Непријатната миризба ќе помине кога ќе се повлече непцето. А колку долго ќе трае тоа - можеби додека не израсне осмицата, кој знае? А за да се ослободиш од остатоците храна кои ја предизвикуваат миризбата, земи шприц со игла, наполни го со 3% хидроген и шприцај под непцето, во џебот, ем ќе се дезинфицира, ем ќе се исчисти. Ама тоа ќе треба да го правиш после секое јадење. Може да користиш и течности за уста за елиминација на мирисот, ама верувам дека тој ќе стои се додека не исчезне џебот. Како крајна опција, препорачувам сецнување на тој дел од непцето (ако не се повлече). Слободно можеш да го користиш. Нема штета од повремено користење, а еве и пишува дека помага во реминерализацијата на глеѓта, односно содржи флуор, што помага за зацврстување на забите.
Вака,уште од мала ми крварат непцата,односно имам парадонпатија,одам еднаш на 6 месеци на чистење на џебовите,а во меѓувреме забите ги мијам со Лакалут Актив,плакнам со чај од жалфија и ги мачкам со кантарионово масло.Прашањето ми е дали е убаво тоа што ги мачкам со такво масло,мене многу ми помага,го спречува крварењето.
и јас имам проблем со парадентопатија (наследно) цел живот..исто како и илипили ги чистам на 6 месеци целосно..ги мијам со лакалут актив или сензодин..имам и мала цетка за меѓу заби цурапрокс..и средство за плакнење +....6месеци е ок и после пак од почеток ми се смачува искрено... сега размислувам за некоја нова опција со ласер...има некоја од вас вакво искуство??
мене лично од паста не ми поминува - еднаш читав негде мраз и од мраз ми поминува - земам мраз од фрижидер и го држам на херпесот колку што можам - не ми се шири и за 1-2ми поминува
Мачкај ги, ама не мора секој ден, само кога ќе забележиш поинтензивно крварење или воспаление. Ласерот не е нова опција, одамна се користи во стоматологијата, само кај нас малку заостануваме во поглед на неговото користење, иако денес сè повеќе и почесто се применува. Може да биде решение при пародонтопатија, ама за тоа е потребна консултација со лекар специјалист по пародонтологија (болести на уста), бидејќи тие обично изведуваат такви зафати.
annath ako moze da mi objasnis na koj nacin se cisti zabniot kamen?Doktorkata mi spomna deka moze i so anestezija (neznaev deka boli toa) ?
Не боли, се чисти со помош на ултразвук, се кршат зацементираните наслаги и се чистат забните површини и пределот меѓу забите. Може да се јави и крварење, ама не е страшно. Анестезија се става многу ретко, во случаи кога пациентот чувствува болка поради преосетливи заби, евентуално, ако се отстрануваат преголеми наслаги кои се собирале со години, па се очекува да има соголување на корените на забите.
Во последно време приметив дека непцата ми се надразнаи, промена на боја...темно црвена...на горната вилица имам навлаки и приметив некако дека ми се повлекува непцето нагоре...ме фати паника и јас одма кај заболекарот. Ама и тој некако незнаеше што да кажи, ми препорача Лакалут паста за непцата и чистење забен камен, со тоа што кај навлаките нема да може... незнам што друго да превземам..совет некој????
Вчера со јазикот осетив на внатрешната страна од образот дека е рапаво. Одма огледалото, не гледам ништо, морав да земам зголемено огледало убаво да го оптегнам местото и гледам една мала налик бубуличка (личи на тоа) и околу нејзе неколку како бели ситни (микроскопски ситни) бели бубулички. Не боли, нема други промени. Помош?
Пред малце осетив болка во забот додека пиев вода. Не беше кој знае колку ладна, ама додека пиев имав чувство ко да имам дупче во забот и низ него како да провира вода, како да се полни и ме пронижуваше остра болка. Утрово си џвакав без проблем на таа страна и немав никаков проблем со забов, а еве сега пред малце пак каснав и ту болеше, ту не. Финтата е, што нема недела дена откако бев на контрола кај стоматологот и забот беше сосема океј, пломбата беше малце попуштена и ја сменивме, но кариес и слични проблеми немаше. Ме интересира до што ќе да е. Мајка ми вели да не е до тоа дека имам осетливи непца, а мене ме фаќаат кризи и си мислам дека НЕ ДАЈ БОЖЕ се разработил живецот. Јас уште утре секако ќе одам на стоматолог, да си бидам мирна, ама ме интересира што мисли некоја постручна во ова.
