Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.692
    Пол:
    Женски
    Може да расте умник, најверојатно е од тоа болката. Отокот во пределот на паротидните жлезди може да биде резултат на инфекција. Ама подетални информации на лекар/стоматолог.

    Да не ги стискаш премногу? Може да има некој проблем со забот во коската, а тоа може да се види со преглед и ртг снимка.

    Не мора да значи дека мора да се вади забот. Не е долечен изгледа, штом осеќаш тапа болка. А тоа дека мал живец се појавил пак од стрес е нонсенс. Кога се вади нерв, се вади цел, односно се чистат сите достапни коренски канали. Можеби кај тебе превиделе некој од каналите, па затоа има заостанат дел од нервот. По мое, не треба да се вади, туку целосно да се исчисти и излекува, па би требало да се смири забот. А можеби има процес во коската, но не сакам да навлегувам во тоа, убаво може да се види на снимка, на која што исто може да се видат каналите на коренот, и како се обработени и полнети. Постои можност и за осетливост на забот поради повлечено непце и почетен процес на соголување на коренот. Ама не би да нагаѓам вака, не знам што е точно.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    5ката, горе, лево ми е подскршена. Од забот ми беа извадени живците и имав лек. Лекот сам падна и не отидов да го пломбирам забот. Имам ужасна болка моментално. Деновиве треба да одам на стоматолог да ми го извадат. Ако знае некој моментално да ми каже со што да ја ублажам болката, многу ќе му бидам благодарна. :)
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.692
    Пол:
    Женски
    На пример, парацетамол, кафетин, бруфен... вообичаено што користиш против болка. Ама не чекај долго, да не се влоши ситуацијата. Ако отечеш, ќе мораш прво антибиотици да пиеш, па да ти го вадат забот.
     
  4. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Никакво апче не ми помага :/ Еве сега му ставив паста, се надевам дека ќе ми биде подобро. А уште утре одам и го вадам, еее не се мачам веќе. :sweat:
    Ти благодарам. :)
     
  5. Westsiderka

    Westsiderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Бев денес на рутинска контрола на забар и кога и диктираше на сестрата во каква состојба ми се забите спомна за два заба нешто суперфицијален?? Што значи тоа ?? После тоа одма почна да ми збори за една 8-ца што треба да ја вадам и сосема заборавив да го прашам ниту пак тој ми ги спомна пак тие заби.
     
  6. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Суперфицијален мислам дека е пломба (но не држи ме за збор) :)
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.692
    Пол:
    Женски
    Најверојатно сакал да каже дека на тие два заба имаш суперфицијален кариес, т.е површински, во ептен рана фаза. Среди ги осмиците, па после чепкај ги тие заби, ако има потреба.
     
    На Westsiderka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Ако е можно, ќе бидам благодарна ако добијам совет од докторката погоре :hai:
    Докторке, благодарам однапред. А сега ќе се изјаснам со најпрост лексикон.

    Пред неколку години, искрено и не се сеќавам колку точно ама верувам дека се 4, извадив 6 ка долу лево. Тоа беше првиот заб кој го извадив некогаш, и јас со огромен страв од стоматолог и нивната опрема се осудив на такво нешто. Да, едвај :tmi: Нема да се пофалам дека лесно поминав за време на вадењето, ама кога анестезијата се повлече, беше болка за умирање верувајте. Проблемот е следен. Во последната година, можеби две, вилицата на таа страна неможам целосно да ја отворам. Сериозно неможам. Чувствувам крцкање при обид, како крцкање на обични коски она што секојдевно го прават многу луѓе ( меѓу нив јас ) на зглобови поточно, на прстите на рацете и слично. Веднаш потоа, или за време на таа крајна неудобност се јавува болка. Ударна, во вилицата. Во пределот каде е споена долната со горната, ако ме разбирате. Оној дел каде е се става анестезија. Тој дел. Меѓу останато, го немаше оној ефект за кој постојано се зборува, дека забите се поместуват. Мхм :shake: не се поместија ни сантим, а тоа е кај мене неоходно, сметам дека имам тесна вилица и затоа предните заби ми се искривија. Логично ми е, и сама дојдов до тој заклучок откако ме испокрадија со мобилни протези. Каде би ми се поместиле забите кога нема простор веќе.

    После многу непотребно и детално објаснување ќе преминам на главното. Сега имам 7 мица овој пат горе, десно за вадење. Немам болка ама за никаде е, долго време ама пусто од страв никако да се одлучам. Знам дека морам да го средам тоа.

    Мислите ли дека проблемот кој го имам со вилицата се јави заради извадениот заб или веројатно заради погрешно ставена ( тогаш ) анестезија, можеби е оштетен нерв, ткиво ?
    Мислите ли дека на таква вилица ќе е изводливо да се стави анестезија и ќе си ја исполни задачата ? Дали е можно таквата болка да се повтори и има ли начин да ја спречам? Од Вендор, Аналгин и слично тогаш не помина. Кетонал мислите ?! :?: Искрено, незнам...советувајте.
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Од пред 4 години до сега требало да ти се затвори тој дел цел. И мене од прилика пред толку време ми е извадена шеска доле десно па просторот ми е целосно споен. Таман ми се наместија забите.
     
