Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. martina.p.matevska

    martina.p.matevska Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите јас сум нова овде и се надевам дека некој ќе ми помогне со макава што ја имам.Пред 5 дена извадив горна 4ка. Самото вадење на забот беше мачно траеше околу 40 минути. Пред да го извадам забот а и потоа чувстувам како да имам некоја гнојна кеса или оток незнам ни јас што е но многу ми смета во пределот на носот и на окото и имам болки. Ставав мраз на местото правев гаргара со чаеви од жалфија и камилица пијам разни апчиња но не помага ништо.Ми е страв да одам пак на заболекар па реков да прашам ако имал некој слично искуство :D
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Страв, не страв, мора да одиш, да не има некои компликации. Никој не може да ти каже што точно се случува, мора стручно лице да те види.
     
  3. Eagleeye

    Eagleeye Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    58
    Играш руски рулет со умртвување на заб, односно root canal. Немој да се изненадиш ако во животот добиеш некое ауто-имунолошко заболување кое е "неизлечливо".
     
  4. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Здраво. Имам цирикон на забот (или како и да се нарекува) веќе 3 години. Ставено ми е од стоматолог и сега некако ми се врти во глава да го извадам за да си ставам друго. Па дали може некако дома да се извади или треба на стоматолог да одам?
     
  5. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Имам болка на 6ката лево горе. Ми беше пломбиран, пред некој месец ми се скрши пломбата а и дел од забот и јас никако да појдам на заболекар :doh: почна да ми се расипува и сега пред некој ден пак ми се скрши и ми остана само едно делче од забот кое се ниша и готово е да падни. Срам ми е пред стоматологот устава да ја отворам, што ќе види :( а боедно и страв и затоа никако да појдам. Е додека си се потерувам ми се појави оток на непцето и има како бела, жолтеникава точка сигурно е гнојот...
    забот ми е за вадење дефинитвно. Сакав да прашам дали да си земам нешто на своја рака да ми спадни отокот па да одам на стоматолог да го вадам или дирекно да појдам па да види тој како што?! :sweat:
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Ќе си одиш да те види. Најверојатно ќе ти даде антибиотик пред да ти го вади коренот. Ќе мора да го извади, посебно ако има процес. Ако е здрав, може и да го искористи, ама тоа ќе си види тој, по направената снимка.

    Перла, цирконите не се вадат тешко, најчесто сами паѓаат. Барем мојот сам си падна. Оди, нека ти го тргне, ако сакаш нов, стави си, нема да има проблем.
     
    На perlaa и Mimi123 им се допаѓа ова.
  7. SnowW

    SnowW Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Феминкии, сте имале ли некоја проблем со умници? Мене сите 4 ми никнуваат, горе лево најмногу е никнат, па после од десно горе, одпрво кога ми ничнуваше овој првиот имав болки да,се јавив кај докторката вика парацетамол, доброоо, снимив ништо,сега никнувал добро.. Еве вечерва глава ме боли, кај слепоочниците, можи да е од то?Зш претходно ми имаше кажано докторката дека кога никнуваат умниците боли глава, дури и температура можело да се крени
     
  8. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.893
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Што уствари сакаш да кажеш? Дека умртвувањето на забот може да биде опасно по живот? Ај те молам подобро објасни, баш ме интересира.
    Иначе tinkerbell може да боли ако му останало делче од нервот во забот. Не секогаш успеваат да го извадат целиот нерв, па копаат внатре да го доизвадат остатокот. Сепак оди кај забарот па тој ќе ти каже најдобро.
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Последниве неколку месеци шкрипам со забите и осеќам дека ми станаа поосетливи. Стресови немам, земам витамини редовно но ете пак шкрипам. Ме интересира каде се земаат тие силиконски штитници, дали кај обичен стоматолог може да ми ги направат или треба на протетичар? И колку чинат?
    И ако може да ми каже некој отприлика колку чини порцеланска пломба на приватен стоматолог? Пред неколку години беа 800 скоро секаде, цените се исти или се покачиле?
    Фала!
     
