Денес мислам дека ме болат сите заби. Не можам да се напијам ништо ладно. Препорачајте добар стоматолог кој работи со плави картони?
Имам пломбиран заб пред околу 2 години, но со текот на времето ја смени бојата (потемни). Како може да се врати повторно истата боја како и сите други заби? Треба да се отвара повторно забот или? И дали лек за умртвување на нерв треба да седи 3 месеци или не?
Сакам да прашам нешто. Може да ми дадат мобилни протези, ако не ми се сите заби направени? Spoiler Прашањево можеби не е за тука, ама мислам дека нема во која друга тема да прашам
Не може,и јас треба да носам мобилни протези ама заболекарката ми рече дека ќе носам од кога ќе го излечи еден заб-5ката ****** Значи три дена со ред ме боли кецот, сосем малку се ниша,ако можам да го наречам нишање тоа, дали има место за паника??? Можеби е од тоа што овие 5 дена не ги мијам убаво забите,бидејќи со лева рака ги мијам(десната ми е во гибс)
Пред некое време пишав, имам пломбиран заб ми пожолте. Дали ќе треба повторно да ми го отвараат забот или само ќе ми го премачкаат (исполираат со нешто) ? Ве молам за одговор
имам проблем со здивот ги мијам забите и ја плакнам со вода за уста пак џабе потоа пак истиот лош здив што да правам досега не сум го имала овој проблем се нервирам но џвака не ми помага само онака од време на време и пак се врака исто
Пред некој ден бев на забар и докторот ми рече дека имам парадентоза. Имам 17 години и ваљда е наследно бидејќи татко ми имаше и му испопаѓаа многу заби, но тој вели дека му се јавила во 30тите години. Јас фино лепо се тресам сега, бидејќи ова најмалце ми требаше. Имам закажано наскоро на Забар пак за чистење на забен камен. На горната петка повлечено ми е непцето, и дел од коренот е гол. Затоа ме боли таму на блага, топла, ладна храна. Коренот е изложен на еден пола мм или малку повеќе. Прашањето ми е дали во вакви случаи непцето може да се врати како порано со соодветни третмани, (не бројам тука хируршки зафати) Или тој заб не се спасува веќе? ((
Носам фиксна протеза 4 месеци. Денес бев на конторла и ми кажа дека забите сега ќе ми се раздалечиле. Ми кажа да не се секирам бидејќи после пак ке се вратат на старото место. Но зошто да ми се раздалечат? Инаку јас протезата ја носам само поради 2 криви заба а тие вејќе ми се исправени. Му се има на некој случено ова? Многу ли ќе ми се одвојат забите и за колку време ќе се вратат на старата форма? Искрено, ќе плачам.
Препорачајте ми стоматолог од Клиника , ама некој што стварно си ја знае работата , ова веќе не се трпи ! Имам ужасни проблеми со забите
Луѓе знаете колку чинат мостови да се стават, мислам не приватно со книшка или неможе мора приватно?? Ве молам одговорете ми!
И јас треба да го правам истото, но не знам колку ќе ме чини. Дај споделете искуства кој правел и приватно и со картони ?
Приватно има од 70, 100 и 200 евра од заб, а со картони не знам која е цената. Ама мислам дека само на клиника работат со фондот, евентуално специјалист по протетика кој си работи приватно со плави картони, со склучен договор со ФЗО. Но мислам дека фондот не ги признава сите видови фиксно-протетски надградби.
Тие се цените што самата комора ги одредува, некој можеби и за поевтини пари ќе ти ги направи, иако легално, не смее. Ама тоа е.
Вчера во 10часот вадев 6-ка, немам болки еве поминаа 24часа, утре имам закажано во 19часот да ми стават протези, ортодонтот рече дека нема да биде никаков проблем. но јас се грижам сепак раната не е затворена, некое стручно мислење или искуство? или да одложувам, но со нетрпение чекам да ставам протези..
Vickyy, цените во глобала се тие што ги пишав погоре, зависно од материјалот од кој ќе се прават. Лина, ќе ставаш фиксен апарат? Не би требало да има проблем, сепак местото каде што е раната нема да се чепка. Претпоставувам дека утре само брекетите ќе ти ги стави, жиците после некој ден. Немаш гајле.