Обично се јавува реакција на непцето поради работењето на забите, во твојов случај имало прилично работа. Ако не се смири за два-три дена, појди пак да ти го види непцето. Ама не верувам дека има нешто.
мене неодамна ми беше откриена парадентоза и тоа на рутински преглед. од тогаш зпаочнав со интензивно лекување, но тоа не дава сеуште резултати, напротив постојано имам болки во горното непце претежно, а и веќе почнаа многу да се повлекуваат непцата, односно на местата каде имам мост зпаочнаа да ги откирваат носачите ве молам з асовет..постојано мкористам лакалут паста, гаргарам со сребрена вода, сега ставав и интензивен третман со антибиотик, се мачкам со глеови на непцата кои ги порачав од австралија а сеуште имам болки...кажете што да применам, некои велта да се снимам да не имам циста, но заболекарката тоа воопшто не го гледа како опција однапред ви благодарам на одговорот
Дали одиш кај специјалист пародонтолог или кај општ стоматолог (кој воедно ти е и матичен стоматолог)? Ако одиш кај општ стоматолог, препорачливо е да посетиш и специјалист пародонтолог кој ќе ти даде конкретна терапија за твојот стадиум на пародонтопатија. Снимка во секој случај е потребна, има многу начини да се запре напредувањето на пародонтопатијата, која за жал, не се лекува целосно, само може да се ублажи нејзината агресивност и напредок. Ако си од Скопје, може да одиш на Стоматолошката клиника, на одделот за пародонтологија (порано познато како клиника за болести на устата), таму можеш да најдеш повеќе специјалисти. За препорака на таков специјалист, пиши ми ЛП, па да видиме дали ќе можам да ти помогнам.
Imam prasanje kecot mi e praven ama so tek na vreme mi potemna bidejki zivecot mi e umrtven kako mozam toa da go sredam osven navlaka da stavam drugo resenie nema ? ...malce poveke se primetuva od drugite zabi ....nesto ako imate da spodelite da mi kazete ....toa so domasni tretmani znam ....pa sakam da cujam nekoe vase mislenje ...pozdrav
Може со избелување, ама така има поголем ризик да се скрши, бидејќи со тоа што е мртов заб, тој автоматски е порозен, покршлив и помалку еластичен. Најдобра опција е со навлака, или пак со ламинати, како лушпичка што се става на забот само од надворешната страна колку да се изедначи бојата. За тоа ќе мораш да се консултираш со твојот стоматолог, заедно да дојдете до конечно решение што е најдобро за твојот случај, од функционален, естетски и економски аспект
Имаш воспаление на непцето, земи плакни ја устата со чај од жалфија, миј ги забите со Лакалут паста за спречување на крварењето, користи течности за уста, или пак гел за непца (има во аптеките). И повеќе витамин Ц
Имам една петка, поправена ми е, со умртвен живец и пред некое време ми падна поголем дел од пломбата. Прашањето ми е дали сега одново цел заб ќе се прави со се живец и дали е итно да одам на забар? Не сум баш расположена да одам на забар сега а и немам болки или сл.
Може ќе треба само пломба да ти стави, ќе види да не е нешто оштетено или да не треба да се поправа. Нема што да чепка во каналот на коренот ако не е оштетено полнењето. Јас би ти препорачала што поскоро да одиш да ја замениш пломбата, оти колку подолго стои забот отворен, толку поголеми се шансите за инфекција, без разлика што коренот е затворен.
Annath, еве до тебе едно прашање како најстручна тука во темава. Денес бев на забар правев заб, пломбирав осмица, бидејќи ми е на добра местоположба, немаше потреба од вадење, а само што ми се направи мало дупче одма отидов на забар. Сакав од дома да прашам ова, ама заборавив. Забележав неодамна на седмиците, како мали траги нешто црно, претходно пак имав еднаш поминав со чачкалица искочи веднаш, сега овој пат не сака, таква ми е структурата на забот, а мислам дека тоа не е расипано, како зрнца кафе да ми се заглавиле и не излегуваат и не излегуваат. А четкам заби барем три пати дневно, се обидувам да тријам таму, ама пак несака. Совет нешто да ми препорачаш за миење или плакнење, а што знам мислам не е забен камен како што гледав слики по интернет. Spoiler Можам ако имаш време и да го сликам забот и да ти пратам слика по ЛП за да видеш за што точно станува збор.
Иди кај забарот, кажи да ти стави естетска пломба врз забот и за 500-600 денари ќе го решиш проблемот без навлаки и чуда.
Те сфаќам на што мислиш, изгледа фисурите на џвакалната површина се многу длабоки и тесни, па во нив се заглавуваат ситни парченца кои тешко се вадат. Да видиш евентуално со четка со поцврсти влакна да пробаш, ама па тоа може да влијае лошо на непцето. Оди, провери го забот за секој случај, и прашај дали може да ти ги залеат фисурите, да не ти се собира храна во нив (инаку, залевањето се применува кај деца во фаза на смена на млечните заби, кога ќе никнат катниците, за да се спречи прераното расипување на забите).
ана можеш ли да ми кажеш секако ако знаеш од што може да ти се појават пликови во устата? ни апчиња помагаат, ниту пак раствор. некои велат дека е од нервоза поради тоа што за некое време ги снемува, потоа пак се појавуваат. фала ти однапред
Зависи какви се тие пликови. Може да бидат од стрес, од намален имунитет или пак инфекција. За да се утврди точна причина се прави преглед и по потреба се зема брис.
Ме боли заб еве веќе два месеци, но не често. Тоа се случува само кога се нервирам Бев на заболекар, го прегледаа забот 6-ката и не ми е воопшто расипан. Што е проблемот што ме боли само на нерва
Може имаш осетливи заби, па од тоа те боли. Дали направи снимка, или само така те прегледаа? Можеби е потребна снимка да се види забот со неговиот потпорен апарат.
Не не направив снимка само онака ме прегледа.. ке треба тоа да го направам зошто стварно ме загрижува. поздрав
Значи на крајот на вилицата што е тоа мевцето после последниот заб, ме чеша ли ме чеша, како мало дете сум цело време или со јазикот или со прстите морам да поминам. Уат ис д проблем?