Имам проблеми со забите...еве цела недела сум по заболекари...На еден заб ми ставија лек за да ми го умртват живецот...Е сега вака...Кога џвакам нешто по тврдо конкретно месо, многу ме боли таму а и плус истиот заб од другата страна и мислам дека ме боли и нагоре како накај јаболчните коски :/ Дали е само чувство поради силните болкиу во забите или пак ова се случува.... Стварно се плашам од што би можело вака да боли...:/
дали некој има користено WHITE LIGHT за избелуванје на заби?Сакам да си го порачам не е скап 1490 ден ама не знам дали е ефикасен http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... B9bh_bwlIA
Дали некоја од вас има случајно искуство со пресадување на заб или да знаете некој близок ваш што има имплант?.Пошто на долната вилица имам цели 6заби и тоа напред со јадењето се правело притисок на забите и се повлекуваше непцето прво матичниот ми заболекар мислеше дека е парадентоза ама не било.Сега пошто на десната страна немам носечки заб да се направат мостови прво рекоа мора имплант.Ми направија панорамска снимка на устата испадна дека имам неизраснат умник,арно ама проблемот беше што умникот околу него со имаше формирано циста мораше да се вади го извадија,ми исчистија 2корени пред да го стават имаплантот мислам дека само навртката ја ставија и го зашија местото.Речено ми беше дека треба 3месеци за да зарасне местото,иако поминаа околу 12-13дена од операцијата предните заби на долната вилица ги чувствувам како здрвени,мала болка,како непцето да ми се одделува од вилицата.Ми рекоа дека во септември е ги стружат забите за да направеле еден цел поврзан мост?може некој да ми објасни што е и како е?
ми вадеа нерв на заб пред околу 1 ипол месец, го лечев и пред недела ипол го пломбирав. сакам да ве прашам, дали тој заб за некое време ќе ми потемни дека ми ставила за нијанса посветла пломба? што доколку потемни? ми кажаа и дека брзо можел да се скрши. што доколку се скрши или срони? ќе треба да го вадам? или? помош...
За болката и здрвеноста на предните заби консултирај се со стоматологот што ти го вадеше умникот, да не ти е последица од анестезијата. Ако е така, ќе ти препорача соодветна терапија. Инаку, во септември ќе ти ги стружат преостанатите заби за да може да стават навлаки, и сите заби, плус имплантот ќе бидат поврзани во еден мост, т.н циркуларен мост. Стружењето се прави под анестезија најчесто, особено ако се предни заби. Маја, забот нема преку ноќ да потемни, туку со тек на време. И кај витални заби (кај кои не е ваден нервот), се случува белата пломба со тек на време да добие друга боја (да потемни), што е најчесто последица од пигментите во храната. А мртвиот заб е склон кон порозност, кршење и потемнување, може да се скрши или срони, но и не мора да значи. Ако тоа се случи, има решение, зависно од забот, местополжбата, како е скршен, дали има здрав корен или не...
Ги миам забите и за некое време исто како да не сум ги измила пак истио лош мирис а сите заби ги поправив здрави ми се и каменот го чистев,,,, и незнам веќе што да правам никогаш вака не ми е било до сега ваков проблем не сум имала
Иде ли некој на универзитетскава клиника во Ск? Да ми каже некој од прилика колку ќе ми земат за чистење на непцата.. нзз изгледа и забен камен ќе ми чистат? Тоа горе на 4ти спрат е мислам дека.. ми закажаа за во понеделник па слушнав мн скапо било
Незнам дали е за тука прашањево..... Пред два дена забележав на јазикот неколку поголеми црвени топчиња (нели јазикот самиот има едни мали ситни црвени топчиња) е моиве се неколку поголемки и се многу длабоко,скроз на крајот.... Дали така треба да бидат порано не сум ги забележала,дали да одам на општ лекар или на стомаатолог???
здраво сакам да ве прашам дали има лек за џеб ?? јас имав порано 2-3 па одев по забари ова она и ми велеја дека за тоа нема решение. али последно време го сменив забарот и тој ми рече дека на тие заби кај шо има џеб тоа е од пломбата повисока и затоа се створил џеб, и затоа ми ги смени пломбите и еве сега немам повеќе таков проблем со тие заби али ми остана еден помеѓу 2-3 јката и за него ми вели дека неможи да се поправи тоа ке си стои тој џеб за него немало решение. дали некој од вас можи да ми помогни да ми кажи каде можам и дали можам тој џеб да го отстранам или за него нема решение ке си стои засекогаш или можи да се среди??
