Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. najubafko

    najubafko Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Здраво сакам да прашам несшто а нема кој па ако може да ми одговори некој,пред два дена извадив заб и сега ужасно ме боли непцето ми рекоа ке помине за еден ден или два ама нижто ме боли многу а и крваво е кога ке го погледнам,нз што е работата ако има некој искуство да ми каже што и како е работата.
     
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Раната сеуште не е зарасната и затоа сеуште е крваво непцето.Навечер после миење на забите мачкај го со прополис,а можеи со кантарионово масло.Помага доста за да престане крварењето,а и побрзо ќе помини болкат и местото ќе заздрави.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Па ако умникот има проблем да излезе, може има уште некоја пречка?
    Убаво е да направиш панорамска снимка и ќе се види состојбата со сите четири умници, дали ги имаш сите, како се поставени и дали ќе има проблем при никнењето на истите.
     
  4. Sallya

    Sallya Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Здраво,
    во врска со недостатокот на плунка, може да се јави при стрес (нервоза), употреба на антидепресивни лекови, може да биде предизвикана од системски заболувања. Би те препорачала да направиш преглед на тироидната жлезда. Често при намалено лачење на хормони од тироидната жлезда се јавуваат проблеми со лачењето на плунката. Можеби всушност кога ќе се регулира лачењето на плунката би се подобрила и состојбата со непријатниот здив.
     
  5. Rna

    Rna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    63
    Неможев да најдам друга тема па зато овде... :/

    На долната вилица , од забот непцето ми се има малце потечено и сега таму кај шо ми е потечено , ми се има напраено едно како топче и тврдо е то . А под то во вратот ми се има напраено уште едно топче и кога ке го допрам ме боли..Незнам шо да прам .Ако на некоја од вас ви се има случено кажете шо да напрам.Само да не одам на забар зошто многу се плашам .. Мислам ке одам ама не сега покасно..Оти сега брзо бев .. :(
    П.С. извинете ако имам некој грешки.
     
  6. Refused

    Refused Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    32
    Annath треба да вдам заб 6 ама тој ми е поврзан со синус и нешто ми спомнаа како операција и сега ми е страв,можеш ли малку подетално да ми објасниш :*
     
  7. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    И jас со едно прашанюе до Аnnath или некоj друг ако знае дали некаде каj нас работат со целосна опивка
     
  8. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    И јас имам прашање до Annath или кој знае..
    Значи не можам да го дефинирам поимот вадење нерв ..
    Бев на стоматолог ми ставија такво за вадење и нели ужасно боли 2-3 часа .. послем тоа ми ги чистеа каналите.. толку е или има уште нешто..
     
  9. Sallya

    Sallya Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Здраво,

    под општа анестезија се работи на Стоматолошката клиника, кадешто процедурата за пријавување не е нешто едноставна бидејќи се закажува терминот и мислам дека се чека неколку месеци.Под општа анесезија се работи обично кај пациенти кои не соработуваат ( Пациенти со нарушена психофизичка состојба, мали деца, анксиозни личности ).
    позз

    Здраво,

    Сметам дека требаше за ова да разговараш со твојот стоматоог и тој да ти објасни кава е стоматолошката постапка при Ендодонска работа (вадење на нерв , чистење и обработка на кореновите канали, полнење и дефинитвно затварање на каналите ).
    Како што спомнав ендодонската работа не се завршува во една сеанса тку во повеќе, во зависност од Дг на забот кој се лечи и неговиот натамошен прогрес .
    Откако ке се екстирпира нервот (извади), следи обработка на каналите и Меко полнење односно провизорно затварање на каналите, тука целата постапка не завршува. После неколку недели пак ќе кажам во зависност од сосотојбата на лечениот заб, се пристапува кон дефинитвно полнење на каналите и поставување на пломбичка.
    позз
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски

    Бидејќи најверојатно коренот на забот е во максиларниот синус (во синусот на горната вилица), како што се видело на ртг снимката, постои опасност да се отвори синусот при вадењето на забот, па затоа ќе го вадат забот на орална хирургија и ако дојде до sinus aperta, веднаш да го затворат. Не мора да значи дека ќе се отвори синусот, ама тоа лесно се проверува и уште полесно се средува.
     
  11. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    24.003
    Пол:
    Женски
    Почнувам благо да паничам.

    Еве има еден месец веќе откако непцата помеѓу забите почнаа неконтролирано да ми крварат.
    Се има случувано и порано на мал период, арно ама со промена на четкичката и пастата за заби проблемот се решаваше.
    Арно ама неќе сега, плус примеќам кога и само ќе плукнам (уште пред да почнам да ги мијам) има крв.