На внатрешната страна од долната уста имам едно бело, кружно и малку вдлабнато. Не знам дали е афта или плик, ама ме боли многу. Му ставам 10 посто раствор на прополис, а пред тоа со Бетадине го мачкам, но не ми поминува. Што друго да му ставам? Ме пече кога јадам, многу ми смета. Едит Еве на ова место е и такво е, бело. Афта ќе да е.
Афта е дефинитивно. Освен прополис, може да пробаш со некој од геловите за непце (гингивал, генгигел), или Солкосерил или пак да си продолжиш со Бетадине и прополисот, секако ќе помине за некој ден.
Имав осмица горе која ми ги буткаше забите напред и доста ми го искриви едниот кец. Во последно време дури осеќам кецот како да ми пуцкета кога ќе го бутнам од внатре со јазикот (се плашам да не се расклатил??). Ја извадив осмицата пред некој ден и додека ја вадев цело време напред осеќав на единиците горе како притисок. Се надевам малку од малку ќе се олабават сега забите и ќе престане тоа пуцкетање.. Имал некој случно искуство?
Мене на забар ми извадија живец и ми го наполнија, ама за пломба треба да појдам за два-три дена. Муабетот ми беше, кога го допрам забот, ме боли. Баш пред 10тина минути јадев, ама некако го потчукнав болниот заб со друг заб (тој одоздола) и сите светци ги видов. Еве сега престанува да ме боли, ама сакав да прашам, нормално е тоа што ме боли, зошто, нели живецот е изваден? Или уште нешто не е во ред со забот? Ќе се јавев кај заболекарката, ама ми е непријатно касно да и ѕвонам. Ви благодарам за секој одговор.
Кои се знаците кога почнува да расте умник? Не ме боли местото, не е ниту испакнато ко да расте заб, ама ужасно ме чешка, ко да во секој момент ќе ми продре забот низ вилицата и имам нагони да џвакам нешто за да го снема тоа чудно чувство на јадеж. Може и не е умник, онака си претпоставувам, зашто пологичен одговор и немам.
Каква е процедурата на вадење кучешки заб? Горната тројка ми е над сите заби порасната и сакам да ја извадам , почна многу проблеми да ми прави , се вади оперативно или како обичен заб?
Најдобро е да одиш таму, ќе ти кажат колку точно ќе те чини откако ќе направат целосен преглед и ќе видат што сè е потребно да прават, па тоа ја одредува цената. А за каква естетска операција прашуваш? Можно е да ти расте умник, зошто да не? Овие симптоми се присутни кај малите деца кога им растат заби (затоа и имаат потреба од глодалки). Инаку, кај секого симптомите се различни, ама најчесто има болка, поради недоволното место за забот и притисок на соседните структури. Ако е целосно излезен, се вади исто како обичен заб. Нема потреба од оперативен зафат.
Ана Значи денес после многу години бев на стоматолог, и поминав предобро. Значи на 6ката ми се извади пломбата што ми беше ставена од пред неколку години, и синоќа ми се скрши, и одма после неа ми се скрши и забот( 6ката). И сабајлево одма заминав на стоматолог, ме виде и ми рече, ќе ја извадиме пломбата и ќе се почниме да го правиме. Ако има шанси да го спасиме ќе го спасиме. Значи ми била многу расипана, но тој ми ја избуши, иструга, и ми стави нова пломба од големите знам рече, пошо многу ми го стругаше забот. Исто и ми закачуваше на јазик, и ми го стругна забот од таа страна, десно доле значи од на јазикот страната, и од таа страна забот ми е многу понизок, сфаќаш се надевам. Значи мене ама ич не ме здоболи, а не ми стави никаква анестезија, ама ич. И сега еве после неколку саати, како да почнува да ме боли, непцето доле ми е потечено, и како да ми ги притиска сите заби некако ептен ми е чудно. Има причина да сум загрижена или нормално е ова ?