На живо не се вади нерв. Само на предни заби не се става лек за умртвување, се вади веднаш со анестезија, а на останатите прво се умртвува, а после се вади. Ако чувствуваш болка и после дејството на лекот, може да го повтори ставањето на истиот. Не боли, дефинитивно. И нема зошто да се плашиш.
Фала ви многу за одговорите hermosa и annath.Инаку кога е во прашање одење на забар,од мене поголем паничар нема дефинитивно ..И досега бидејќи немам вадено нерв,се напнав више дали ќе боли,што како ќе ми прави..Инаку уште нешто ме интересира...Колку време по вадењето на нервот забот ќе почне да ја менува бојата,дали ептен се познава или?Пошто четворката ми е во прашање..И дали мора да значи дека забот мора после неколку години да се вади,бидејќи така прочитано??
нема на што.и на мене ми вадеа живец на четворката.воопшто не болеше.а за страв не прашувај,бегав од сите ординации штом седнев на столчето .но си најдов одлични заболекари,кои ме тинтрат како мало бебенце поинаку не може.и со години си одам кај нив и ми е супер. а за потемнувањето на забот не се приметува ептен ептен ама некако како модро син станува постепено ќе осетиш за половина година.и нема страшно,баш тој заб е позаштитен бидејќи ќе нема живец и нема шанса да се расипе.нема потреба од вадење,бидејќи и тоа е целта на вадење на живецот,да се спаси забот. преброди го стравот и се ќе биде во ред.
Леле фала многу,ме ослободи малце да знаеш Него стравот е проблемот кај мене,јас само огледалцето што ми го става во уста рипам од столицата,а па камоли инструменти и машинки Значи можам се друго да издржам,ама кога е во прашање заб е тогаш сум неподнослива Како да идам на бесилка,а не на забар,бог да чува сум...
Кога на забот ќе му се извади пулпата, народски кажано нервот, тој нема веќе од каде да се исхранува, па ја менува бојата (потемнува), станува крт, порозен и поподложен на расипување отколку кога е здрав. Хермоса, би те замолила да не пишуваш дезинформации, конкретно, дека мртов заб е позаштитен - напротив, треба многу повеќе да се внимава, оти брзо и лесно се расипуваат без да се забележи, токму поради тоа што се работи за мртви заби, болка се јавува кога ќе се јави процес на коренот, а тогаш во најголем број случаи забот за брзо време се вади. Инаку, не значи дека ќе мора да се вади за неколку години. Ќе видиш како ќе биде после ендодонтскиот третман. Ако не ти се допаѓа драстичната промена во бојата, секогаш има решение и за тоа, барем денес има голем напредок во естетската стоматологија. Се вади ако се скрши (за жал, мртвите заби многу лесно се кршат), ако има гноен процес на коренот кој не може да се излекува ни конзервативно ни хируршки. Ама имаш уште доста време, не значи дека кај тебе ќе мора да се вади.
Мене ме интересира што ако забот и нервот се извадени а коренот е здрав и стои? Може некако на коренот да се прицврсти имплант или мора да се вади?
Фала ти за информациите,се надевам се ќе пројде во најдобар ред и дека нема да имам проблеми со забот понатаму
Ако коренот стои, може да се искористи како основа за леење на метално колче. Ќе се обработи убаво коренскиот канал, ќе се земе отпечаток и ќе се излее колче од метал кое ќе служи како основа за да се направи коронка за соодветниот заб, која ќе стои самостојно или ќе биде поврзана во мост.
ме интересираа во врска се со мостот, тој што е со машко женско копче би ви била благодарна доколку некој ми објасни нешто поише за него
Сакам да прашам .. заб што ми е правен пред година дена и пломбиран сега ме боли на притисок, а и пломбата е малку пукната (ваљда толку мојот претходен стоматолог знаел како да направи заб) ама иритира болката кога и да ја затворам вилицата. Дали забот може да се поправи или ќе мора да се извади?
зависи од тоа колку внатрешно е расипан забот ,Во мојот случај ја исто сум имала болка како твојата и докторката повторно мио го отвори забот,ми стави лек,ми ги исчисти каналите и по две недели повторно ми го пломбираше.Не би требало чим ти е пломбиран да ти го извадат,или не ти се доволно исчистени каналите или пак си забот внатрешно има некој проблем.Оди на забар со време зошто ако е внатрешно може и да загнои па да имаш поголем проблем.
кога забите се здрави и се друо е во ред а пак доаѓа непријатна мирис и ако е од желудникот од кои причини таа е создава и дали има некои лекарства или чај да се пие.
Пред 5-6 месеци вадев заб, седмицата, и еве од сабајле тоа место ми е цело отечено, значи на местото на извадениот заб и умникот каде што треба да никне. Има ли причина за грижа или ми никнува умник, а многу ми смета при јадење ова, имам некоја тапа болка ?
Oд што може да ми се крши забот еве веќе 2 пат во 2 месеци, незнам што да правам, сменив паста, купив конец за заби, ги мијам редновно и правилно, ама незнам што е проблемот, како да се спречи да не ми бидат толку кршливи? Бев и на клиника на стоматологија, пред многу години, и ништо посебно не ми рекоа, слаби ми биле забите таков ми бил квалитетот, ама неможе да нема ништо да не се направи. Знам дека кога џвакам мастики ми се случува ова, престанав со мастики веќе само ментол бомбони. Ама мора да има начин, нешто лекови некои, било што да не ми се кршат толку многу, здрав заб и тоа, ни кариес ни ништо. До 50 години ако продолжам вака ќе ми испокршат сите заби.
Можно е да ти расте умник и ако е тоа најчесто непцето е отецено,зацрвенето,може и да е подуено во тој дел,се осека тапа болка,а особено од притисок на пример кога ја џвакаш храната.А има и друга веројатност штом ти ваделе заб може имаат заборавено дел од коренот или мало парченце внатре и сега е инфектирано.Но како и да е,оди на забар и побарај да ти направат ренген слика и одма ке мозат да видат со е работата,умник или нешто заостанато од заботот што го ваделе...позззз
Можно е да ти расте умник и ако е тоа најчесто непцето е отецено,зацрвенето,може и да е подуено во тој дел,се осека тапа болка,а особено од притисок на пример кога ја џвакаш храната.А има и друга веројатност штом ти ваделе заб може имаат заборавено дел од коренот или мало парченце внатре и сега е инфектирано.Но како и да е,оди на забар и побарај да ти направат ренген слика и одма ке мозат да видат со е работата,умник или нешто заостанато од заботот што го ваделе...позззз