    :worried:

    Се плашам дека е почеток на парадентоза.
    Препорачајте ми лек, нешто било што.

    :sweat:

    Изгуглав и ги видов овие на Doctor's, би биле ли соодветни?

    [​IMG]
     
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Овие пасти се за таа намена. Мене ми ја препорача стоматолог парадонтаксот, но и лакалут ја користам ако имам потреба. Ако крварењето не престанува тогаш може треба да отидеш на стоматолог преглед и ако има потреба да ти препорача некаков третман. Кај мене имало потреба од обратотка на џебови во ваков случај. После една обработка веднаш имаше подобрување и престанок на крварењето ;) .

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Senza.parole, овие на Докторс таблетите може да ги земеш, ама се најверојатно ориблети, за лижење. Може да ти помогнат, ама прво, оди на стоматолог, види која е точната причина за крварењето на непцата. Воспалението на гингивите е секогаш почетен симптом на пародонтопатија, ама треба да се контролира со редовни прегледи и чистење на џебовите и забниот камен, и по потреба соодветни пасти за миење на забите, течности за плакнење, и од време на време, некои гелови за непце кога е поизразено воспалението.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.976
    Пол:
    Женски
    Мене заболекарот ми препорача Лакалут екстра сензитив.
    Се измив со неа, тоа беше некаде после 15 часот, но откако се измив со таа, ме болат непцата кај умниците..
    Дури неможам ни да јадам..
    Помош, како да ги смирам малце, бидејќи стварно ми се јаде а кога ќе гризам чувствувам огромна болка.. :| :|
     
  15. lavce1359

    lavce1359 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    16
    направи си чај, и кога ќе биде топол испи го, но во устата задржувај го повеќе време со самото тоа што ќе го движиш низ устата. Обично затоа прават чај од нане, камилица и мајчина душичка. ;)
     
  16. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    39
    Сакам да прашам, другарка ми и јас баш сме зборувале за тоа, дали некоја од вас истото и се случува, кога си гладен, здивот некако ти мириса, како болен да си????
     
  17. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски

    Да не те плашам, ама крварење на непцата е рана фаза на парадентоза. За жал.... :worried:
    Мене ми ја препорачаа Лакалут актив и забен конец. Со редовно чистење спречуваш појава на забен камен, кој пак ако не се чисти на време придонесува за забрзување на парадентозата. Откога почнав да ги чистам забите со конец, може и си ги засекував непцата несакајќи па уште повеќе ми течеше крв.
    Плакнење со 3% хидроген и чај од жалфија ја смири ситуацијата. Пробај па сподели дали ти е подобра ситуацијата. :)
     
  18. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    пред 2 дена бев на забар, и тој забот што ми беше расипан и скршен ми го отворија, го исчисти ја и ми ставија лек да ми го умртви нервот и за месец ипол да одам пак на лекар да го извадат лекот, и да ми ги исчистата каналите па после да го пломбираме. се работи за 6ката доле десно, и не ме болеше првата ден кога го направивме, ама од вчера ме боли и неможам да јадам, значи неможам да си ја затворам велицата, кога горните заби ке се споат со долните мене ме болат и 6ката и 7цата до него, значи не цело време туку само кога ја затворам велицата, незнам веке ни што да јадам, од вода и сокови не се живее, до понеделник ке пукнам, де некој совет што да направам да ми помине? имал ли некој ваков сличен проблем?
     
  19. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Мојот се скрши и уште е скршен не сум го поправила,пусто се немам време кога да одам,мажот зафатен ,моите зафатени и така,јас се спасував од забоболки со лакалут паста за заби и исто течноста што е од лакалут,почесто се миев и ми разминуваше болката,исто и мојата заболекарка тоа ми го кажа,зошто некако бев испалшена да го поправам во бременоста
     
  20. meni-dini

    meni-dini Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    8
    zdravo-i jas bi sakala da prasam nesto-dali megu zabite e mozno da postoi kanal koj moze da se rasipe i vo nego da se plombira?Pred nekolku godini mislam deka taka nekako rece stomatologot koj mi plombirase izmegu 5ka i 6ka.a sega me boli tokmu tamu i koga odam kaj segasniov stomatolog toj me pravi luda koga mu velam deka ne me boli nitu 5kata nitu 6kata(toj mi gi otvarase i dvata i tamu nemav bolka)tuku nesto izmegu tamu nekade dolu vo zlebinite.dali znaete za postoenje na kanali?