Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    80
    Ве молам за помош, совет, што и да е.
    Осмицата ми е излезена многу малку. Има место за истата, меѓутоа ми се собира храна и никако не можам да ја очистам, многу чудно некако се пика внатре.
    Сега ми отече непцето и дури како да е темно. Имам направено снимка, право си расте, само што малку е искочен, треба време (ваљда).
    Што да правам? Премногу боли. Закажав на забар, меѓутоа тек за во четврток. Што да правам до тогаш не знам...
     
  2. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Самото раснење на осмицата боли индивидуално, но докажано е дека тие најмногу од било кој друг заб се подложни на расипување, затоа е најдобро да се извадат. Во меѓувреме за да ја смалиш болката можеш да се напиеш парацетамол, аналгин. Масирај го непцето со четката за заби и можеш да ставеш мед на забот, многу веруваат дека е делотворно, чај од камилица.

    http://www.stomatologija.info/zubi/175- ... bolje.html
     
  3. AnichkaLeo

    AnichkaLeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    92
    Zdravo ve molam kazete mi dali nekoj pravel zabi vo jane sandanski kolku pari i dali e nekoj zadovolen od stavanje mostovi odnapred blagodaram :)
     
  4. AnichkaLeo

    AnichkaLeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    92
    Inaku ne napomenav vo gore navedeniot tekst deka sum mn isplasena od odenje na zabar pred tri god mi zagnoi 5 i mi otece cela desna strana koda otidov na stomatolog koga me vidoa samo rekoa leeleee ama ubavo si otekla i koga sednav stomatologot bese resen da mi go vadi zabot sto mn me zbuni mu rekov pa na zagnoeno i oteceno neli ne se vadi zab da ne mi se desi nesto da ne mi se sloshi a toj me pogledna i mi vika pa nezz taka vikaat pa pocna da me prasuva kakov ti e pritisokot dali ti se losi dodeka jades i na kraj se otkaza i mi prepisha inekcii koi mi pomognaa da go trgnam otokot i od togas mi e mn strav da odam na zabar. Posleden pat koga bev bev da mi go izvadat zabot koj mi zadavase bolka i gnojna kesa i togas doktorkata mi kaza deka na gornata vilica treba da mi se stavat novi navlaki i most sto mn mn ne se razbiram vo toa bidejki mi e slaba tocka. No toa koshta mnogu a gornata vilica mi e katastrofa sto duri i nemozam da se nasmeam. Edna prijatelka me upati vo jane sandanski ona stavala vilica sto e mn zadovolna i nesto preku socijalno i platila 1500 den. Zatoa prasuvam dali nekoj ima stavano mostovi ili porcelanski zabi i dali se zadovolni od niv i sumata. Odnapred vi blagodaram posto mnogu mi pravat problem i so jadenjeto i kako estetski izgled.
     
  5. ciganka

    ciganka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    12
    Бев на заболекар ми рекоа здрави ми се забите се е во ред и бев за грлото за крајниците се да испитам ми рекоа дека се е во ред, и пак ми мириса здивот незнам што да правам овие месеци ми е вака до сега не сум имала никогаш проблем со здивот колку и да ги измиам забите пак мириса и ставам џвака 5 мин само и пак исто кажете ми што да правам многу се нервирам многу глупо се осекам
     
  6. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Оди да се провериш од Хеликобактер пилори, и таа е причина за лош здив, понекогаш другите симптоми можат и да бидат незабележителни. Секако ништо не губиш, па пиши ни овде што си направила.
     
  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.539
    Допаѓања:
    5.892
    непцава партал ми се :( ем отечени ем ми крварат и страшно боли (цела вилица ме боли)
    осван камилица и чај од жалфија што не ми помагаат уште ми ја воспалуваат друго чаре?
     
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.539
    Допаѓања:
    5.892
    Чистење или како и да е -отстранување на Џебови болно е ??
     
