибам образите со рапавиот,заден дел на главата на четката,да ги затенчам. Баш се исплашив...почнаа да ми зборат дека се симптоми на сериозна болест...
Ронење на забите Zdravo,eve go i moeto problemce so zabite ,pocnuvaat da mi se ronat i mislam deka mi se namaluvaat ,stomatologot ne mi preporaca nisto pa ako ima nekoj nesto za mojot problem neka pise.
Ронење на забите За ова нема лек, едноставно такви ти се забите, имаш порозна глеѓ и затоа ти се ронат. Нормално е со текот на годините забите да се ронат, т.е да претрпуваат абразија, ама ако е силно изразена, тогаш има проблем со структурата на самиот заб. Тоа е генетски, наследно, и не се решава трајно. Да се ублажи веројатно може со редовно премачкување со флуор (тоа кај стоматолог, не на своја рака) - барем да се зацврсти малку структурата на глеѓта со локалното дејство на флуорот, избегнувај да гризеш тврда храна со предните заби (на нив повеќе се забележува ронењето бидејќи се послаби), потруди се да внесуваш повеќе калциум и минерали во организмот, барем колку толку да ти се зацврстат. Понекогаш во бременост може да се јави ронење на забите поради промените што го зафаќаат цел организам. Во секој случај, одржувај редовна хигиена и оди редовно на контроли кај стоматолог. Така и ситуацијата колку-толку се држи под контрола.
Неколку дена ми се воспалени непцата а имам порцелански навлаки веќе неколку години до сега ми се немаат воспалено бев на стоматолог ми дадоа гингивал ц ама еве три дена и нема некој ефект а наутро кога ќе станам мислам дека ми се највоспалени не ми тече крв.
Имаш гингивитис, како што сигурно и ти кажале, најголема е шансата да ти е од навлаките. Обично се јавува поради притисокот што го трпи гингивата (непцето) од туѓото тело во устата. Освен Гингивал Ц, може да ти помогне да пиеш Ц витамин, или пак да пробаш со Генгигел - тој е нешто поскап, ама мислам дека е поефикасен од Гингивалот (барем така повеќето се изјасниле). Провери си и крвна слика, да не случајно имаш анемија, па да има потреба да земаш препарати со железо некое време.
Annath,морам да ти кажам дека ми е задоволство кога ги читам твоите постови,толку е убаво објаснето,навистина доста научив од тука. Да преминам на тоа што ме мачи. Мајка ми во бременоста имала проблеми со забите, и` се појавила парадентоза.Пробувала да ги спаси со лекови ,но безуспешно,некои паднале ,а некои едвај се спасиле. Ме интересира дали парадентозата е наследна и дали има лек за неа. Во последно време премногу размислувам за тоа дека и кај мене ќе се појави.Нели ,во бременоста кај секоја жена се случуваат промени.Но,можно е и мене да ме снајде штом кај мајка ми се појавила?Многу се плашам да не ги изгубам забите и понекогаш дури и претерувам. Ти благодарам,поздрав.
Елена мило ми е што моите постови ти помагаат и учиш понешто од нив. Види вака, како прво, парадентозата, поточно пародонтопатијата е наследна. Ја има голем дел од светската популација, се сеќавам дека професорката на предавање спомна дека дури 98% од луѓето во светот - на светско ниво, не само во Македонија - го имаат ова нарушување. Лек нема, само може да се ублажи и успори со отстранување на причините или барем да се намали нивното влијание. Тоа што и се случувало на мајка ти во бременоста не е ретко, кај многу жени се случува, колку и да водат грижа за забите и устата, едноставно, поради сите тие промени кои го зафаќаат организмот во бременоста и забите се засегнати. Можно е и кај тебе тоа да се случи, не велам не, веројатноста не е мала, ама биди оптимист затоа што не значи дека и ти ќе поминеш низ истото. Тука нема правила.
по што ги имам повекето постови на Аnnath прочитано и ми се допаѓаат нејзините размислувања би сакала да ја прашам: за моето синче има 3 ипол години и пред десетина дена падна и почна да му тече крв од устата, е сега пред некој ден двете горни запчиња постепено почнаа да му потемнуваат да добиваат црна боја,а и запчињата малку му се клацат од сто може да е тоа што му темнеат.до сега сите заби му се бели и нема ниту еден заб со кариес ..
^^Bupce, запчињата на малото потемнуваат како резултат на ударот. Бидејќи се млечни заби, малку се понежни, поосетливи и не толку цврсти како трајните заби, од ударот дошло веројатно до крварење во пулпата кое навлегло во дентинските каналчиња, па затоа забите потемнуваат. Пулпа е фактички она што народски се вика живец на забот, и кај млечните заби има поширок канал. Самата пулпа е богата со крвни садови преку кои и забот се исхранува, а при ударот во забите дошло до крварење при кое крвта навлегла како што претходно реков, во дентинските каналчиња, т.е во каналчињата кои се присутни во цврстиот дел од забот и затоа има промена на бојата. Фактички е исто како модрицата која се појавува кога ќе се удриме малку посилно на било кое место на телото, па така е и со забот. Мој совет е да одите на детски стоматолог, да ги мобилизира забите ако има потреба, бидејќи се клатат, па потоа да ги отвори и исчисти главните коренски канали колку што може, па да ги затвори. Млечните заби не би требало да се вадат прерано, тие се т.н чувари на простор, бидејќи овозможуваат зачувување на местото за нивните наследници. Ако се извадат прерано, кога трајните заби ќе излезат, ќе бидат збиени и еден со друг ќе се преклопуваат, бидејќи имаат тенденција на движење према напред.
Annath ти благодарам многу што ми одговори поопширно на моето прашање, се плашев многу да не има нешто како на пр. коренот да е скршен итн. во мегувреме денес маж ми прашал и некој заболекар овдека и му рекол дека тие биле млечни заби и да не сме ги факале за да не му ги расклацуваме повеке со тек на времето сами ке паднеле...а по што не живееме во Мкд овде за да отидеш на заболекар треба да закажеш прво и да чекаш најмалку два три месеци...уште еднаш ти благодарам... поздрав..
Анатх имам многу болки во еден дел на непцето,не знам зошто...Како рана ми е,не можам ни да јадам ни ништо.Што би можела да ставам за да ми помине?