Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.539
    Допаѓања:
    5.892
    да се надоврзам овде ;)

    со камилица плакнев...ама ништо ставам ладни облоги но само ми е црвено непцето..ете сега му ставив хидроген 3% за рани и расчепкав со чепкалки..нема ни к од крв само малку ме доболе..утре ќе купам ампицилин (избивал гнојот од него)....

    прополис со рецепта е или??
     
  2. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Не земај антибиотик на своја рака ти препорачувам да одишна стоматолог да те прегледа
     
  3. LadyNN

    LadyNN Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    17
    Дали е можно од воспалување на непцето да болат многу забите? До тој степен да не ти поминува ни со вентор? Пред некој ден отиде кај матичниот стоматолог и му кажале дека има само малку забен камен и го исчистиле, ама еве болкава продолжува. :( :(
     
  4. LadyNN

    LadyNN Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    17
    Дали е можно од воспалување на непцето да болат многу забите? До тој степен да не ти поминува ни со вентор? Пред некој ден отиде кај матичниот стоматолог и му кажале дека има само малку забен камен и го исчистиле, ама еве болкава продолжува. :( :(
     
  5. elenaleni79

    elenaleni79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    17
    Ти Благодарам Белка на твоето прашање.Генерално земено афтите се појавуваат почесто кај лица од женскиот пол отколку кај машкиот, и тоа во првите три декади од животот.Сите понови испитувања укажуваат на инволвираност на опаѓањето на имунолошкиот одговор и на некои локални етиолошки фактори што значи дека етиологијата е мултикаузална. Како причинители се јавуваат: Наследниот фактор, траума при мастикација, инфективен агенс, вирусна етиологија, хормоналниот дисбаланс,хематолошки заболувања, гастроинтестинални забол, алергиите, психолошкиот стрес и автоимуните заболувања.При престојот во Виена и во консултација со мојот лекар и направените консултации сите овие наведени фактори беа негативни, и направивме испитување за хронично инфламаторно заблоување како причинител на афтозната болест.(behcet syndrom), искрено првпат слушнав за вакво нешто, кое исто излезе негативно.Мислам со мојот одговор ти помогнав околу твоето прашање и проблем.
     
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.539
    Допаѓања:
    5.892
    еве еден мој проблем: на местото за 8-ца имам како "диво" месо(непце) кое е оделено од забот-7-цата...секој ден(4дена) ставам хидроген за рани 3%... Што би било доколку отидам на лекар? :$

    и неколку прашања + ;)
    1. како ќе знаете кога треба да ви се сече дел од непце за да ви пробие 8-ца... (се снима тоа или..?)
    2. кој ја врши "операцијата" за да се појави 8-ца ако не може да пробие?
    3. таа "операција" со анестезија е ?
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.996
    Допаѓања:
    81.335
    Пол:
    Женски
    ^ Никој не може да ти каже што би било кога би било и затоа најдобро да одиш на лекар и да не си даваш претпоставки и утехи.

    1. Tоа ќе ти го каже стоматологот кога ќе одиш на преглед, ако нема знаци од уминкот можеби ќе те упати да направиш снимка, ако се познаваат врвовите и ако се пред пробивање понекогаш засекуваат за полесно да пробие забот. Мене ми направија засек затоа што имав премногу болки и наводно нели, за полесно да пробие умникот. „Зафатот“ го изврши мојот матичен стоматолог, за ова нема потреба од специјалист зашто не е некој си сериозен зафат.

    2. Стоматолог-специјалист.

    3. Нормално дека е со анестезија, сигурно нема на живо да ти го вадат забот без разлика на каков начин ќе се вади. Ако е веќе убаво изникнат, го вадат со клешти, ако не е доволно пробиен се изведува хируршки зафат.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    1. Најверојатно ќе ти го исечат вишокот непце, односно ќе утврдат дали се работи за полип (не е опасно) или се работи за дел од непцето врз полуизлезен умник. Сечењето оди под локална анестезија, површинска најчесто, или пак прават каутеризација на местото со што истовремено се спречува крварењето.

    2. Дел од непце за да пробие 8 се сече кога забот е наполу излезен, а под непцето што покрива дел од забот се формира џеб во кој се задржуваат остатоци од храна, често се воспалува, отекува и боли. Во тој случај се прави циркумцизија, односно се ослободува забот од непцето да расте слободно.

    3. Ако не може да пробие 8, се оди на консултација кај орален хирург и после преглед и снимки се утврдува процедурата за ослободување на забот. Обично сецнување или каутеризација може да направи и матичен стоматолог, додека за циркумцизија и други посложени процедури се оди кај орален хирург.

