ме интересира дали некаде кај нас има доктор кој работи со гас место со анестезија,имам ненормален уплав од забар а мора да одам а ако сеуште нема таков доктор препорачајте некој.. фала
Имам мака со непцата, жлабината, значи со целата уста. Кога јадам потврда храна, ао кифила, бисквит, чоколадо, бонбони и слично, ми отекуваат (така мислам), ме боли и понекогаш имам чуство како да имам железо во уста, како крв, а не ми крварат, туку само се црвени. Значи и кај месото кај образите ама внатрешно имам како рани, месото околу забите, значи насекаде. Ова ми се случува со години. Ќе идам на лекар ќе ме премачкаат и толку. Еве денес повторно ми се случи ова, а и вчера исто. Од што ќе да е?
Девојкии..Помош ако сакате..Вчера видов дека од долниот дел на устата ми се има потечено непцето како топче така некако се има напраено..Ако знајте од шо можи да е , и како да го излечам ? (знам дека треба на забар , ама страв ми е ) И мене ми беше воспалено непцето и апчината ВЕНТОР многу ми помогнаја.
JuLle, имаш гингивитис. Тоа е воспаление на непцата, почетна фаза на пародонтопатија. Ако често ти се повторува, убаво е да одиш два пати годишно или почесто ако има потреба да ти ги чистат џебовите и да се намали воспалението. Дома може со чај од жалфија да плакнеш или со 3% хидроген, повеќе внесувај Ц витамин (по можност таблети што може да ги шмукаш), а исто има и гелови за непцата (Генгигел, Гингивал Ц, NBF Гингивал Гел и слични). Rna, те боли топчето? Може да ти е некоја плунковна жлезда затната, па отекла. Мораш на стоматолог, да види за што точно се работи. Инаку, Вентор не ги пијте често, ептен ако од ништо друго не поминува болката. Не се баш препорачливи.
значи вака сега пломбите на 1-те и 2-те на горната вилица нон-стоп ги менам. но прашањето ми беше дали некој знае која е причината за пломбите од бели да станат кафеави да не речам сиви. ако некој знае што е проблемот и да ми каже некое решение ќе бидам мн благодарна. а и кога се смеам мн пазам поради забите напред да не ми се гледаат. фала однапред а планирам за навлаки на нив ама нз што да правам
Тие пломби ја менуваат бојата поради пигментацијата од храната, исто како и глеѓта на забите. За разлика од глеѓта тие се попорозни и примаат повеќе пигменти, а особено се познава нивниот раб, и доста често може да се случи и сами да испаднат поради попуштање на рабното затворање (односно контракција на пломбите). Поновите генерации на нано композити се нешто подобри во тој поглед.
Не бев сигурна каде,па одлучив прашањево токкму овде да го постирам. Долго време размислувам за да се пирсам на јазик.Разговарав и со мојата заболекарка,таа ме преупреди дека е можна повреда на нервот и губење на вкусот,исто така прашање е колку хигиенски ќе се иглите,пирсот,а и спомна дека кога била на пракса имало некое момче што му бил инфекциран јазикот после пирсањето (и кутриот отекол цел)... Ме интересира дали откако ќе го извадиш пирсот (да речеме ти се здосади и не сакаш веќе да го носиш) ќе зарасне дупката и дали ќе остане значителна лузна? (нешто апла или само онака,малце ќе се познава дека си имал некогаш дупка) И дали некаде (на заболекар) или кај некој што пирса во студиото има скенер(верувам дека вака се вика)...кај што може да се види каде е нервот и каде е најдобро место за пирсот.
Од завчера ми се појави еден проблем со устата. За на забар не би се решила бидејќи ми е страв.До сега не ми било вака.Приметив дека непцата ми се црвени,кога ги четкам забите од непцата тече крв малку,дури приметив и како да сум отечена на долната вилица,ме боли устата,не можам да јадам,приметив и како месо да ми расте врз еден корен што не ми е изваден по грешка на докторот кој ми го остави така...и на усната ми излегоа две топчиња нешто како афти ама не се само ме болат малку... Како да си помогнам а да не е тоа на забар...ќе одам ама не сега...
Значи вака ова прашање не е за проблем, туку повеќе како естетска стоматологија доаѓа Дали знаете, дали е можно недостатоците кај забите поточно растојанието помеѓу нив да се пополни со естетски пломби, исто така дали со естетски пломби можат да се корегираат тројките кои се шилести и да се порамнат. Знам дека ова се работи со ламинати но тие се премногу скапи, па ме интересира дали е можна ваква корекција со естетски пломби. Ваше мислење или можеби искуство?