здраво, предните заби горе (единиците) ми се криви и сакам да ги исправам, ама во ендомак ми рекоа мора протеза да носам, а не ми е до тоа сега на 35 години. мора ли вака со протеза или нешто порадикално ама моментално исправување да донесе?
Кога станав сабајле приметив дека непцата ми се подуени,отечени како се вели незнам. Ме нервира, ми смета. Од што може да е? И како да го решам?
Не ти е мирисот од забите или јазикот, проблемот е најверојатно во крајниците, имам пишувано во темава, пролистај, на самиот почеток мислам дека беше. Така треба да бидат тоа се папилите на јазикот сигурно си ги забележала овие кои се обележени со називот papillae valatae Џебовите се јавуваат од различни причини, и се додека не се отстрани причинителот, тие ќе постојат. Најчесто се еден од симптомите на пародонтопатија од која пати огромен дел од популацијата на светско ниво. Редовното чистење, одржувањето на добра орална хигиена и отстранување на забни наслаги и забен камен помага во контролирањето на џебовите, поточно спречува нивно продлабочување. Не знам од каков степен е искривеноста, ама најверојатно носењето на мобилен или фиксен апарат е можеби најдостапна опција кај нас. Постои уште една, моментална, не радикална, ама сепак прилично скапа метода, ставање на т.н lumineers или veneers, со кои моментално се добива одличен естетски изглед на забите. Не знам во кои ординации кај нас ги изработуваат, ако воопшто има некој кој ги изработува. Освен тоа, не знам ни дали твојата ситуација дозволува изработка на вакви протетски надградби. Индивидуално е, плус зависи дали се работи за млечни или трајни заби. Имаш гингивитис, воспаление на непцата. Како прва помош, земи 3% хидроген и плакни ја устата со него (не го голтај). Ако најдеш и чај од жалфија, исто може да ти помогне. Друго што може, Gengigel, Gingival C, внесувај повеќе витамин Ц и редовно четкај заби со медицински пасти против воспалување (Lacalut, Sensodyne, Parodontax). Ако можеш да го најдеш NBF Gingival Gel, ќе ти помогне најмногу од сите, може да го користиш понекогаш како паста за миење на забите. Не го голтај и не го користи ако си алергична на прополис, мед и полен.
Annath на сликава се обележани само по краевите на јазикот,а јас имам и на средината,бев на лекар зошто грлото ми е црвено и го прашав матичниот ми рече од недостаток на витамини било....дали ке се повлечат тие на средината што се?
феминки дали некоја од вас се има сретнато со мојот проблем... пред скоро еден месец бев на заболекар да го поправам забот но докторот ми ставаше лек за умртвување на живецот па потоа ми го вадеше (исто така живецот) на некој начин да ми го спаси забот да не сум го вадела .... така одев на секои 3-4 дена. последен пат бев пред 3 дена требаше да ми го пломбира но мене ме болеше и ми рече ке ми стави лек кој ќе можи да стои долго време а јас бидеќи ќе одам на одмор не сакаше да ми го затвори да не ме заболи баш таму .... Но ми се јави проблем имам мн јака забоболка, тој ми кажа дека ке те боли еден до два дена но не ооминува не можам да јадам ,пијам кетонал за болката да се подсмири не скроз...пијам вентор така ми рече. јас појдов и тој ми рече нормално е сега да те боли. Е сега моето прашање до вас е дали се имате сретнато како во мојава ситуација дали ќе ми помини а за една недела одам на одмор ... предложете ми што да правам оти претерано ме боли :'(
Сега видов дека си пишала. Ако не се папилите, тогаш можно е афти да се? Ама ќе те болеа. Вака можам само да нагаѓам, не знам што може да биде. Ако се појавило нешто, најверојатно е намален имунитет причината. Колку време точно те боли? Можеби има заостанат дел од нервот, па тоа реагира. Дали направи снимка претходно, пред да ти го умртви забот, или така работеше? Не е пожелно да се затвори, оти може да отечеш. Најдобро да одиш да го види пак.
Денеска е трет ден , а никаква снимка не ми направи едноставно така работеше ...али многу ме боли вчера појдов го прашав и ми вика дека е нормално али ненормално ме били :/ :'(
Постои можност да не е исчистен како што треба, посебно кај повеќекорените заби. Исто, постои можност да има џеб, или пак да има процес на коренот. Затоа снимка е неопходна. Штом одиш на одмор, добро е да се консултираш и со друг стоматолог, да направите снимка и да види што е проблемот. Јас разбирам првиот ден после дефинитивното чистење да боли, ама повеќе од тоа не би требало. Затоа, второ мислење му е мајката