Тоа се нарекува бруксизам, прочитај повеќе на интернет кога ќе имаш време има доста пишувано. Во главно, велат дека е најчесто од стрес, но може да е и резултат на слаби темпомандибуларни зглобови (зглобот што ти мрда на допир кога отвараш-затвораш уста). Најубаво е да отидеш кај стоматологот и да му кажеш па тој ќе те упати каде може по мерка (никако од готовите т.е. една мерка за сите) може да ти направат сплинтови, тие се силиконски штитници кои ги ставаш навечер на долната или горната вилица. Нема да го спречат чкрипењето ама ќе спречат оштетувања т.е. ронење на забите. Инаку поради тензијата која ти се ствара кога ја стегаш вилицата навечер можеш да осетиш и зуење во уши, глаболки, болки во врат, кочење и болка во зглобот на вилицата, еве јас како паталец на пример имам зуење во ушите и болки во вратот. Јас би ти препорачала доколку си нервозна да намалиш стрес општо за твоето целокупно здравје и навечер пред спиење пиј Б6 витаминче, не може да шкоди, а може да помогне - мене ми помага.
Пред 5-6 месеци вадев шестка. И денеска осекам нешто испакнато таму гледам на огледало како црвена точка една и бело како плик. Го допрев и прсна крв и малку гној. Луѓе што е ова? Што да правам?
За сите кои имаат проблеми со непцата, задолжително да си купат мека четка. Јас со години купувам од Сенсодин, не е скапа,околу 140ден. е, ама со неа миењето заби е одлично и неспоредливо со другите четки. Џабе е да ставаш сенекакви пасти, течности, билки, ако не ти е убава четката.
Болка е индивудуална работа, ама не верувам дека ќе поправаш заби без анестезија (која не боли, повеќе е непријатно кратко боцкање) така да нема потреба да се секираш.
Не знам дали сум на правото место, еднаш пишав, не добив одговор... Дали може некој да ми каже дали постои друг начин на исправување на заби освен со протези? На стоматолог ми рекоа дека најдобро е да се носи фиксна протеза. Но, не можам да ја носам, женско сум , 21г. имам срам ми е. Не знам зашто ама не сакам. Дали би имало ефект доколку носам мобилна само на спиење? Читав на интернетов, имаше за бондирање на заби и ламинати, нешто како исправување на вашата насмевка, вашите заби... Што е тоа? Ве молам за помош, дали би имало ефект само со мобилна протеза и/или друг начин на исправување освен протеза. Инаку, сите заби ми се прави доле, горе ми се криви само единиците и двојките. Поздрав и благодарам.
Во моментов топ ми е устата и забите, ама потенцијално можам да имам проблеми затоа што забележувам дека ми растат умниците, т.е. осмиците. Десната 8ка ми е веќе никната и е во фаза на растење, а левата еве ја почнува да се пробива. Обично тоа се проблематични заби (http://en.wikipedia.org/wiki/Wisdom_tooth) и во повеќето случаи се вадат. Сега за сега добро е немам никакви проблеми но ќе направам рентген снимка за секој случај да видам дали има доволно место за да изникнат и израснат без да влијаат врз останатите заби. Доколку некоја феминка вадела 8мици нека сподели искуство какви симптоми имала и била принудена да ги вади. Што се однесува до четка, ви ја препорачувам Colgate 360, чини 240 денари ама вреди пошто е фантастична. А за паста се знае, Lacalut Aktiv фаворит бр. 1 и за мене.
Незнам дали прашањво е за тука ама ајде Пред недела дена додека јадев си го прегризав јазикот и тогаш само малку ме здоболи и сега од саботата почна страшно многу да ме боли.. Едвај голтам вода или плунка, а за јадење ич да не правиме муабет Некако јазикот си го чувствувм како отсечен на тоа место, и болката никако да прекине,, од саботата е константна. Де дај кажете некој совет, да ставам нешто на тоа место кај што се преапав или.. ?
Тоа бондирање и ламинати, во основа е како коронки на забите да ставате. Малку понежно е на забите, само од напред се стругаат наместо од сите страни и се одзема помалку од забот, ама пак е оштетување на забот и стварно е греота на здрави заби да им го правите тоа. Има некои го прават тоа за многу обоени заби, ама за мало искривување стварно не ја гледам логиката (здрава рака во трн да си ја ставаш)... Сега има лингвални фиксни протези што се стават од внатре на забите и не се гледаат. Се носат подолго од овие обичните од напред, ама се ефективни. Одете до некој ортодонт да ве прегледа и да ви каже дали имате услови за такви протези. Доста се и скапи, ама и ламинатите не се ефтини. Вака барем не си ги уништувате забите. Ова е само мој добронамерен совет, колку и да ви се криви забите ниеден стоматолог со правилна етика не би требало да ве поддржи во идејата да стругате здрави заби. Кажуваш дека веќе ти се појавиле забите во устата. Ако до сега не ти се искривиле предните заби, сега веќе не би требало, или ако делуваат тоа да биде ептен минимално. Ама без да се види во уста ништо за сигурно не можам да ти кажам. Направи си снимка и збори со стоматолог. Ако стварно е критична работата, кога веќе се никнати кај матичниот ќе ги извадиш со обична анестезија. Ништо страшно. Пробај со прополис. Супер е за афти и рани во устата. Болката што ја имаш е затоа што јазикот е полн со нерви и е многу осетлив. Ако е ептен длабоко, можеш да одиш на стоматолог да го премачкаат местото за да зарасне побрзо. Како и да е, мораш да го пребродиш зараснувањето.
Машала па јас совети од стоматолог добивам ако е вистина тоа што ти пишува во полето професија на профилот. Епа нема искривување на било кој заб што значи се е во ред иако не може со сигурност да се каже ама апсолутен позитивист сум. Горните умници се никнати без проблем, еве ги долните растат и се пробиваат. Значи full заби ќе имам, 32 комада. Nice.
Значи вака.. бев на заболекар за чистење на забни корења и едниот корен се ичисти нормално но другиот постојано крвари и заболекарот не може да ми го затвори забот поради таа причина.. денес ќе одам да направам снимка.. ме интересира да не знае некој дали можеби поради тоа ќе морам да го вадам забот бидејќи не ни ме боли..
Еве и јас да се пожалам овде,имам проблем со умникот горе десно веќе 1,5 година и повеќе ,ме заболуваше одвреме навреме ама не обврнував внимание. И сега пред една недела почна повеќе да ме боли и кога пипкам завчера тврдо ми беше непцето и мног ме боли, изгледа умникот неможе да пробие. И отидов на стоматологија денес,одвај најдов матичен/и не ни знам дали ме запиша, ме прегледа и вика ауу ова е за вадење и ме прати на орална изгледа за хирургија мисли. И не отидов, проблемот е што морам да се вратам во гр во недела и ќе доаѓам дури во лето ,освен ако нешто не се искомплицира па да го вадам во гр, ќе си чекам повторно да дојдам во мк. Ме интересира дали некаде во некоја ординација низ ск вадат умници, имам плави картони, ако може да ми пишете и колку трае таа процедура, дали треба шиење некакво , каква анестезија се става да ми објасните
За неникнати заби мора да си најдеш орален хирург да ти ги извади, обичен стоматолог не. Затоа таа те препратила. Точно во која приватна ординација можеш да најдеш таков специјалист не знам да ти кажам, ама јас моите осмици ги вадев на максилофацијална хирургија, 700-800 денари ми земаа со плави картони. Приватно прашував, беше 2000 денари и нагоре. За процедурата ти даваат анестезија исто како за обично вадење, може по потреба покасно да додадат уште ама најчесто со една инекција се завршува работа. Кога не е никнат забот, обавезно се шие местото после вадење, конци се вадат после една недела. Може да има оток два три дена, ама ништо страшно. За неколку дена си како нова, после вадењето на конците како ништо да не било. Мене лично во муабетов што го кажа не ми се свиѓа заклучокот на таа дека тој заб е за вадење. За тоа треба снимка, а не од око да си кажува. Некогаш малку го засекуваат месото чисто колку да пробие забот и после си никнува без проблем. Снимај го па прашај си како е ситуацијата. Ако лошо расте, тогаш треба да се извади за да не направи други проблеми. И би ти препорачала побрзо да си ја решиш работата зошто има многу компликации кои може да настанат, а веќе се жалиш од болка. Оди извади го додека си тука, па конците нека ти ги извадат во Грција. Некогаш такви крварења им треба време сами да се смират. Нека ја види снимката и нека проба да го среди. Ако не може да го смири крварењето, нека те прати на клиника на болести на заби. Можеби има потреба од некоја поголема интервенција, ама сепак постои начин да се спаси забот од вадење.
Јас саботата се праев операција на непцето(кончето),доле. Ништо страшно! 5 мин работа и пред се добра хигиена и тоа .Не се надевав дека ќе биде толку брзо и безболно
dali nekoj mozi da mi kazi ovie implantantite na zabi sto se klavat kolku pari se i dali e opasna operacijata mi treba za eden prijatel da znam deka treba vestacka vilica da klava a so implantatite mozebi poarno ke mu bidi nema plastika vo ustata da nosi