Постои реална опасност при дупчење (пирсање) на било кој дел од телото, не само на јазикот. Секогаш постои ризик од инфекција, но и од закачување на болести како хепатит Б или Ц, сида и слично. Јазикот е мускулен орган, па болката при пирсањето е поголема бидејќи има обилна инервација. А со скенер да се види нервот, малку потешко. Никој тоа не го прави, па ни оној што пирса. Ако добро ја познава анатомијата, не би требало да погреши при дупчењето. А за зараснување на дупката по вадењето на пирсот, мислам дека не зараснува целосно, но не сум сигурна. Сепак се работи за мускулен орган, само површинското ткиво на јазикот е способно за интензивна регенерација. Сепак, од организам до организам е различно. Имаш гингивитис, воспаление на непцата, затоа ти крварат. Погоре имам пишано совети за истото. Месото над коренот од забот ти е всушност полип, мора да се сецне и коренот да се извади. А топчињата може да се затнати плунковни жлезди, може да се афти во процес на создавање... Ова може и со класични мостови да се среди, ама тука има многу стружење на забите, а е поевтина варијанта од ламинатите. Со естетски пломби ова малку потешко се средува, бидејќи е потребно да се обезбеди добра ретенција, инаку ќе паднат за брзо време. А зошто би сакала да ги порамниш тројките? Тие треба да се малку шилести, до толку ли ти пречи естетски?
JuLleE и tweety26 ако имате проблеми со црвени непца и ви крварат кога ги мијате забите користете Hexoral вода за плакнење...многу помага
Мене ме интересира нешто повеќе за полирање на забите. Дали добро се избелуваат забите со полирањето и дали боли кога ги полираат забите?
За болење не боли, јас ги имам полирано , ама не бев којзнае што воодушевена. Немаше некоја голема разлика пред и потоа .
2 прашања - имам навлаки на 3 заби и веќе подолго време непцето таму ми има модреста боја за разлика од останата боја на непцето кај што ми се природни заби....и по совет на заболекар ми вика запалание на непцето имаш - да користам алкалут паста ... - дали некој може нешто друго да ме советува 2 проблем - веке 1 месец сум на диета и осекам дека лошо ми мириса здивот - џвакам мастики за да не ми пречи мене, бидејчи мислам дека се осека на километар
Полирањето на забите всушност е отстранување на меките наслаги, а со тоа не се постигнува драстично избелување. И не боли, во никој случај, исто е како четкање на забите дома, само што ова четкање е машинско, со абразивна паста. Јасмина, непцето ти реагира на металот од навлаките, како и кај сите што имаат навлаки и мостови. Следи ги тие заби редовно, користи Лакалут паста, плакни ја устата со чај од жалфија, ако имаш изразено воспаление мачкај се со гел на непцата. Што се однесува до непријатниот мирис од устата - често миење на забите и користење забен конец е препорачливо, иако мирисот може да потекнува и од промената на начинот на исхрана. Понекогаш, непријатниот мирис може да доаѓа од грлото или пак од желудникот, ако често ти се враќа храната во устата. А може да мириса и од воспаленото непце над забите со навлаки.
Annath почнав да ја користам Parodontax без флуорид но кога ги мијам забите ми трнат непцата. Дали е нормална реакција или од воспалението па така ми реагираат непцата?
Анат, ти благодарам на советите - само ме интересира каков е тој гел за непца - го има во аптеки слободно да побараш или????
Не би требало да ти трнат непцата. Дали тоа е само додека ги миеш забите или продолжува и после миењето? Ако е само додека ги миеш забите, можеби пресилно триеш? Може слободно да побараш, Генгигел, Гингивал Ц или НБФ гингивал гел - овој последниот е најдобар, ама не знам дали го има во сите аптеки или само во подобро снабдените, за разлика од првите два кои ги има во секоја аптека. Може, болката од никнењето на умникот често може да се проектира како грлоболка или главоболка, бидејќи умниците често се неправилно поставени и при никнењето притискаат на соседни елементи и одредени нервни завршетоци.
Веќе скоро 1 година се мачи да ми израсне умникот од лева страна доле. Стагнираше еден период и не ме болеше воопшто, но сега е во процес на тешка борба со непцето и ужасно ме боли дури до срце.. Десниот го чувствувам ме боцка при допир со прстот, не му е сеуште време изгледа. Но, нема никава трага ни глас од горните умници, треба да бидам загрижена или да чекам дополнителни болки и од нив за некое време? И колку време ќе ме мачи ова, моментално сум како баба која мора да е само на течно.. :'(