Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Feme

    Feme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Барам совет од Annath за мојот 9-годишен син, на кого стоматологот уште во јуни му извади 1-горе лево, без да се клати, најверојатно мислејки дека веке е време да се направи место. До денес му нема порасното единицата, а во една консултација со ортодонт пред ова да се случи, ни беше речено дека има касна дентиција. Тоа значи сега да си чекаме, чаре? Треба ли нешто да се превземе?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.425
    Пол:
    Женски
    Feme, дали сте направиле некакви снимки на тоа место, да се види дали има траен заб во коската? Млечните заби, особено единиците паѓаат некаде во периодот од 6-7 година, кај некои деца малку подоцна. Сите млечни заби се расклатуваат поради тоа што има траен заб кој треба да дојде на нивното место, па кога ќе добие стимул за растење, почнува буквално да го „јаде“ коренот на млечниот заб, или како што велиме ние стручно, почнува ресорпцијата на коренот. Ако забот не се клати, или нема заменик, тоа може да значи дека или заменикот е поставен малку подалеку од млечниот заб, а можеби и почнал да расте на тоа место што е подалеку од заменикот. Исто така, може да се случи трајниот заб да не го добие потребниот стимул за растење, па си останува во коската. А постои и можност да нема траен заб, а тоа е веќе генетски недостаток кој се решава со вештачки заби.
    Ако забот целосно оформен постои во коската треба да му се даде стимул за растење (може со користење на мобилни апаратчиња), а некогаш може да е потребен и оперативен зафат за да се ослободи запчето од коскениот оклоп - ама не е ништо страшно, тоа е рутинска операција (кортикотомија).
     
  3. Feme

    Feme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ти благодарам Annath за одговорот, и вистина е дека има генетски недостаток според направената снимка, но кај горните 4-ките кои воопшто нема да му пораснат. Единиците ги имаше, едната е веке порасната, а другата најверојатно ке треба да се стимулира со зафат како што впрочем пишуваш. Претпоставувам дека е време да интервенираме со посета на ортодонт. Како куриозитет, другиот син кој веке има 14год. според направената снимка нема горни ниту 4-ки ниту 5-ки, но има големи плочкасти заби па се спојуваат како што растат 6-ки и 7-ци. Во консултација тогаш со ортодонт рече дека има такви случаи се разбира поретко.
     
  4. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Можно е на моиве 19 год да имам сеуште неизваден млечен заб? Петката ми беше расипана но воопшто не се клатеше, една вечер многу почна да ме боли. Отидов кај мојата заболекарка ми го виде забот и вика јас мислам дека ова е млечен заб и ме прати да го снимам. На снимката покажа дека е млечен заб и дека ми расте нов заб, многу убаво се гледаше на снимката. Го извадив забот а новиот заб се гледа малку. Дали е ова во ред, и дали ќе ми порасне забот како што треба??
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.425
    Пол:
    Женски
    Можно е Savana, не е тоа редок случај, доста често се среќава, најчесто со тројките, ама ете, кај тебе била петка. Трајниот заб едноставно не добил стимул за растење и си останал во коската. Штом се извади млечниот заб, може да се направи мала интервенција ако е потребно - тоа е т.н кортикотомија - рутински зафат при кој забот се ослободува од коскениот оклоп. Ќе си порасне сосема нормално, особено ако е правилно поставен. И да не е, денес има чаре и за тоа - со мобилни или фиксни апарати, само што мислам дека нема да има потреба од тоа, може на забот му требало само малку простор.

    Јас лично имав млечна тројка до 18 години, ја извадив и ми правеа кортикотомија, па носев мобилно апаратче за да се исправи, бидејќи беше скоро хоризонтално поставен. Сега ми е забот на место :)
     
  6. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Annath а за колку време ќе ми порасне новиот заб? Онака како што треба?
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.425
    Пол:
    Женски
    Зависи како е поставен, колку е далеку од неговата вистинска локација и што се користи за да се донесе на тоа место. Во просек 6-8 месеци, а може и до година дена. Како што кажав, зависи од многу фактори. А тоа не е некој многу долг период.