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Mене само еден ми е никнат а другите почнуваат сега да никнуваат сите од еден пат, за овој првиот шо ми е никнат не замислував дека ке ми никне умник туку ме болеше тој заб до умникот ни со јазикот неможев да го допрам и отидов на заболекар и и вика тој заб ти е добар те боли од умникот и ми ја засчуваше жлебината со скалпер за да може полесно да пробие а одкако ми го засече ми даде да пијам вентор против болка бидејки додека да ми израсне ужасно ме болеше не се издржуваше и ми даде аугментин да пијам

    Нема зошто да ти е срам па за тоа се стоматолозите, без проблем никој не оди кај нив мора да има нешто па да отидеме нели ?А да не ти расни умник па ти е бело и те боли ? бидејки мене кога ми раснеше умник ме болеа абите до него ....Јас би ти рекла отиди на стомалотог бидејки можно е нешто да ти се искомплицира подобро да спречеш одколку да лечеш.

    Имам еден скршен заб и тоа кецот, до скоро ме болше но веќе не, и сега пола ми е бел пола ми е прозиер бидејки е нададен дали мора да се ивади забот и да се стави нов заб или може тоа да се покрие со некоја навлака и плобма...ве молам за одговор кој знае или некој кој што имал искуство ..благодарам
     
  11. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Дали е можно од 8-ци горе (за кои едвај има место) да дојде до проблеми при широко отварање на вилицата (и прозевање) да заглавува, односно да дојде до поместување на долната вилица? Мислам на тоа дали може од недоволен простор на горната вилица да дојде до ваков проблем? :)
     
  12. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Мене ми е вилицата премногу наназад и ми викаат треба да носиш фиксна протеза.
     
  13. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Пред една година ми поправија еден заб, ми го пломбираа и веднаш следниот ден под него ми излезе гнојна кеса. Кога отидов утредента на заболекар за друг проблем, прашав што е тоа и заболекарката ми одговори дека не знае. :^)
    После неколку месеци прашав друга заболекарка што ми е тоа и ми рече дека кога излегува таква гнојна кеса забот треба да се вади зашто е целосно расипан и со негово задржување може да направам компликации..
    Вистина е ова или не? Од здрав заб, што ми направија.. Не ми е сеедно, 6-ка е, не сакам да го вадам...
     
  14. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    15.624
    Вака имам еден проблем,вчера чистев забен камен,имав премногу забите ми беа целосно покриени,и сега кога станав во устата имав многу крв дури засирена како парче ми излезе од седмицата или осмицата горе.Незнам дали така треба или е некој проблем,еве сега пак ми тече од таму горе.Има ли некој да ми објсни дали е ова нормално после чистење или некој друг проблем
     
  15. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Да се надоврзам на претходниот коментар,со секое миење на забите забележувам крв,ама малку повеќе,не е да речеш нормално малку ама повеќе,па дури и по некое време откако ќе ги измијам,уште продолжува да тече.Да напоменам,обична дневна рутина,колку што знам немам никакво заболување.
     
  16. meni-dini

    meni-dini Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    8
    Dali ima nekakvo resenie za tie dzebovi zosto veke nekolku nedeli me boli kako zab sto boli-probuvam so ispiranje so hidrogen 3%-i sum celo vreme so lekovi protiv bolka. Bev i na stomatolog a toj mi rece deka na dzebovite im nemalo resenie i deka od vreme na vreme ke me boli.Veke mi zdosadi i so toj hidrogen zosto od nego samo vo momentot ke mi pomine-pa duri i pocnav da izbegnuvam sekakvi gricki koi bi mozele da mi se zaglavat.
     
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.068
    Пол:
    Женски
    и на мене ми е така,ти крварат непцата :!: оди веднаш на заболекар
     
  18. Eagleeye

    Eagleeye Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    58
    Да, може да биде опасно по живот. Не мора да значи дека ќе направи ептен големи проблеми али е ризик. А какви заболувања? Секакви - срцеви, на џигер, артритис, ревматски заболувања, односно, аутоимунолошки, кои ги сметаат за неизлечливи. (Да не ме разбере некој погрешно, умртвените заби не се единствените причинители на болести, и не значи дека ќе предизвикаат такво нешто).
    Ќе се чуди човек зашто по 20 години добил срцев удар од никаде.
    Ок, да не ширам паника, може и некој заболекар и навистина да изврши добра стерилизација, али пак ќе има некој мал ризик.

    http://articles.mercola.com/sites/artic ... teeth.aspx
    http://www.westonaprice.org/dentistry/r ... al-dangers

    Добра книга е "Root canal cover up exposed" од dr George Meinig,


    Извадок од Mercola.com :

    "There may also be a cancer connection. Dr. Robert Jones, a researcher of therelationship between root canals and breast cancer, found an extremely high correlation between root canals and breast cancer.iv He claims to have found the following correlations in a five-year study of 300 breast cancer cases:

