Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Канали што може да се расипат и пломбираат меѓу забите - нема. Имаш џеб меѓу тие заби кој ти реагира и затоа те боли местото. Џебот се чисти, се дренира и по потреба се даваат соодветни лекарства.

    Senjorita.lombardi, можно е да те боли на почетокот забот, ама после некое време не би требало да чувствуваш болка. Јас може доцнам, денес сигурно ти го средиле веќе забот.
     
    На meni-dini му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    39.800
    Пол:
    Женски
    а јас навечер што ги крцкам забиве во спиење :?: ќе ги испокршам си мислам
    секое утро и те како ме болат
    Чаре :?:
     
  3. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    јас си го средив сама, тоа што го ставија врз лекот едно бело што се стврднува, е тоа ми беше по високо ставено, и јас со игла го истругав малку и сега не ми удара на горните заби и можам да јадам, а и не ме боли веќе на допир забот.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Имаш бруксизам. Елиминирај стресови и нервози од секојдневието, земај бедоксин (б-6 витамин) малку за смирување, два пати по две на ден, или пак Б-комплекс. Инаку, решение ти е штитник за забите кој се изработува по мерка, најчесто од силикон и слични материјали. Ќе ти земат на забар мерка и ќе ти го направат.

    Можно е и од тоа, ама веќе нервот ти е умртвен, не би требало да осеќаш нешто. Освен ако не дај Боже има нешто на коренот.
     
  5. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    па сега за сега не ме боли, за месец ипол ке одам да ми го извадат лекот, и да го средат забот, па до тогаш се надевам дека нема да ме боли.
     
  6. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Од вчера вечер ме наболува негде кај 6ката горе. Не ми е болката на едно точно место, туку како да ми трне, како некоја тапа болка ја осеќам таму горе над забот.
    Со четката убаво го истрив непцето и убаво ми дојде, скоро и да не ја осеќав болката. Ама еве пак ме наболува :worried:
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Дали осеќаш непријатност или болка кога со прстот ќе притиснеш во ниво на коренот на забот на сводот на непцето? Според она што велиш, дека осеќаш како тапа болка и дека ти е подобро кога ќе го истриеш со четката, мислам дека се активирал џеб. Може и грешам, ама голема е веројатноста.
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  8. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Не. Да не речам дури и подобро ми е така :D .
    А иначе ми се покажа осмица сосема малку пред некое време, ама не знам дали од таму може да ме боли навака накај шестката. Што да правам сега за сега, па ако не помине ќе одам на забар утре, задутре? :worried:
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Може да те боли, ама од осмицата обично боли појако, ова повеќе на џеб ми личи. Земи забен конец, исчисти убаво меѓу забите, или пак, земи 3% хидроген од аптека, и шприц со игла. Наполни го шприцот, полека со иглата навлези под непцето меѓу забите кај што те боли (не многу длабоко) и шприцај, да се исчисти малку. Ова неколку пати ќе го повториш. Ако нема подобрување вака, ќе одиш да видиш да не е нешто друго причината.
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nevenask

    nevenask Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Zdravo,

    jas sum nova na forumot. Do sega gi citav postovite za problemi so ustata i zabite. Kako sto gledam poveke pisuvale za problem so neprijaten zdiv. Mene mi se slucuva koga podolgo vreme ne jadam nesto ili pak custvuvam malku glad da imam neprijaten miris od ustata. Nemam nikakvi zdravstveni problemi, zabite mi se site vo red, isto i nepcata. Go cetkam i jazikot, krajnicite i zeludnikot mi se sosema dobri. Nekade imam citano deka ovoj problem e od fizioloska priroda, no nikade ne pisuva kako da se resi. Me interesira sto treba da napravam za da iscezne neprijatniot miris.
    Se nadevam na odgovor
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Може да помогне пиење на повеќе течности (вода), повремено плакнење на устата со чај од жалфија кој има дезинфиционо и лековито дејство. Понекогаш мирисот зависи и од бактериската флора (устата е дувло на бактерии) која што кај секој човек е различна, и тоа не може да се промени. Редовно следење на состојбата со устата и забите никогаш не е на одмет, затоа што може да има и скриени џебови од кои се шири непријатен мирис поради скапувањето на храна која се задржала во нив.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за пост врз пост, ама морам да пишам.

    Сите оние кои имаат проблем со халитоза - непријатен здив од устата кој има орално потекло, значи не е од крајници или желудник или други причини - има еден гел, се продава во подобро снабдени аптеки. Се вика НБФ Гингивал Гел, и се користи за многу проблеми со устата, посебно користен кај рани од вадење на заби и операции во усната празнина, афти и крварење од непцето. Лично се уверив во ефикасноста (немам проблем со непријатен здив, ама верувам дека може и кај тоа да помогне). Се користи како паста за заби, наведено е во упатството и би требало да помогне.

