Вака ке ти кажам, имам пријателка што на 23 години стави вилица, а имам и што стави имлантанти, и оваа со пластичната вилица е позадоволна, оваа со штрафовите ја боли, па ако се скши тежок е за вадење и и настануваа многу компликации, додека другава со пластицна вилица си ја лепи со лепак и и е супер, и не се приметува дека е вилица, како природни и се
Сакам да прашам некој поискусен тука што имал проблем како мојов.веке има скоро година устата почна да ми мириса лошо во одредени случаи ми е непријатно да стојам блиску до некој и непцата ми крварат кога ги мијам забиве што моЖе да биде дали некој знае како да го решам проблемов?
Вака значи пред 2-3 години ми се појави како бела дамка на забот поточно на двојката. Од тогаш си стои и никако да ја снема. Немам носено протеза и не знам од што ми се појави. Ама почнува да ми пречи веќе. Има ли некој со нешто слично вакво и дали користите нешто за да ја снема таа дамка?
Мене ми се случи обратното. Од кога имам трајни заби, имав бела флека на кецот, мислам дури и дека беше на двата кеца, не се сеќавам, лоши спомени ... Како и да е, на околу 20-21 години ми ги снема флеките, без ништо да им правам на забите, така да појма немам зошто се појавуваат и како да се тргнат. Си прават самите како што сакаат ?
Ми треба да ми препорачате квалитетен доктор/ка по стоматологија во Скопје. Мојата отиде на породилно и замената не ми се свиѓа. Ми треба некој што е стручен,сака да објаснува, се грижи за пациентите, има апаратура за чистење на забите од забен камен и сл. и да забележува промени на забите од типот скриен кариес,т.е да има искуство.
Имам 20 години и сакам да ги ги направам забите како што треба. Одев на заболекар и сакаат да ми стават порцелански. Некој ми вели дека сум сеуште млада за порцелан...... бидејќи вилицата може уште да расте до 25 години и може да настане проблем и не знам што да правам.............
девојки, знае некој колку чини поправка на горна скршена единица, некое искуство, препорака на ординација и сл...... фала однапред
Имам промбиран заб, 5ка, но премногу ме боли. Бев да го снимам ми рекоа дека не му е ништо. Но премногу ме боли. Помош? Од што би можело да боли? И имам уште еден, не е расипан, здрав е, на топло/ладно боли. Немам направена снимка, што би можело да е ? Ве молам за помош .
Сосема е безболно, постапката е брза ништо страшно. Јас не памтам веќе ни колку пати сум била да ми го исчистат забниот камен, веќе и на стоматологот му здосадив
Тоа што толку многу те боли 5-та може и да не е добро направена снимката,па покажува погрешни резултати.Без снимка,не може да знаеш дали забот е здрав или расипан,освен ако така ти кажал твојот матичен стоматологот.Штом реагира на топло/ладно нешто не е во ред.
инјекциите болат многу? колку реме трае чистењето на забен камен? Дали боли многу поправка на долна вилица забот помеѓу 1 и 2
1. Болката е индивидуална. Се работи за некои 3 секунди непријатно чувство кое гледано временски и не е така страшно. 2. Чистењето на забен камен зависи ситуацијата во уста. Ама не е повеќе од 20-тина минути и најчесто е во две сеанси но пак...зависи од количината на забен камен, дали имаш пародонтални џебови за обработка и слично. Се надевам ти помогнав колку-толку...
1. Пецкаат, моментално е тоа. На горната вилица боли помалку, а на долната повеќе зошто ја брцка иглата во непцето на долната. 2. Околу 20 мин. зависно каде ќе одиш. Кај мојата заболекарка толку е. Имам одено и кај други, но кај оваа е најбрзо, најефикасно и речиси безболно. 3. Не би требало да те боли многу, претпоставувам дека тука не се работи за многу расипано, бидејќи е меѓу тие два заби. Ќе имаш блага, многу лесно издржлива болка. Не се плаши.
Џебовите се обработуваат со рачни инструменти не со машински како за забен камен. Обработката може да ти делува малку грубо но е за твое добро и не, не е толкава болка за да мора со инјекција
^^^ Епа ме премачкаа некоја паста на С .. и ми дадоа ампицилин(500мг..99 ден. Зегин) по секое јадење на 6 саати да го пијам,но никако на гладен стомак макар и сок да сум се напила... Да сум ги стругала и непцата и да прокрвареле не било страшно. За една недела ќе одам да ми давад забен камен,малку болело ми кажа лекарот и сум имала сега инфекција на непцето и затоа ми крварело од време на време,а не било џеб... па страв ми е и ќе видиме за една недела обавезно ќе пишам .. а да и кажа дека ќе ми ги полира забите право инаку се било супер со нив освен каменот.
Горната шестка ме боли премногу, значи отворена е, падната пломба и плус онака е расипан...Не верувам дека ќе може да се направи, сигурно ќе ми го извадат...Планирам да одам утре. Сега сакам да прашам, дали има врска вадењето на заб со циклусот? Моментално сум во тие денови и страв ми е за крварењето...Прв пат ќе вадам заб и умирам од страв