    - 93 percent of women with breast cancer had root canals
    - 7 percent had other oral pathology
    - Tumors, in the majority of cases, occurred on the same side of the body as the root canal(s) or other oral pathology"

    Јас имав еден таков заб, умртвен и го извадив, одвај најдов доктор кој се согласи, пошто сите ми викаа не е за вадење, демек здрав бил забот. Им велам како здрав кога е мртов. Е сега не бил мртов туку не витален, а сами се фаќаат во тесно, пошто non vital според медицината е нешто неживо - односно по моите сфаќања за биологија - мртво. А да чуваш мртви работи во твојот организам е големо NO NO.

    Една работа не сфаќам, зашто кај нас во Мкд умртвуваат заби. Сега не знам колку чини такви нешто, сигурно не повеќе од 3000 ден. На пример во US тоа чини 800 - 1200 долари, па ги разбирам дека го прават тоа за пари.
    Иначе поголема грижа се амалгамските (читај - од жива) пломби од умртвените заби.

    А ти имаш некој умртвен заб?
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.994
    Допаѓања:
    81.332
    Пол:
    Женски
    Јас мака мачам со еден заб веќе долго време, па сакам да видам ете што мисли Annath за ова, дали некогаш имала ваков случај. :)
    Пред извесно време почна да ме подзаболува шестката на долната вилица. Не би го нарекла типична болка, ами онака реакција на одредена храна, на топло - студено и при грицкање јаткасти плодови.
    Отидов на стоматолог и ми рече дека пломбата е сосема во ред, забот не реагираше на никаков притисок, туку ете само кога ми пушташе воздух и водичка од машинчето. :sweat:
    Направив снимка на забот и од неа се гледаше дека умникот се наоѓа во „лежечка“ позиција, во апсолутна хоризонтална положба и невозможно е да продре низ непцето, дури ми го подзакривил коренот на седмицата до него. |(
    Знам дека вадењето е неизбежно, па не го сметам ова на проблем и ќе се вратам на муабетот за шестката која очигледно ми е проблем. :D
    И на снимката се покажа дека забот е сосема во ред, меѓутоа ете, за општа сигурност ја смени пломбата, го среди забот и беше океј некое време.
    Не чувствував болка речиси два месеци, ама ете од пред неколку дена пак се јави таква тапа болка како моментално пецнување додека грицкам нешто на забот, па дури ми смета и при јадење и повторно реагира само на ладно и тоа баш точно на таа страна откај седмицата.
    Стоматологот ми напомена дека забот се соема здрав и освен тоа што психички сум оптеретена со него, најлогично било дека болката потекнува од хоризонтално поставениот умник.
    Јас едноставно не знам веќе што да мислам - со седмицата немам никаков проблем, нели пологично е таа да подзаболува. :?:
    И чаре, освен операцијата на умникот која знам дека е неизбежна. Има? :?:

    П.С. Заборавив да напоменам дека периодов ми избива и умникот горе, на истата страна која ми е зафатена од „проблемов“ - ако има тоа некаква врска. :|
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Mishela, и јас имам сличен проблем. Долна 6, заб кој ми е поправен одамна, сменети неколку пломби, снимен, нема ништо, дури ни умникот (мене убаво ми е наместен, си излезе без проблем), па ме боли од време на време. Исто како што опиша ти. Некогаш на ладно, на топло, кога ќе загризам нешто. А забот вака е здрав, само мала пломба има. Сите што сум ги прашала, ми велат дека едноставно, забот ми е таков, осетлив. Јас самата имам проблем со јак загриз, па сметам дека ми е од тоа болката. Под јак загриз мислам на силен стисок при затворање на устата и ставање на забите во оклузија (положба на нормално преклопување на забите кога устата е затворена). Само ќе ти кажам дека е до толку силен, што секоја пломба што ми била на таа 6, независно дали амалгамска или бела, сум ја кршела на половина и после си паѓала. Барем два пати годишно, ако не и почесто, мене ми се крши пломбата, досега нема таква што издржала (ете, пак треба да одам, пред некој ден ми се скрши).

    Можно е кај тебе да е од умникот, па види како ќе биде кога ќе го извадиш. Лошото кај хоризонтално поставените умници е тоа што може да предизвикаат проблеми со соседните заби, затоа мој совет е да го вадиш што поскоро.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.