Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.426
    Пол:
    Женски
    Веројатно е некаква иритација, од нешто нечисто, неизмиено или пак нешто многу тврдо што си јадела, а може пак прегрубо си ги миела забите. Повеќе Ц витамин - било преку јадењето, било преку таблети и витамини - има локално дејство, помага во заздравување и епителизација на слузокожата. Освен тоа, штеди ја малку таа страна при џвакање и не јади многу жешка и зачинета храна. Ќе ти помине за ден-два.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Annath, браво, мислам дека си одличен доктор. Ги прочитав сите совети и симнувам капа. Сакав да те прашам каде работиш, ама некаде низ постовите прочитав дека си од Охрид,а баш сакав да си го сменам докторот, па си реков или кај тебе, или да ми посочиш некој добар. Ама добро...

    Посебно ме интересираше за моето синче, има 4 и пол години, ама уште пред две години забележав дека на горната вилица има 10 а на долната 11 запчиња. Му кажав на мојот доктор и не ми веруваше. Му го однесов детето, преброи и тој и виде ама пак ми рече дека не е можно, се чудеше. Јас забележав дека се до тројките е во ред, ама меѓу тројките има пет запчиња место 4. Како е можно тоа „да не е можно“ а кај нас се случило???
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.426
    Пол:
    Женски
    Viku, од Охрид сум, ама сега се преселив во Скопје. За жал, не работам никаде, сеуште, ама ќе биде, некогаш (што поскоро, тоа подобро).

    Инаку, за случајот - докторот ти рекол не е можно. Е па, не знам кај учел тој доктор, и не сакам да го потценувам, ама можеби тој не видел таков случај, што не значи дека не е можно. Уште додека бев на факултет видов неколку такви случаи, а и во книгите има доста примери. Не е тоа ништо страшно ниту чудно. Се случува понекогаш да се појави вишок заб (може да биде тоа било кој, кец, двојка, тројка...), исто како што се случува да недостасува заб, најчесто двојките, или умниците. Вишокот заби обично се јавува на долната вилица и најчесто е присутна уште една двојка, не е иста како и другите, може да е малку помала, поретко е со иста величина. Настанува поради тоа што забниот зачеток се поделил кога се формирал (тоа обично е генетски, ама не е страшно). Може да биде и кецот, вишокот заб да биде меѓу двата кеца, и тогаш се вика мезиоденс. Нема место за грижа и паника, поарно да има вишок заб, отколку да нема ниту еден (а и таков случај имам видено - дете што ги нема трајните заби од 3 до 3 во долната вилица).
     
  4. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Па не е важно кој е докторот, да не го споменувам, битно ми рече дури и дека прашал и други колеги и сите рекле дека не е можно. Инаку, да, едното е малку помало и послабо од другите запчиња околу него. Јас си викам „барем му се здрави и сака да ги мие“.

    Благодарам Анне!
     
  5. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    Драга Анат..вака мојот проблем е што ( од почеток ке почнам) кога ми пораснаа забите, не ми порасна 3ката пошто као немало место каде да ми израсне (мала вилица) ок е...и ми исто кажаа дека ми лега горе над забите не знам стручно да објаснам ама ми легал хоризонтално и демек нема шанси да ми искожи..ок и така и беше се до пред година и пол...почна нешто да ми пробива да ме боли позади единицте..чудно и коа видиш тројката ми пробива...иначе ја колку што знам ако веќе некогаш пробие ќе ми пробиела напред врз другите заби а не позади :o и така сите ние се чудевме како е можно ама добро е сега он а ми израсна што ми израсна ама не до крај него само површински и црн заб покварен...отидов на заболекар го извадив..прво нели го снимив пошто очен заб дали има врска нешто со синуси..океј немаше ништо ми го извадија толкав огромен корен :tmi: али па сега имам проблеми како ми го извадија ми се отвори целата десна носна шуплина и чудно е малку како да немам ништо да ме штити..а левата страна ми е цело врем,е закукана што порано не беше така..не знам до што е проблемов? Ваљда ме свати па ме интересира дали има врска со тоа што ја извадив 3ката ( знам дека има ама не знам што е ) Фалаа и позз. ;)
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.426
    Пол:
    Женски
    Ух, како да читав за мене... мене слично вака тројката ми растеше, т.е забот ми беше импактиран во коската (така се вика стручно).
    Инаку, можно е да ти пробие забот зад другите заби, зависи од местоположбата. А вакви ситуации со тројките доста често се случуваат.
    Е сега, тоа што викаш, дека ти е отворена цела носна шуплина - па можно е кога ти го ваделе забот нешто да се случило со коскениот дел што ги одвојува носната и усната шуплина, ама за да се види точно што е, изгледа ќе мора повторно да се снимиш. Не знам дали си била на стоматолог после тоа, дали си им кажала што чувствуваш, ама мислам дека треба да одиш кај специјалист по орална хирургија, евентуално максилофацијален хирург, за да се среди работата, ако навистина се случило нешто со коската. Вака од ракав не сакам да исфрлам дијагнози и да те исплашам, бидејќи, иако ретко, се случуваат вакви ситуации при вадење на импактирани заби како твојот. Се се решава, па така и твојот проблем. Се надевам дека наскоро ќе најдеш време да го послушаш мојот совет ;)
     
    На Queen.S му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    Фала Анатх..оттогаш немам отидено на стоматолог..сега го извадив неполни два месеци...и ми кажа дека треба да ми зарасне дупката имав огромна..ама ете мрзливост и не сум отишла...ама ке идам овие денови..значи еве ова сега приметувам дека десната страна на носот дупчето ми е пошироко од левото..гарант има нешто..никогаш не сум имала проблеми со синуси грипови и такви работи..ама еве сега после вадење на овој заб во ова време на грипови...толку е широка носната шуплина што како воздух да има само...си знаев ја дека не треба да го вадам..не знам само зошто му беше зор да пробива и излегува...уфф се нервирам...а пак овој период на прелаз ми е катстрофа..ми тече нос..ме болат синуси, глава...све ми е...можда и не е до 3ката проблемот...ама ете осеќам дека ми е од неа... ;)
     
  8. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.966
    Пол:
    Женски
    Annath еве и јас да си напишам за мојот проблем, се надевам ќе ми одговориш од стручен аспект :) . Па вака, пред неколку години на двете двојки горе ми се појавија гнојни кеси и веднаш отидов на стоматолог кој ми рече дека работата е за операција и ми даде упат за на орален хирург и нормално отидов. Најпрво нели ми направија снимки и потврди хирургот за што се работи, ми ја оперираа едната двојка па во рок од 11 дена и другата. И двете операции поминаа во најдобар ред, нормално нели од првата операција малку повеќе потеков во лицето, додека од другата немав ништо. Во рок од неполни два месеци ми се појави повторно гној на едната од двете двојки, многу ми беше тешко се разочарав знаев дека морам пак под нож, ама веднаш пак кај хирургот ме снима и ми вели нема ништо. Ми рече дека можело да биде некое воспаление. Ми беше чудно дека навистина видов гној, ама си велев тој доктор е нормално дека знае повеќе од мене. И еве до пред некое време немав ништо за околу пред еден месец пак да ми се појави. Пак истото трчај наваму-натаму снимки, консултации и на крај хирургот ми вика пак операција. Е сега моето прашање на кое никој не знаеше да даде соодветен одговор: Дали ова ќе биде крај, дали би се решил проблемот засекогаш, матичниот стоматолог ми вели никој не гарантира во медицинската пракса имало случаеви каде повеќе пати се повторувало, а хирургот ме убедува дека нема повеќе. На кого да верувам ? Некогаш ми доаѓа преку глава, велам ќе ги вадам и двете и ќе ставам импланти. Што мислиш ти Annath, ако има и некој друг стоматолог слободно нека напише свое мислење.
     
  9. feminna09

    feminna09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    14
    и јас сакам да ве прашам нешто можеби знаете , значи имам 15 години и забите не ми се којзнае колку искривени само предните два во средина што се и еден од забите ми е поиздигнат ( не ми е во права линија со другите заби )ама не е кујзнае колку сериозно ама да ве прашам во петок ке ми стаса МОБИЛНАТА протеза , и сега незнам да ми кажете ваше мислење дали на оваа возраст можно е да има некаков успех :| позз :*
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.426
    Пол:
    Женски

    Senza.parole, како прво ќе ти кажам, не си единствена. Тоа се случува кај голем број од луѓето. Кај повеќето обично нема повторно појавување на тие гнојни ќеси, додека пак кај некои се повторуваат. Причини? Па најверојатно е до самиот корен на забот и до коската. Видливиот дел од забите претпоставувам ти е здрав (без кариес или пломби). Проблемот може да е во коренот - бидејќи си била на операција, тие два заби се мртви - ама многу зависи од тоа како е исчистен и среден коренскиот канал, и дали целосно е исчистен процесот при претходните операции. Ако коренскиот канал е убаво исчистен (што не би требало да има проблем, бидејќи се работи за заби со прави канали) и убаво наполнет, не би требало повторно да се појавува процесот. Ако пак коскениот дел не е исчистен од процесот при првата операција, ако има некој заостаток, може пак да се појави. Искрено, понекогаш е тешко да се утврдат причините за повторна појава на воспалението. Да не имаш нешто на соседните заби, па да се шири кон двојките?
    И никој не може 100% да ти гарантира дека нема пак да се појави, затоа што не се толку ретки случаите на рецидив (враќање на процесот).
    Дали би помогнале имплантите, искрено да ти кажам, не знам, затоа што немам никакво искуство со нив. Можам да најдам и прочитам туѓи искуства на интернет, ама во принцип, ако самата не сум се уверила во нешто, ретко го препорачувам. Ако имаш можност да стапиш во контакт со некој искусен имплантолог (а верувам дека има такви во Скопјево), па да се распрашаш за таа можност.