  9. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Зависи. Мене лани ми се воспали непцето од еден џеб што ми се правел на 6ката, па ми загнои и многу ме болеше. Когс го чистеше исто ме болеше( ама не е страшно :$ ), потоа ми даде антибиотици да пијам 7 дена , да се мачкам со Гингивин Ц, да ја испирам устата со Бетадине за уста и чај од камилица и по потреба аналгин. Инаку после една година чувствувам дека повтроно ми се направил тој џеб на истото место, па ќе одам со време на заболекар да не тргам мака како минатиот пат.
     
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.448
    Допаѓања:
    13.488
    Пол:
    Женски
    Отстранување на џебови не постои, еднаш чим се создаде џеб, со здравје да си го носиш. Многу ретко ако е ептен мал може да се затвори, ама тоа е речиси никогаш.
    Џебовите не се никаков проблем ако се здрави и чисти. Болат ако се наполни со храна, ќе се воспали, ќе почне да крвари. Ако имате добар имунитет, може да се среди сам од себе, во смисол да се исчисти сам и да престане да боли, ама најчесто треба да се оди на забар да ви го исчистат. Многу често џебовите се воспалуваат кога во нив се собира забен камен кој го иритира непцето и затоа само забар може правилно да го исчисти. Колку и да е длабок еден џеб, неговото чистење не боли ако не е воспален. Значи ако редовно одите да се чисти забниот камен, не би требало да ви реагира.
    Кога ќе се воспали џебот, неговото чистење е малку болно, меѓутоа брзо после тоа олеснува, болката што сте ја имале за кратко време ќе ја снема и за неколку дена ќе престане и крварењето. По потреба може да се користат некакви лекарства, ама најчесто добриот имунитет ќе ја среди работата.
    Некои луѓе си знаат дека имаат џеб и дури и кога чувствуваат дека е малку воспален не одат да го средат тоа. Ако имунитетот ви е ослабен и организмот не може да се избори со бактериите во џебот, има голема шанса забот да загнои исто како кога е расипан, дури и да отече. Ама ако одржувате правилна хигиена и редовно одите на стоматолог, џебовите не се ништо страшно и лесно се контролираат.
    Ако има јака болка од некој џеб, можете да пробате да го исчистите со малите интердентални четкички (специјални четки за мегу забите) и со тоа да си олесните додека да отидете на забар за да комплетно го исчисти џебот.
    Се надевам на некого ќе помогнам. :)
     
  11. Angel-G

    Angel-G Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    61
    Здраво девојки,

    Гледам пишувате за разни проблеми со заби и уста па може некој имал слична мака па може ќе ме упати на права адреса. Еве месец дена се соочував со со црвени топчиња на двете страни од јазикот(знаачи не се афти, тоа ми го потврдија лекарите) , ама нешто не знаат што се.Значи печат, пецкаат , едноставно како да го горат кога ќе се вознемират , а тоа најмногу го осеќам навечер кога ќе се смирам.Од терапија ми дадода лизобакт да лижам , ама само моментално ме смируваат и после пак истото си пече.Плакнам со жалфија, сода бикарбона се уредно и ете уште ги имам.Значи бев кај општ лекар, стоматолог , спец.по усни болети ...направив и брис , утврдија дека нема кандида и други бактерии.На крај демек од нервоза ми биле па ми дадоа и седатив да пијам, еве и него го пијам , ама нешто ни он не помага.Ми остана уште крвна слика да проверам (тоа јас самата си побарав, чисто да не има некоја скриена болест не дај боже). Ако некој имал слично искуство , нека пише или овде или ЛП , зашто ставрно многу сум очајна ,веќе не можам да ги поднесам овие досадни напасти на јазикот.
    Фала ви многу , ваша Ангел!
     