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Од време на време кога јадам и притискам храна со 6ката горе десно ме заболува забот.
    Ја поправава летово, пред некои 3-4 месеци, прво си беше супер сега ме заболува, ама не стално пример една недела не можам да јадам на таа страна, и тамн ќе решам да се јавам и да закажам преглед на забар ќе ми престане,и можам асално да јадам и со десната страна.
    Вака ме зафркава веќе месец дена, една недела ми е супер, после 2-3 дена ме боли.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.692
    Пол:
    Женски
    Проблемот со крцкањето на вилицата доаѓа од зглобот, а не верувам дека е од анестезијата. Повеќе верувам дека е од неправилно отворање и држење на вилицата за време на зафатот, па можеби и зглобот е излуксиран (изместен). Тоа се решава едноставно, со местење на зглобот и враќање на зглобната чашка на нејзиното место. Може на тоа да се нафати стоматолог, оториноларинголог или некој друг доктор што има поприлично искуство со такви местења, оти изместувањата и не се така ретки.
    Што се однесува до поместувањето на забите, тоа оди по некој default, бидејќи во текот на животот забите се движат према напред, поточно, према средишната линија, и обично, ако се извади долна 6, седмицата го зазема нејзиното место. Но не секаде се случува тоа, многу зависи од самите заби. А збиеноста и искривувањето на забите се решава со апарати, дали мобилни, дали фиксни, зависи од возраста и од ситуацијата.
    Ако мора горната 7 да се вади, ќе се вади. Болката што се јавува после поминувањето на анестезијата е неизбежна, но обично трае ден-два, ако трае подолго, има некој проблем и за тоа е потребна повторна консултација со стоматолог. Ама прво би те советувала да го решиш проблемот со зглобот (а тоа е пет минути работа), за после да нема проблеми со отворањето на устата и ставањето на анестезија, последователно и вадењето на 7. После враќањето на зглобната чашка на своето место, верувам дека нема да имате проблеми со отворањето и затворањето на устата, поточно нема да има болка.

    Дали си го снимила забот да исклучиш постоење на процес на коренскиот дел? Постои можност да се работи за џеб, односно болката да потекнува од преосетливоста на забот поради повлекување на мекото непце кон коската, па се соголува и вратот на забот, кој е поосетлив од круната како видлив дел од устата. Евентуално, ако не е убаво затворен и има некоја луфта, па да се појавил секундарен кариес и болката да е од тоа. Наместо да нагаѓаме, најдобро е да се провери што е со забот :)
     
    На XstrongerX и Hipster им се допаѓа ова.
  12. biljjana

    biljjana Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Девојки ако некој знае или правел во скопје искривени заби,каде во која ординација и како? Ве молам ако може некој да ми каже имам 16 години, протези не сакам да носам веќе касно е,а имам многу криви заби и многу ми е непријатно поради тоа..Прочитав на интернет дека може да се исправат искривени заби,би сакала ако знае некој да ми каже каде може да отидам и да ги направам...:( затоа што више не можам,сите се смеат поради тоа..
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.692
    Пол:
    Женски
    Може да се среди со фиксен апарат, не е доцна за него. А тоа што не сакаш да носиш е друга приказна. Во секој случај, подобри резултати ќе има од носење фиксен апарат, отколку со исправање со помош на навлаки поврзани во мост, што е се уште практика кај нас.
     
  14. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    80
    Пред 5-6дена ми се појави дупче меѓу забите. Ги мијам редовно забите, 2-3пати дневно, но сепак останува храна внатре и ми е чудно некако.
    Од што може ми се појавила таа дупка и што би правела? Заборавив да кажам дека пред некое време ми се скрши, ме гребеше, и таман решив да одам на забар ми се докрши и престана да ме гребе и не отидов. Сега ми се појави дупка измеѓу и боли од време на време.
    Би ви била благодарна на вашата помош.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.692
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам, каква дупка се појавила... дали меѓу забите или меѓу забот и непцето? Ако се скршил забот, треба да се санира, а не да остане така, бидејќи може да се влоши состојбата. Или ќе се вади, или ќе се става вештачки заб со тоа што ќе се искористи коренот, ако е здрав, се разбира. Без преглед и снимка ништо не може да се каже, а тоа на форум тешко. Само кај стоматолог :)
     
  16. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    80
    Ми се појави дупка меѓу забите, не меѓу забот и непцето. Од време на време ме боли постојано како постојана болка, не пулсирачка. Некогаш може да боли и на топло/ладно. И кога јадам при притисок боли (тоа ми е најважното).
    Пред да одам на стоматолог, дали би можело да не треба да се вади, туку да се лекува, вади нерв, пломбира?
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.692
    Пол:
    Женски
    Тоа не можам да го знам вака. Мора да се види каков е забот од чија страна се појавила дупката. Ќе види стоматологот најдобро, а ако треба, ќе се снима забот/местото, сеедно.
     
  18. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Денес бев приморан да извадам заб ,поточно 8ца :doh: .Сеуште ми трае анестезијата па сакам да прашам доколку ми се појават болки откако ке пушти анестезијата дали е во ред да се напијам аналгин или кафетин ? :?:
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Откако ќе помине дејството на анестезијата,местото ќе те боли.2,3 дена така ќе биде.
    Мислам оти нема да има потреба за антибиотици,издржлива е болката :)
    Практикувај барем една недела забите да ги миеш со чај од камилица,или евентуално млака вода.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. biljjana

    biljjana Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    хмм..а дали тие навлаки се многу скапи и дали после тоа сметаат дали може да се јаде се со нив или ?