    Ако бидеш упорна, носењето на мобилното апаратче може да има навистина одличен ефект кај тебе, се уште си во фаза на растење. Значи, да ја носиш цела ноќ протезата, и преку ден минимум 4 часа - кога си дома, учиш, пишуваш домашно и слично. Мораш и денски да ја носиш, за да го спречиш враќањето на забот во првобитната положба. Џабе ти е носењето навечер, ако не ја носиш денски, ефектот ќе биде минимален, и ќе треба многу повеќе време. Ако си навистина упорна, за 6-8 месеци може да се исправи, веројатно и многу побрзо.
     
    На senza.parole и feminna09 им се допаѓа ова.
  11. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.966
    Пол:
    Женски
    Tи благодарам многу на одговорот Аnnath. Во врска со имплантите мислев дека доколку ги извадам целосно тие заби што се зафатени од тој процес дали би се решил проблемот, па потоа да ставам импланти нормално нели за поестетски изглед ?
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.426
    Пол:
    Женски
    Веројатно би можел да се реши со импланти, ама како што кажав претходно, немам искуство со нив. А мислам дека нема гаранција дека процесот нема да се врати пак, и покрај тоа што имаш импланти, може да се јави на соседните заби.
    Можеби може и со порцелански мост да се реши, ама зошто да стружиш здрави заби за џабе? Ако успееш да најдеш некој искусен имплантолог во градов, консултирај се, прашај го. Јас не ги познавам приватниве стоматолози тука, па не можам да ти дадам некоја поверодостојна информација.
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.151
    Јас да си го пишам мојов проблем.. Последнава недела на предните заби ( 1 и 2 ) ми се појави од позади како мрежа прљаво кое што неможам да го исчеткам со четка, а го осекам на забите. Што може да е? Инаку немам никаква болка.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.426
    Пол:
    Женски
    Се работи за забни наслаги или забен камен во почетна фаза. Штом не можеш со четка да го исчистиш, оди на стоматолог, таму ќе ти ги исчистат, може и само со полирање, не мора со ултразвук :)
     
  15. sugarplum

    sugarplum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    не ги прочитав сите одговори, се надевам не се повторувам.
    има едни течности за плакнење уста. има на colgate сигурно, а постојат и други. мене многу ми помагаат. тие не се замена за паста, можеш да ги користиш после миење заби ама максимум 2-3 пати во денот. исто провери, можно е да имаш некој заб што почува да се расипува, па тој да ти прави проблеми. :)
     
  16. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Во неврзан муабет човекот ми се пожали ''во внатрешноста на устата секојдневно чуствува соленост.Имало денови како устата да му е полна со сол и нема осет на јадењето.Ужасно му смета и тоа траело подолго време.Јас цело утро размислувам што може да е тоа?''Интернистот му рекол ваков пациент не сум имал.Дали вие сте слушнале за нешто вакво и ве молам за ваше мислење и совет.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.426
    Пол:
    Женски
    Искрено, како симптом и јас првпат слушам за вакво нешто. Ама мислам дека може да се работи за орална кандидијаза, бидејќи тогаш како симптом може пациентот да има солен или метален вкус во устата. А дали има други симптоми, бели наслаги на непцето, јазикот, образите од внатрешната страна? Дали има чувство на сува уста, дали има и некои други пропратни симптоми? Ако нема ништо, тогаш не би знаела да кажам што е, барем не вака. Ако може, нека оди кај лекар специјалист по пародонтологија (специјалист по болести на устата и пародонтот), барем за консултација :)
     
  18. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Благодарам Аnnath нема побелување на јазикот а за други симтоми ке го прашам.Ова за орална кандидијаза постои ли можност да е пренесено од сексуален однос ако партнерката има вагинална инфекција или кандида.Тој се пожали имал црвенило и пецкање на половиот орган се мачкал со канесен и попоминало но можеби треба да се лечат и двајцата со антибиотици.Лаик сум во оваа област а сакам да помогнам и да осознаам нешто повеке.Поздрав
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.426
    Пол:
    Женски
    Постои можност, меѓутоа е малку веројатно. Кандидата е дел од флората во усната шуплина, а се активира од скоро истите причини како гениталната кандидијаза (антибиотици, покачено ниво на шеќер). Не е лошо да оди на стоматолог, па ако треба и брис ќе му земат да утврдат дали навистина има нешто.
     
  20. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Ми помогна ке ти пишам каков е исходот ке го убедам да оди на стоматолог.Големо благодарам