    Безбеден за деца над 6 години, дијабетичари и бремени жени, но не смеат да го користат оние кои се алергични на мед, прополис, полен или било кои пчелини производи (содржи прополис).
     
  13. Roki123

    Roki123 Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    na moja draga osoba mu se iskrivi ustata navodno zategnuvanje na nerv,muskul na levata strana... i ne oseka na leva strana vkus dopir i sl. nekoi bukvi nemoze da gi izgovori sakam da mi kazete dali toa e izlecivo i kolkav period bi trebalo otprilika ,mu dadoa 10 do 15 vidovi apcinja vitamini a inekcii ne mu davaat nekoi mi velat mozno e da mu ostane nekoi velat se opusta pa ve molam ako e nekoj zapoznaen so ova da mi odgovori vi blagodaram ...

    [mod-kirilica:2la8r4c4][/mod-kirilica:2la8r4c4]
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Се работи за пареза на фацијалис, не е толку ретка состојба, и не е страшно, ќе помине. Само витамини, мирување и топло, ништо повеќе :)
     
  15. mihaelalalalala5

    mihaelalalalala5 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    вака, да ве прашам, дали процедурата на стругање заби пред ставањето на навлаките е болна? :sweat:
     
  16. Beatriche19

    Beatriche19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    89
    Голем поздрав до Annath
    Инаку мене лично забите ми се на прво место. И секогаш кога се запознавам со некој првин во заби го гледам хахаха
    Е сеа имам едно прашање до тебе :)
    Имам железна пломба и тоа од 10 години но бидејќи сум 19 годишна приметив дека едната страна конкретно десната е со бела боја најверојатно горниот слој паднал и сум ја голтнала..Сега незнам што да правам...
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски

    Па обично се става анестезија и процедурата и не е толку болна. После тоа, струганите заби може да те болат на секакви дразби, бидејќи осетливиот дел од забот е соголен, односно ја нема глеѓта да го штити. Ама болката исчезнува после ставањето на навлаките :)

    Благодарам на поздравот :)
    За пломбата, ќе одиш да ти ја сменат. Просто и едноставно, може да се оштетила со тек на време, па е потребна замена. Само ќе ја извадат старата, т.е она што останало, и ќе стават нова, се разбира, прво ќе го прегледаат убаво забот да не има кариес под пломбата :)
     
  18. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Да ви се пофалам прво дека ми иде умот мене хах ми расте осмица.Се зезам.
    Вака сега,ми расте осмица долу десно но многу ме боли,целото место ми е како потечено тука,дури и ко ке ја затворам устата ме боли.И пред еден месец така и сега исто,и сега.Најмногу ме боли ако се напијам нешто ладно.Некој лек нешто за ваков проблем,ве молам пошто неможам да издржам повеќе..
     
  19. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    802
    Да ве прашам нешто неколку дена јазикот ме пече кога јадам солено, кисело, а и многу ми е бел, веќе почна да ме нервира, а незнам што да ставам да се потсмири малку, ако знае некој нека пише :P Фала
     
  20. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Драга моја Annath. Имам некои маки со забите па реков да те прашам тука јавно сметајќи дека можеби и на некој друг ќе му бидат од корист советиве за мене. Имено летоска со огромна болка на непцето убедена дека сум имала кариес кој работел под пломба отидов веднаш на контрола кај мојот стоматолог која ме убеди дека воопшто не е тоа туку имам активиран забен џеб. Ме средија, исчистија, ставија хидроген и потоа некое конче за смирување. Ме советуваа да користам интердентални четки и ми ја препорачаа Лакалут актив која е добра за смирување на гингивите. Моето прашање е следно, што значи забен џеб и како да се справам со истите. Гледам дека сум склона и многу често имам потреба од дополнително чистење на забите со интердентална четка (најчесто кога јадам месо). Купив и забен конец па ме интересира исто така колку често треба и тој да се користи или пак по потреба? Од интерденталните четки порано земав на Лакалут а сега сменив со Донтодент од ДМ.

    [​IMG] [​IMG]

    Што се однесува за четката за заби, користам Лакалут актив четка за заби со меки влакна а паста земам најчесто Лакалут актив ама бидејќи прочитав дека не е добро нон стоп да се користи истата комбинирам со Колгејт. Забен конец моментално користам на донтодент од ДМ и тоа со минт и е подмачкан со восок па по користење се мијат забите.

    [​IMG]

    Кои се твоите совети на оваа тематика и би било супер ако ми објасниш малку за забните џебови бидејќи имам мака со нив и ужасно ме нервираат.