Имам едно прашање, колку денови треба да поминат за мирисот од лек на забот да не се осеќа? Вчера (среда) ми ставија лек. Прашањето ми беше дали до петок (за 2 дена) ке ми помине овој непријатен мирис од лекот на забот? Ги мијам забите и пак се осека...грдо. А од др страна страв ми е да не претерам со четкање и да не ми падне лекот. Иначе лекот е за умртвување живец. Ахх се надевам дека до петок ке се намали миризбата од леков!
подолго време ама бас подолго 1 година како понекогас ми боли последниот заб,ама имам забележано дека до него има несто јако како да е други заб а тоа би било умник сто ми излегува е сега мислам дека нема бас место за тој заб а лекарот ми реЧе дека ке мора д аЧекаме да порасне малце повеке забот добро ама некогас премногу боли и кога ги мијам забите на тоа место некогас има и крв сто да правам? и сто се слуЧува кога расте умник ?
Сакам да прашам дали е можно непцињата да ми бидат воспалени како резултат на нервоза, стрес? Пред година негде, штом се изнервирав имав воспаление на непцата, но за брзо поминуваше, можеби дека нервозата траеше пократко. Но сега како што имам испити 4-5 дена речиси постојано ми се воспалени и навистина е мн. непријатно чувство. Читав за парадонтопатија, но ги немам сите симптоми, малку ми беа црвени непцата но мислам дека од тоа што ги масирав.. крварење немам...Што мислите, што да правам?
Ај ве молам некој ако знае одговор...бев на заболекар и ми кажаа дека на 6ката кај коренот изгледа ми гнои,а забот е мртов (и скоро 90% е пломба оти ми се има скршено)...ми рече ќе пробал да го лечи,ако не успее ќе треба да го вади,а уште сеа ако ми го извади... Има ли некоја искуство,или пак некоја што работи како стоматолог ако знае да ми каже мислење,дали повеќето случаи успешно се лекуваат.. јаоо ќе си пукнам ако треба да ми го вади
синоќе ми се скрши умникот а под него имам уште еден заб а колку ме боли леле ,и имам уште една мака почнаа да црнеат забите
на стоматолог одев само во кочани кај тетин ми,ама сега неможам таму повеќе поради одредени причини а кај друг др не ми се оди еден нема салам
знам дека денес се сите за парите да ги земат,и јас имам проблем со тоа да најдам еден асален стоматолог ама ете ги нема веке сепак морас да дознаес кој е подобар и да одис бидејки колку толку барем малце да се видат забите и да се поправат...
Имам проблеми со предните два заба. Од внатрешната страна има нешто како црно (кариес) е сега нели за тоа треба да се оди на заболекар да се исчисти. Јас мислам дека тоа се струга, е сега може ли на некој по безболен начин да се среди тоа. Не сакам да се рашири кариесот а имам фобија од заболекари.
Насабајле кога ке станам и ќе се измијам заби, здивот не ми мириса...Но подоцна кога ќе каснам нешто пак не мириса, само онака го осеќам кога ќе го исплазам јазикот ептен..... Имам 2 расипани заби...Дали е можно од тоа да е? Ме загрижува вака.....:/
Со анестезија и немаш гајле. Еднаш мора да се надмине тој страв. Чим јас го надминав стравот од стоматолог за секој има надеж! Само внимавај при изборот на доктор,не оди кај било каде прашај некој да ти препорача добар стоматолог.
Можно е да е од расипаните заби... Ми раснат умници и понекогаш осекам како да ми се ронат забите, некои ми викаат дека умниците се вадат уште откако ке пораснат... Дали некој знае да каже нешто..
не е точно,кој ти кажа дека веднаш се вадат умиците ?во случај брзо да ти се расипат или недај боже некоја компликација да имаш,треба да ги вадиш. консултирај се со стоматолог тој најдобро ќе знае да ти каже што како.
decki imate li iskustvo so koronki? prviot zab mi e potemen od osttanatite i mi e problem pri smeenje zasto e prv, preden zab sakav da stavam koronka ama neam iskustvo so nekoj doobar stomatolog vo Skopje, pa ako imate kazuvajtee)
Имам воспаление на непцата посебно во долниот дел на предните заби, како месото на непцето да се откинува од забите доколку знаете некоја течност или некој друг лек кој ке ми помогне додека да појдам на стоматолог кажeте
Сакам да ве прашам , многу сум загрижена. Еден мој пријател е преладен веќе една недела , а денеска јазикот му испукал на неколку места и му текло крв. Дали некој знае каков проблем е оваа ??? Фала...
и јас го имам истиот проблем и си правам гаргара со камилица,и си ги мијам забите само со паста лакалут.внимавај да не ги чепкаш со раце непцата,за да не добиеш некоја инфекција.
Непријатниот здив посебно ако тој доаѓа од запуштени заби особено кај девојка е катастофа и ниту една девојка не би смеела да си го дозволи тоа. Неможам со ништо да го оправдам собео кај млади луге запоставувањето на забите па ниту со стравот од стопатолог. Лошиот зди ја уништува самодовербата бидејки оној што има непријатен здив избегнува да зборува кон оној со кој води конверзација со цел да не го почувствува соговорникот непријатниот мирис. Значи подобро да ти фалат неколку заби отколку да имаш расипани заби од кои се шири непријатењн мирис. Подобро е да сте облечени во најмизерната облека а да имате уредна орална шуплина отколку со балски фустан а да ви смрди од уста.