  12. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Да ве прашам...имал ли некој проблеми со отидена напред горна вилица?...Сеа дали кога сум била мала од цуцлата или од други некои причини..горната ми е баѓии напред...Како помала не го носев редонво апаратчето а сега се свестив и обавезно навечер го ставам...Таа шо ми е матична не рече ништо за фиксна.Е сеа побавно ама само да се исправе...Е мене шо ме мачи е да не сврате назад после кога ќе се врате оти еднаш може пола година носев редовно и се исправи.....И се врати назад :( ..Ако знае некој нешто нека каже
     
  13. Luna13

    Luna13 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво,

    Имам еден проблем, кој започна пред празнициве. 3 години одев кај еден стоматолог кој 6-ката ми ја поправаше 3 пати (целиот зафат-бушење, чиштење и пломбирање траеше 15 мин) и ми викаше дека наводно забот се расипува одново и одново. За среќа најдов друг стоматолог, кој уште на првиот преглед ми кажа дека 6-ката ми е многу расипана и дека најверојатно ќе мора да умртвуваме нерв. И ок.....почнавме. Ми стави „лек“ за умртвување, ама наместо 3 недели, мене ми стоеше 1 недела, зашто ме болеше забот и мораше да ми го извади „лекот“. Направив снимка и увидовме дека има мал гноен џеб. И од тогаш па наваму имам отидено минимум 10 пати на забар. Најпрво ми ги чистеше каналите-и според него тоа е успешно, ама......сега проблем прави џебот. Стоматологот ми е срце, па ми објаснува се, ама јас и баш не го разбирам :) . Нешто има врска со коската на забот и џебот. Ми го чисти со некои како игли и со нешто што личи на дрвени стапчиња :) , па после ми става некој лек за да не ми гнои (зашто по празнициве ми загнои, ама се дренирал преку каналите што ми се отворени, и преку тоа што забот не ми беше затворен, па пиев и клиндамицин). Прашањето ми е: Дали е нормално ова волку долго да трае, и дали има некое побрзо решение-освен вадење на истиот, зашто веќе ме фаќа паника дека ќе мора да се вади, а не сакам да вадам заби на 26 години.

    Фала однапред за одговорот.
     
  14. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Нормално е. И јас имав таков проблем, и едвај го спасивме забот, кој сега ми е умртвен и од тогаш не сум имала никакви проблеми со него.
     
  15. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    Со мобилна протеза процесот на враќање на горната вилица значително е подолг, а и како што пиша вилицата повторно се враќа во првичната положба.
    Мислам дека непотребно, без значителни резултати (или повремени резултати) ќе се мачиш/малтретираш со мобилна протеза.
    Можеби треба да го прашаш ортодонтот за вадење на два симетрично поставени заби од горната вилица со цел да се отвори повеќе место, па со ставање на фиксна протеза забите да се поместат наназад..би требало тогаш резултатите да се трајни иако никој тоа не го гарантира.
    Постои и операција на максилофацијална хирургија за скратување на коската на горната вилица под услов да ти се во правилна положба забите :)
     
  16. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Денеска баш бев и а прашав дали може да се врате назад пак и она ми вика не...Рече дека за околу година(може и помалку ако сум упорна односно да го носам цело време) ќе се исправат...и кај мене не биле забите искривени туку вилицата....фала на одговот ќе и кажам на следната контрола
     
  17. Little.red-girl

    Little.red-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    3
    Здраво имам еден проблем.Кога станувам сабајле имам крв на забите, може ли некој што знае да ми каже што да правам и зошто ми тече крв? :(
     
  18. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Иди да си ја провереш крвта. Крварењето од гингивата може да биде и сериозно, не сакам да те плашам но...може да се работи и за недостаток од некој витамин, најчесто е на витамин Ц, обавезно многу витамини, лимони повеќе и на лекар.
     
  19. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Како лице кое студира Стоматологија имам заби тип топ да речам , сите ми се прави бели , дадов 7000 да ги направам бели пломби имам неколку но имав голем проблем
    Најскапа паста користам и плак за уста , но ми мириса здивот и од кога ке ги измијам забите , џвакам мастики на 2 минути ги менувам , и на крај ја открив причината
    Хеликобактери Пилори
    многу ме мачи бактеријава едвај чекам да се спасам
    :(
    треба да идам сега апчиња да ми препишат...
     
  20. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Некое време приметувам дека во сонот крцкам/чкрипам со забите и тоа многу :tmi: од што може да е ова? некој лек за тоа? :?: