Јас имав сличен ваков проблем со умникот пред 5-6 години,никој не ми се нафаќаше убаво да ме види,болка исто имав на шестката а забот здрав,па ми потече непцето,па ми предлагаа операции....се додека не отидов на клиника и не ми направи др. циркумцизија,му направи простор на умникот иако беше хоризонтално поставен,со тек на време порасна,криво...ама потоа сам по себе се исправи и сега воопшто не се приметува дека сум имала таков проблем со хоризонтално поставен умник-ГОСПОД ДА ГО ПОЖИВИ ДР.-МЕ СПАСИ ОД ОПЕРАЦИЈА А И ПО 6 ГОД УМНИКОТ НЕ МИ НАПРАВИЛ ПРОБЛЕМ(да чукнам у дрво)
Не е проблем,ама Анат кога ќе има време ако може да ни одговори што мисли за ова? Баш сега го читав и ми делува интересно... http://www.keeperofthehome.org/2012/04/ ... ation.html
Во последниве 2 години забележувам дека забите почнуваат да ми пожолтуваат. И косата доста ми ослабна, па мојата претпоставка е дека се работи за храната, т.е витамините. Е сега еднаш пожолтени - да се избелат сами неможе. Какви видови избелувања има и колку пари чинат? Ефектот колку време трае? Или ли нешто перманентно или сите третмани се за одреден период? И има ли штетни последници? Ете имам слушнато дека откако завршува ефектот забите пожолтувале повеќе и од претходно, па незнам...
Го прочитав написот на овој линк подетално. И, се сложувам со некои работи тука изнесени иако се косат со она што сум го учела. Сепак, немам искуство со вака приготвени домашни пасти за миење на забите, па не можам да кажам дали има вистина дека помагаат во реминерализацијата на забите, односно лекување на почетен кариес со промена на начинот на исхрана и пастата. А ако ме прашуваш дали јас би пробала на овој начин да лекувам почетен кариес, мислам дека би се нафатила, ако имам доброволци. Но кај нас ретко кој би се нафатил вака, со оглед на тоа што кај нас луѓето имаат други очекувања од стоматолог, само да не се експериментира За состојките на пастите што се за секојдневна употреба - за жал, сето тоа е вистина. Се користи глицерин кој не е баш добар за забите, се користи флуорот кој што е отров во буквална смисла, ама од друга страна, прилично ја зајакнува кристалната решетка на глеѓта ако е вграден во неа. За вештачките засладувачи и сулфатите (мислам дека служат за правење пена) не сакам ни да зборувам. Факт е дека и само механичко миење на забите со четка и вода ги отстранува забните наслаги доколку се четка правилно и доволно долго време, па пастите можеби се нужно зло на денешницава. Но, флуорот кој го содржат може да биде корисен... наместо децата да пијат таблети флуонатрил, можеби е подобро да ја голтаат пастата која и онака го содржи во минимални количини, и плус децата ги мијат забите со минимална количина на паста. Не знам, не сум истражувала, ама многу стручњаци кај нас се залагаат за флуорот во превенција на кариес на млечните заби кај децата, водени од искуствата во развиените земји. Јас мислам дека најважно тука е создавањето на здрави навики за орална хигиена уште од најмали нозе, што кај нас тешко оди, а флуорот е споредна, можеби и непотребна работа. Одамна сакам да пробам да направам домашна паста за заби, арно ама, ме плаши абразивното дејство на содата и морската сол. За кокосовото масло знам дека е исклучително здраво за било каква употреба, значи освен во домашна паста за заби, убаво е за мачкање на лицето и телото и кај бебиња, деца и возрасни, прилично е здраво да се употребува и во секојдневната исхрана. На собна температура е тврдо, меѓутоа може да стане течно ако се стопли. Верувам дека е прилично делотворно во заздравување, зараснување и реминерализација, и тука се поставува прашањето дали т.н oil pulling (плакнење на устата со ладно цедено масло - маслиново, лененово, сусамово, кокосово...) е навистина ефикасен? Прашокот од калциум или магнезиум најверојатно има улога на градител на решетката - калциумот може да биде на местото на флуорот во решетката, но таквата решетка не е толку цврста. Ксилитолот или стевијата (како зелен прашок е) се како засладувачи на оваа паста, можеби би можела да помине и без нив? Може доволно да биде маслото од ментол (пеперминт), кое служи и за убав мирис. Не знам која е улогата на овие т.н. trace minerals, ама тие најверојатно се исто добри за реминерализацијата бидејќи се добиени од морска вода, а притоа се прочистени од големото количество натриум хлорид, па веројатно содржат голем број минерали неопходни за здрави заби. Се на се, можно е ова, зошто да не. Ама додека самата не пробам, не искусам, не можам да тврдам дали има логика во ова. Коментарите што ги читав - и сите коментари што ги оставиле лица од стоматолошката струка се негативни - дали можеби се плашат за својата работа?
Дали порцеланските заби кои се ставаат имаат гаранција? Имено ми се скрши предниот заб,порцелан(кецот лево) на пола а го ставив пред 2 години. Во моментот јадев белки од јајце и јогурт,значи ништо тврдо... Ве молам некој упатен за одговор!