    4. Се применува локална анестезија, при каутеризација и сецнување може и со површинска локална анестезија (со спреј), додека при циркумцизија и посложени процедури се оди со локална спроводна анестезија во тој дел (со боцкање).
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.539
    Допаѓања:
    5.892
    ме интересира утре ќе одам...дали е болно и со што сечат :)
     
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.539
    Допаѓања:
    5.892
    мене ме интересира кога и зошто се ставаат порцеланските навлаки

    што треба да се направи доколку имате мали збиени заби за да се трансформираат во прекрасна насмевка?
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Оди, не е болно, супер ќе поминеш. А за мали и збиени заби да се средат - вака на слепо, без преглед, никој не може да ти каже точно. Кога ќе се земе предвид целокупната ситуација во устата (заби, местоположба, збиеност, раздвоеност, преклопување, состојбата на коската, џебови...) може да се даде конкретно решение. А греота е здрави заби да стружиш и да ставаш порцелански навлаки само затоа што не ти се допаѓа нивниот природен изглед. Има начин и без стружење, ама кај нас уште не е толку распространет, но е и прилично скап.
     
  12. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Девојки препорачајте некој добар стоматолог, по можност да не е премногу скап.
     
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.539
    Допаѓања:
    5.892
    повторно јас... :)

    предните заби на долната вилица ми ги покри на пола непцето(жлабината)
    ..
    што би било тоа..процес на лекување и сл.?



    (инаку лакалут актив користам,не пијам,не пушам ако игра тоа некаква улога...и со четка со меки влакненца се четкам и хидроген за рани 3%)
     
  14. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Здраво. Ја видов темата, па да прашам и јас имам проблеми со забите...
    Вака сега, имам заб кој што ми беше расипан и имаше дуп4е, после тоа од таа дупка ми излезе месо :(
    8 години живеам со овој заб и мака и тоа забче не можам ни да го четкам пошто секад ме боли коа го пипам...ама ми е страв да одам на забар и да видат шо му е и што треба да му се направи имам и други заби расипани ама не одам на заболекар... Имам фобија од тие бззззззззз машини :(
    ама добро за другите заби, ама на овој шо може да му биде ?! :( И на пример сеа доколку би се одлучила да одам, што ќе ми направат ?!
     
  15. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Никогаш ми се нема расипано заб и не сум била на стоматолог. Но во последно време, кога ги мијам забите ми тече крв од непцата на забите. Секогаш употребувам забен конец. Од што би можело да биде тоа? :?:
     
  16. mace4545

    mace4545 Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    Јас како мала имав еден црн заб поради тоа што како мала
    трчав и забот си го удрив и од тогаш ми е црн и здивот многу ми мирисаше.
    Еден ден забот го извадив и на тоа место ми порасна убав бел заб и здивот
    многу малку ми мириса скоро ич :)
     
  17. mace4545

    mace4545 Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3


    Би ти препорачала да одиш Кај стоматологот Ивица се наоѓа во лептокарија.Не ми текнува колку пари е но ефтино е и добро ги прави забите.Јас сум задоволна.И кога ке отидеш таму не може да ти ги прегледа забите одма,треба да си закажеш термин.. :rofl: :D :lol:
     
  18. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    80
    Пред околу еден месец (пишав и тука) ми растеа осмици и ми се направија како црвени топчиња на непцињата и ептен многу болеа. Отидов на заболекар и ми рекоа дека се е во ред така било нормално. Ми направија и снимка растеле право (не криво). И, кожичката што беше како подуена се тргна и забот почна да ми расте.
    Пред 3 дена приметив дека иако почна да ми растат 8миците доле, на едната од горе пак ми се направило како кожиче такво ама не е црвено туку е модро.
    Прашањето ми е, дали е нормално, дали не е, од што се направило така и ако треба да идам на заболекар што ќе ми прават дека ептен ме боли дури кога ќе фатам со јазикот.
    Поздрав
     
  19. pisces7

    pisces7 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    zdravo, dali nekoj imal problem so bel i suv jazik? mislam deka e gabicna infekcija no baram sovet od nekoj koj go imal ovoj problem?fala
     
  20. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    39
    Zdravo, sakam da prasam edno prasanje no ne znaev kade da go stavam nemase nekoja slicna tema pa resiv tuka, vaka,.. koga ke stanam od spienje desnava strana od vilicata postojano mi se faca, i kako zaglavena mi e i nemozam da ja otvoram dovolno treba postojano da ja stiskam za da mi se vmetne..ama potoa pak se vraca i tek vecerta ke mi pusti.... ne znam sto da pravam me nervira vakvata sostojba :worried: nesto ako znaete ve molam kazete mi :) pozz