    Во мојот случај, беше потребна година дена за да се исправи забот од хоризонтална положба во вертикална и да се довлечка на своето место (беше малку подалеку). Со комбинација од фиксен и мобилен апарат и упорност се среди ситуацијата :)
     
  8. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу Annath, јас сакам одма преку ноќ да порасне :D немам трпение :lol: Поздрав
     
  9. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Ми се направи како гнојна кесичка на долната уста, и ми е потечена устата од таа страна :^)
    Не знам од што ми е, не ми изгледа како херпес воопшто, и до сега не ни сум имала херпес, испаничив сабалјево. Доколку имал некој ваков проблем, ве замолувам да ми кажете за што се работи.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.425
    Пол:
    Женски
    Ако ти е на слузницата, од внатрешната страна, можно е да ти е воспалена некоја од малите плунковни жлезди. Тие најчесто предизвикуваат такви гнојни ќеси. Не е ништо страшно, ако не пукне сама, ќе одиш на стоматолог да ти ја среди. Ако не е многу длабоко поставена, сама ќе пукне, па ќе истече гнојот. Можеш да ја плакнеш устата со 3% хидроген (не голтај!), и со антибактериска течност за уста (ги има повеќе). Обично ваквите воспаленија брзо поминуваат.
     
  11. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Анатх во последно време почнаа да ми се поткршуваат двете единици, што естетски многу ми пречи. Мојот стоматолог ми ги пополнува со некаква смеса но по месец дена е пак исто. :( Ги мијам редовно понекогаш и по трипати во денот со лакалут. На кој начин би можела естестки да го подорам нивниот изглед и да го спречам ваквото поткшување, а и од што би можело да настанува,таа мислеше од крцкање на забите навечер но јас ваква навика немам :( :*
     
  12. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Annath пред некое време ми ставија пломба на предниот заб ( единицата). Вчера почна да ме боли забот но само на допир, воопшто не можев да го допрам. Сабајлето кога станав малку горната усна ми беше потечена. Во што е проблемот, дали треба на забот да се стави прво лек да делува па потоа пломба? Викендов не можев да отидам на заболекар, утре конечно одам.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.425
    Пол:
    Женски

    Може да ти е од тоа крцкање навечер, може и да не знаеш дека постои кај тебе, бидејќи тоа најчесто се прави во длабок сон. Наречено е бруксизам, и обично е на нервна база. Ако не е тоа, веројатно предните заби ти се склони кон абразија, т.е ронење на забната глеѓ. Тоа не е процес кој може да се спречи бидејќи таквата абразија е нормална со текот на годините, меѓутоа не толку изразена како во твојот случај. Причини може да има повеќе. Може да биде поради нервози, стресови, анксиозност; може да јави ако долните заби се со порцелански навлаки; при постојано долготрајно држење на тврди предмети во устата и грицкање на истите; при зголемен внес на кисела, газирана или слатка храна која подолго се задржува во устата; при нарушувања и болки во виличниот зглоб - сепак, најчеста причина се или нервозите, или процеланските навлаки на спротивните заби, а може и да влијае дејството на киселините од храната.
    Како да се спречи? Не може целосно да се спречи, но може да се намали. Прво да се открие причината и да се отстрани, потоа да се примени и некој препарат што содржи флуор и тоа локално - да се премачкуваат забите, за да може да се зацврсти кристалната решетка на глеѓта и таа да стане поотпорна на кршење. Исто така може да се стават и пломби како привремено решение, меѓутоа, прашање е колку ќе се држат. Ако многу ти пречи, и ако не помине за брзо време, може да размислиш за протетичко решение.


    Можно е да имаш процес на коренот на тој заб, кој сега се активирал. Ќе мора да се извади пломбата и да се отвори коренот на забот, да се извади и исчисти содржината на коренскиот канал и кога процесот ќе се излекува да се затвори. Ама прво да се направи снимка, да се види дали навистина се работи за гноен процес на коренот, или нешто друго. Има различни видови на лекови кои се ставаат во забот, со различно дејство и намена, зависно од тоа што се лекува. Твојот стоматолог ќе ти каже за што навистина се работи кога ќе ја види снимката, само од симптомите понекогаш не може да се заклучи што е причина за болката.
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали е точно дека на заб на кој му се извадени живците(нервите) по некое време почнува да ја губи бојата и да темнее? И ме интересира миелењето на Аннатх за порцеланските заби, дали се добри, колку се трајни и се поврзано со нив.
     
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Исто и мене така ми се случи со еден заб. Ми го снимија и стоматологот ми кажа дека имало некаков процес внатре, нешто во стил на темпирана бомба :o . Пред тоа една недела ме болеше само на допир, а јас се труев со аналгини и кафетини. Затоа ти препорачувам веднаш да си отидеш на забар. Кога ми го отвори забот, болката веднаш ја снема. Ми стави некој лек, но само што отидов дома пак почна да ме боли, посилно од претходниот пат. Ми го извади лекот и ми го остави отворен забот и ми препиша некакви апчиња да пијам една недела. Ги пиев и после тоа започна со лекување. Па да не претеран ама ми го лекување некаде околу 2 месеци. На секој три-четири дена ми го вадеше лекот и ставаше нов. Сега веќе поминаа две години и се ми е во ред со забот.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.425
    Пол:
    Женски
    Точно е дека забот потемнува кога му е изваден нервот. Нервот т.е пулпата е витален дел од забот кој го исхранува и со самото нејзино вадење или изумирање, секнува основниот извор на исхрана на забот, па тој потемнува и станува покрт и склон кон кршење.

    Што се однесува до порцеланските заби, како протетски надоместок се едни од подобрите варијанти. Естетски се одлични, исто и функционално, меѓутоа не се препорачува да се ставаат ако антагонисти, т.е спротивни заби им се природни заби бидејќи доведуваат до нивно изразено трошење, односно абразија. Исто така се поскапи од акрилатните, меѓутоа, подолго траат (гаранцијата е од 10-15 години) за разлика од акрилатните (имаат гаранција најмногу до 5 години) кои лесно може да се скршат. Не дека и порцеланските заби не можат да се скршат, но тоа е многу поретко. Инаку, постојат две основни варијанти на процелански протетски надоместоци:
    - со метал - т.н метал керамика, каде што основата на протетската надградба е метал, а само видливиот дел од забот (предната и џвакалната/сечилната страна) се со порцелан
    -чист порцелан - керамички надградби каде што цел заб е направен од порцелан со посебни техники на изработка

    И кај двете е потребно стружење на забите носачи, со претходен преглед и снимка и утврдување на способноста на тие заби да бидат носачи на порцеланската надградба. Инаку, било која надградба во устата и на забите предизвикува промени на непцето (гингивата) - повлекување на истото и формирање на џебови, а исто така предизвикува промени и на самиот корен и коренскиот апарат на забот поради притисокот што тие заби го трпат особено ако се крајни носачи на мостови (без разлика дали се метал керамика, метал акрилат или само керамика). Со редовни контроли и одржување на добра орална хигиена, тие проблеми се минимизираат.

    Се надевам дека дозна се што те интересира :)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Фала Аннатх, мене пред неколку години заболекарката кај која тогаш одев ми ги извади нервите на неколку заба, затоа што забите ми ги правеше со анастезија :( Сеуште не ми се потемнети, но слушнав дека со текот на времето губеле боја и затоа планирам да ги сменам со порцелански. Затоа ме интересираше твое мислење за порцеланските заби, бидејќи сите околу ме убедуваат дека немало ништо подобро од свој заб и такви ствари, а јас стварно имам желба за порцелан, па ќе видам што како понатака. Фала уште еднаш за објаснувањето :*
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.425
    Пол:
    Женски
    Нема зошто Боависта, повели и друг пат. Инаку, арно ти рекле дека нема ништо подобро од свој заб, барем оние што тоа го осетиле на своја кожа знаат како е. Ако толку многу ти пречат потемнетите заби од естетска гледна точка, твоја е одлуката дали ќе си направиш порцелански надградби или не ;) :)
     
  19. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    BoaVista и јас се отрув од аналгини :lol: , мора да одам на стоматолог. И мене прво ми ставија пломба па лек и сега пак пломба и еве ме боли. А приметив денес внатрешно над непцето имам како нешто подуено на допир малку ме боли, можно ли е да имам гној? Леле се плашам што ќе да е ова. Ве молам за одговор.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.425
    Пол:
    Женски
    Можно е да имаш гноен процес само на гингивата, а не и на забот, но штом велиш дека забот те боли на допир, може да биде процесот на коренот, па ја пробил коската и излегол во гингивата. Вака многу не можам да ти кажам, веројатно стоматологот утре ќе ти препорача антибиотик и ќе ти го отвори забот.