Имам. Не еден, туку повеќе. Како мала имав многу страв од забарката и ми се уништија сите заби додека најдовме асален стоматолог. Сите 6ки ми ги извадија, поради тоа што не можеа да се лечат, кецовите ми се скршија, или подобро да кажам ми се сронија до коренот, па правев порцелански, двојките исто почнаа да ми се лупат да кажам (не знам како да се изразам) па ги средив и нив заедно со кецовите. А во меѓувреме (како помала) милион пати ми ставале анестезија, ми ги снимале (и ова знам дека е штетно), и умртвувале заби кои не можат да се излечам, односно ме болат, за да не ги извадат. Па според ова што кажа, мене ми се бројат деновите И да те прашам ако знаеш, од што може забот да се лупи? Може глупо се изразувам, ама баш тоа ми се случува со многу заби.
Јас откако знам за себе не постои ден ако ги мијам забите да не ми крварат непцата. Бев на стоматолог, ми чистија каменец затоа што долните 1 и 2 ми се многу оголени и непцето ми е секогаш воспалено. Докторот ми кажа дека мора да крварат и да не се плашам кога ке четкам, дека тоа е најголемата наша грешка дека кога четкаме видиме крв и се исплашиме, престанеме веднаш. Таа крв е под непцето и она мора да излезе. Јас користам само Лакалут Актив, морам да грицкам секој ден по најмалку 500мг витамин Ц и да користам течност за непца.
Зашто мислиш дека стоматолог ќе ти ги спаси забите. Душо, стоматолозите се тие кои уништуваат заби. Пример, имаш кариес, наместо да ти каже некој (стоматологот) дека ако ја смениш исхраната, кариесот ќе исчезне, односно сам забот ќе се излечи, тој што ти прави? Ти буши во забот, и тој дел од забот никогаш нема да ти се врати. Не знам дали се не иформирани стоматолозите, или се прават луди, како и да е, тоа голем бизнис, многу прљав ако ме прашаш мене. Ти има кажано некој дека ако ги реминерализираш забите, нема да има потреба ни да ги четкаш? Минерализирани заби се имуни на кариес, на бактерии, на киселински храни. Енамелот на минерализирани заби е посилен од челик(добро не знам баш дали од челик, ама од железо сигурно ). Забите ти се лупат? Не сум чул за такво нешто. Јас на предните заби имам изгубено малку од енамелот, односно почнаа креавите да ми стануваат проѕирни. Од кога ја сменив исхраната, тој процес запре, и полека, полека почна да се враќа бојата. Срце, ти си слична како мене, ти се расипуваат забите лесно, и би ти забранил одредена храна. Значи, бел леб и други житарици, грицки и такви нездрави ствари не, и посебно, бел шеќер - НИКАКО.
Каде се прави реминерализирање на забите? Има нешто такво кај нас, каков е тој процес? Не се лупат буквално, туку не знам како да се изразам Значи на одредени делови забот ми се истенчува.Не цел заб туку само едно делче, како еден слој, на некои кај коренот, на некои кај врвот. И ти благодарам за советот за исхрана, ќе се потрудам барем да намалам, јас всушност се хранам само со таква храна
Не ме разбра како што треба. Не каде, туку како се минерализираат забите требаше да прашаш. Тоа се прави со исхрана, не постои вештачки начин. Сакаш да кажеш дека единиците ги немаш, двојките ти се катастрофа, и шестките си ги извадила? Па ако продолжиш вака, нема да имаш ниту еден заб на 40 години... И ова за да ја смениш исхраната не е совет, туку предупредување, за тоа што ќе ти се случи, забите нема сами од себе да се излечат, ако продолжиш со тоа глупостите кои ги јадеш .
Хаха, па не те разбрав, да разбирав, ќе ги имав сите заби Иначе и двојките ги средив како кецовите (горните) долните ги имам , а за 6ките, точно, ниедна немам. Иако искрено се прашувам кај ги сместувате и 7 и 8? Мене они ми го пополнија местото од 6ките и пак ми е полна цела вилица. Стоматологов ме одра од пари зимање, не му одговара да посоветува кога вака здраво да му кажеш 1000че во џеб си става, ама барем естетски ми се супер, се случило друг стоматолог да ме даде за пример за здрави заби (ете пример колку се нормални )
Тогаш зашто не ме послушаш и не ја смениш исхраната, така да нема да треба да одиш на забар веќе воопшто(технички, ќе треба да одиш да ги смениш порцеланите некогаш али не е тоа поентата ).
девојки дајте совет ве молам....моето синче има 5 години....и мн роблеми со запчинјата...прво запце изваде на 4 месеци,на неполни 5 год ги смени двата долни кецови.....и сега му се расипаа 2 запциња....така се погоди матичниот стоматолог да не е во моментот слободен па мравме на брза помош....после тоа редовно одевме кај матчниот зосто на брза помош му ставаа само лекче за смирување....е сега горната десна петка пломбирана почна да го боли.....потоа отече.....појдовме кај матичниот...му го отвори и веднаш рече дека е за вадење....да пие цефалеџин сирупче па да го вадиме......и значи го испи сирупот па настина па пиесе амоксиклав па само што го допи почна да се зала на запчето пак...и појдовме да го вадиме......арно ама неписмениот матичен не можеше да го извади......иако му прсна спреј и му стави максиларна анестезија после 4 боцкања бидејки детето е малечо и се противеше....па појдовме на брза помош каде убаво ми објаснаа дека сета среќа што не го извадил забот бидејќи отворал синус...е сега син ми мн се истрауматизира од сето тоа....еве 3 дена има опстипација....и се жали на болки во аналниот отвор......ме загрижува дали е можно од напонот да има некоја повреда бидејки опсипацијата не се лекува ниту то глицерински супп ниту со микроклизми ниту со круши сливи и тн......или па е мозеби реакција од анестезијата.........ве молам за одговор......Благодарам
само што ми излезе кецот го скршив напола, веке 18 години имам плоба која ја менувам на 8год. и воопшто не ми се познава дека е скршен благодарение на мојот стоматолог- само под одредена светлина можеш да приметиш дека има мала разлика во бојата но таа е толку мала што некој би помислил дека природно ти е таков забот а не дека е скршен. кога го скршив муабетот исто така беше дали да се стави порцелански , кога да се стави...Но затоа што стоматологот ми е роднина негов совет беше додека можам да биде со пломба (затоа што забот сеуште е жив)кога ке пораснам да ако инситирам да го сменам.Сега сум веке возрасна и можам да ставам и порцелански заби, но стоматологот не ми дозволува, ми вели дека ако го сменам првиот заб ке ми стрчи повеке од другите, вака изгледа природно а така ке ми се познавало. А не сака ни да помисли да ми ги смени останатите (сите да ми бидат порцелански) ми вели дека сум млада и дека имам здраво и правилно забало и на тоа можам да мислам кога ке наполнам 50-60 години. Во моментот мојот стоматолог престана да работи со поравка -сега само изработува протези, па ме препорача на друг, искрено и од новиот сум задоволна -секако тоа оди под надзорна стариот затоа што работат во иста ординација. Само да напоменам дека немам ни колче ништо такво , односно самиот заб , скршениот дел кој е прилично голем е моделиран со пломба - кога го правеа муабетот беше дека ако ми постават колче ке биде потемен делот и повеке ке ми се познава а вака не се познава ништо. е сега јас имам друг проблем.Пред две години кога бев на стоматолог ми казаа д а ја извадам осицата доле десно затоа што ке ми прави проблем. Јас не ги сватив сериозно и пред две недели отеков. Кога се јавив да си закажам ми рекоа дека роднината ми е на одмор, а новиот стоматолог кој ме води - е на породилно и се врака во август,па ме закажаа кај друг. Отидов ја извадив осмицата кај овој новиот. Цела недела пак имав болка па помислив да не ми е случајно од 6-ката која ми беше пола со стара пола со нова пломбаи ја поправив и неа. Е сега после недела приметив дека не ми било до 6-ката туку дека осмицата ми почнала да ми гнои, јас незнам како овој стоматологот неприметил и како воопшто не ми кажа да пијам антибиотици затоа што дупката е голема и може да ми загнои. Е сега чаре кажете ми што да правам искрено не ми се оди кај овој стоматолог, а неможам да ја чекам роднината затоа што веке 2недели сум на апчиња проти болка. Ми доага да си ја скршам велицата од болка-некој лек, или некој да бил во ваква ситуцаија
Значи преплашена сум....Сега кога поминав така со јазикот на горното непце, некаде кај 7-цата горе малку како ми гребе, не ми е мазно....Пробав со ноктот го стругнав тоа и ме заболе т.е. осетив вкус на крв во устата, а немаше крв.... Од што така тоа мое да биде? Ве молам за совет
Zdravo decki jas sum nova vo sajtot no imam eden problem... Zabotot me bole a beh napravi go zabot lek stavi ja mi i sega boli me mn nz so da pravamm ... apcinja piam dzabe ne mi pominuva.. da ne znaete nesh..
јас имам проблем со забите и веке пеку глава ми е и решив да ги вадам и мостови да ствам не е работа лечи едн друг се распиал и така цело време по стоматолози мки големеи сега имам еднен за вадење и прв пат ке ми биде вечен заб да ваѓам ве молам кажете ми искуство како е чуството?
Kolovoz, ќе мора да одиш на стоматолог, да ја види раната. Кој сака нека е, мора да ти ја види и да направи ревизија. Може и антибиотик ќе треба. Gonul, можеби досега ти поминала болката? Ако уште те боли, оди пак на забар, нека ти го извадат лекот, па ако може и да ти го снимат забот. Не кажа што ти правеле, каков лек ти ставиле... Candygirl, немој толку млада да си ги вадиш забите, да ставаш мостови, како свои заби нема друго. Ако има можност да се зачува забот не мораш да го вадиш. Чувај ги забите, оди редовно на стоматолог, не би требало да имаш проблеми. Ако ставиш мостови мислиш дека се ќе се реши?