ве молам за помош доколку некој има понавање нокеска на спање сум гу дарила забот единицата не ми е ни скршен но малку ми се клати ептеееен малку како да се каже дека се клати што мислите ке има ли потреба да се вади или на некој начин стоматолог може да го спаси да ми остане
Ќе се зацврсти, без гајле, за некое време, само штеди го. А што си правела, па во спиење си го удрила?
немам немам појма но во последно време сонувам само некои глупости и можеби сум се исплашила и сум го одрила а другата единица ми е скршена и забот ми е на колче треба да видам шо ке го праам можеби ке ставам порцелански , мислев да не е нешто од тој ама немаше до пред некој ден сабајле видов, начи мислиш нема потреба од вадење ? леле фала многу ме утеши
Па фала Богу дека нема потреба од вадење. Ако беше така, сите ќе требаше да ги вадиме забите што сме ги удриле. Без секирации, ќе се зацврсти. Како што реков, штеди го, храната сечи ја на парчиња, за да не гризеш и не џвакај мастики.
фала ти многу ме утеши , си мислам кај треба еден сега да правам порцелански па и друг ли уф доброе фала ти многу
Aбе се чудам веќе една недела што ми се случува со забите Сите ме болат. Ама не наеднаш. На пример, сега еден, после други два...и така. Како на смена да се И плус, не само што ме болат внатрешно, туку и надворешно.
Како мала не сум ги миела редовно забите оти не сум ја пондесувала пастата, затоа и некои заби ми се расипале и уште ги немам поправено, сега немам проблем со пастите, но забите почнаа нагло да ми жолтеат, едночудо пасти изменјав де за побели заби де обични не бре многу ми жолтеат се плажам дека без заби ќе останам ко што оди Да не е можеби ова некоја последица од порано што не сум ги миела, но зошто пак сега кога по 3 пати на ден ги мијам ми се појавува ова???
Имам проблем со забен камен. Многу често се јавува, ми здодеа веќе, од што се појавува толку често? Која храна да ја избегнувам?
Не претерувајте со четкање Една од најмалку познатите тајни е избегнување на често и долго четкање. Исто така се препорачува по јадење да почекате барем половина час пред да ги измиете, а тоа да го правите со нежни движења. Намалете со виното, кафето и чајот Виното, кафето и чајот оставаат темни дамки на забите. Ако е можно, кога пиете некои од овие напитоци користете сламка за да имаат малку контакт со забите. Исто така, избегнувајте ги сите темно обоени пијалаци. Гуми за џвакање Џвакањето помага да се создаде големо количество на плунка, која е секогаш добра работа, бидејќи ја чисти усната шуплина. Плунката, исто така, помага да се неутрализираат бактериите кои предизвикуваат расипување на забите и заболување на непцата. Другите предности на мастиките за џвакање се намалување на стресот и желбата за слатки. Избегнувајте кисела храна Не заборавајте дека храната што ја јадеме значително влијае на појавата на жолти заби. Избегнувајте кисела храна и пијалоци, како што се спортски пијалаци, газирани пијалаци, грицки богати со шеќер, лимон, тврди бонбони и друга храна богата со скроб. Храната што е добра за вашите заби вклучува зеленчук и овошје богати со влакнести материи, вода и житарки. Пробајте третмани за избелување На пазарот има многу „домашни производи за избелување на забите”, кои ќе ви помогнат да добиете блескава насмевка без многу пари. Пред да се одлучите за некој од нив, распрашајте се кој метод најмногу ви одговара. Ако немате многу време, побарајте третмани кои траат десет минути или помалку. Користете производи за избелување Паста за избелување на забите, течност за плакнење на устата и конец за чистење може многу да ви помогнат во елиминирање на темните дамки. Јадете повеќе трврда храна Со цел побели заби јадете повеќе јаболка, целер, моркови и круши кои природно ги чистат забите. Крцкавата текстура помага во отстранување на честичките кои предизвикуваат дамки. Само не заборавајте дека тие треба да се јадат цели, а не сецкани на мали парчиња. Користете конец за заби Ви се чини дека користењето на конецот за заби е добра идеја само кога ќе ви се заглави нешто во забите, но дека неговата употреба не помага за избелување на забите? Грешите, затоа што со него се ослободувате од дамките и бактериите меѓу забите, па тие изгледаат побели. Со оваа навика ќе го спречите и непријатниот здив и создавањето кариес.
Ајде да си го пишам мојот проблем.. Лани во Јануари почнаа да ми лечат заб (7ца), и ми кажа дека ако не успее лекот дека ке ми го умртват живецот. И после незнам неколку одења на тој третман, за жал лекот не дејствувал и мораа да ми го извадат живецот. И ок ми го извадија. Сега проблемот е што јас пак осекам болка бев кај докторката, ми рече снимка да направиме да види дали е исполнето до крај со (незнам како се викаше некој лек) забот. И од снимката виде дека се е како што треба, освен дека ми расте 8ца односно само коренот се гледаше. Од тогаш до сега има поминато скоро цела година и забот 7цата што ми го умртвија т.е извадија живецот осекам дека ме болии на ладно на топло или кога гризам нешто потврдо од таа страна. Сакам да Ве прашам совет да ми дадете од што може тоа да биде, кога немам живец? поздрав и се најдобро
сега кога се погледнав во огледало жлебината ми е целата помодрена дури како црна и горниот и долниот дел ве молам за помош што може да биде
денска треба да вдам заб бев потечена сеа ми спанд отокот ама сеуште оклу забот е потечено и стоматологот ми рече ке ми го вади сеа ми е страв да не ме боли пошто потечен е уште а поминаа две недели веќе
Сите заби ги поправив и камен извадив но кога ке ги измиам забите пак истата миризба што е проблемот се нервирам многу вака
Употребуваш ли некаква вода за уста?Ако не почни,по 2-3 пати на ден плакни си ја устата,гледај водата да е без алкохол,исто така многу е важно да користиш и конец за заби....И види ако пак имаш проблем со лоша миризба после 2-3 недели,не е лошо да се консултираш со лекар,често се случува ако луѓе имаат проблеми со стомакот или диабет да го имаат овој проблем,но секако не се паничи одма дека ти има нешто,само кажувам за други опции што предизвикуваат лош здив.Исто така лош здив може да се појави ако имаш сува уста,ако е така јади повеќе ментол бомбони или мастика(но без шеќер) тие ќе помогнат за лачење на плунка,која е многу важна во овој случај....и продолжи да си го чистош каменот редовно на секој 6 месеци и менувај ја четката за заби на секој 3 месеци и најдобра варијанта medium,во зависност од тврдината на влакната на четката
јас пак имам проблем со непцата. црвени ми се и често ми крварат малку да се удрам и на секое миење на заби. чаре?
Можно е да имаш заостаток, дел од нервот кој не е изваден, во некој канал кој не се гледа убаво на снимката, па може да биде превиден при обработката на коренските канали. После помината година, убаво е пак да направиш една снимка, чисто да се види сегашната состојба. Ако нема ништо на коренот и коската, ниту пак кариес, најверојатно е заостанат дел од нервот. Дали имаш мостови, нешто од метал керамика, стругани заби со навлаки? Дали имаш умртвени заби? Ако имаш мостови, најверојатно е пребоеност од металот, ама може да биде и воспаление на непцето поради меки наслаги и забен камен. За што поточно се работи, треба да направиш детален преглед и да се отстрани причината што го предизвикува ова. Дали ти даде антибиотик да пиеш пред да ти го вади забот? Имаш гнојно воспаление, оттаму и отокот и болката. Штом ќе се извади забот и убаво ќе се исчисти местото, не би требало да имаш проблеми. Миризбата не е само од забите, треба редовно да се четка и јазикот. Инаку освен од сува уста, тој мирис може да биде од крајниците, од желудникот при проблеми со стомакот. Да се провериш комплетно не ќе биде лошо. Повеќе витамин Ц., редовно четкање и користење на средства за дезинфекција на усната шуплина (течности за плакнење уста на база на хлорхексидин), редовно користење конец за заби, чистење на меки наслаги и забен камен, користење на соодветна паста (Lacalut, Sensodyne) и соодветна четка (со средна тврдост) против крварењето, плакнење со чај од жалфија. Ако ова не помогне, консултација со стоматолог за подетални испитувања.
а од каде да купам раствор?? И кога ги измиам забите потоа устата ми е многу сува, и потоа почне како да ме горчи унатре незнам што се десава со ова никогаш не сум имала проблем, и јазикот со што да го четкам со четка или има друго
Раствор можеш да најдеш во аптека или супер маркет,начесто таму каде стојат пасти и четки за заби има и разтвори,конци за заби.Јазикот се четка со самата четка за заби,многу од нив имаат гумичка на главата на четката(обратната старана од влакната на четката)...и најверојатно лошиот здив доаѓа од сувата уста.Види како ќе биде,ако нема подобрување консултирај се со стоматолг...
Јас сакам да прашам..Има ли некој вадено нерв(живец) од заб?Треба да одам да ми го вадат ама само штом помислам се тресам а не па да седнам на столчето ..Инаку ми го стругаше забот 2 пати и ми стави лек за умртвување и ми рече да ми стои така 2,3 недели и да одам да ми го вадат..Боли луѓе?Другарка ми има вадено 4 и вика не болело..Е сега имам прочитано некои викаат многу болело,и стварно не ми е јасно,ваљда нив не им бил умртвен нервот па на живо им го ваделе Ве молам одговорете ми, сакам да знам и вие какво искуство имате...
барби,се е до способноста на заболекарот.мене не ме болеше,значи ми ставија исто како на тебе лек за умртвување,потоа само ми го извадија живецот и толку.е сега зависи за кој заб точно се работи дали е заболен целосно коренот итн.со тек на време и забчето ќе помодри,бидејќи ќе нема живец.