на стоматолог одам повеќе од 5 пати годишно, секој ден мијам заби, пијам чај од нане и пак имам лош здив. И сега?
Помош!!! Бев завчера на заболекар, премногу ме болеше поправан заб пред 3 години. Направив снимка ми рече ок е забот. Ми очистија камен, демек можело од тоа да боли. Повторно боли дури и повеќе. Што да праван? Вчера ме болеше цела страна и горната лева страна дури. Барам совет, што да правам? Панорама? Може да е нешто поврзано со 8? Немам ни една искочена?? И што би можело да е, и секако, болката и постапката која ќе ја трпам
Ако вентор не ти помага, појако апче само дијазепам, а и тоа не знам колку би помогнало. Ќе отекуваш уште повеќе, не чекај до сабајле. Оди на дежурна да го отворат забот, до сабајле ке спадне отокот па после ќе си видиш кај матичниот што понатаму. Провери си го желудникот. Има бактерии кои предизвикуваат лош здив. Ако твојот стоматолог ти вика дека забите ти се во ред, причината мора да е на друго место. Од осмица не боли само едно место, боли цела страна. Ако болката почнала од еден заб, поверојатно е дека таму е причинителот. По чистење на камен нормално е да се појави поголема осетливост, ама тоа престанува по неколку дена. Ако не се смири за уште ден-два, оди пак. На крај краева, направи си снимка, може има кариес кој визуелно не може да се дијагностицира, туку е скриен меѓу забите. И уште нешто, ако болката ти е од ладно најмногу, најверојатно е тоа што ти рекле - насобран забен камен и осетливост на забот и ништо повеќе.
Spidy како што гледам забарка си па имам прашање Пред скоро пола година си го правев забот кај една забарка, постара жена. Ми стави пломба ама после кога јадев ме болеше забот. Ок, друг забар после тоа се мачеше 300 ствари ми направи, незнам лек од страните, лек ваму, лек онаму, пломба ваму онаму ама уште ме боли. Од што не можам да јадам на таа страна, јадам само на една, а имам изместена вилица и сеа ми се разбатали вилицата, на секое јадење ми пука вилицата и језиво е многу. И сакав да прашам дали избелувањето на заби (на замар нормално) може да ги оштети забите? Некој совет?
Спиди, болката е на ладно и пред да чистам камен. Болката најмногу е пулсирачка. Најпрво беше само на еден заб, а сега ми е и на горна и на долна вилица. Пиши ми што би можело да биде. Фала ти.
Зависи што лекови ти ставале. Ама ако се е завршено сега и пак имаш болка на притисок, тоа не е добро. Осетливост на ладно и топло е донекаде нормално после пломбирање, и со тек на време поминува, ама на притисок не. Јас би рекла тој заб да се снима, може има некој процес околу коренот кој не бил среден и може е потребно лекување (умртвување на нервот). Моја претпоставка е дека лековите што ти биле ставени биле да се спречи тоа, ама може не било ефективно. Како и да е, мала снимка на само тој заб се ќе каже. Тоа што јадеш од една страна воопшто не е добро. Тоа пукање може да престане ако почнеш пак да јадеш нормално, ама во мегувреме на страната на која не јадеш се собира камен и наслаги од храна и забите се расипуваат многу брзо. Додека да се реши забот, штеди го злобот. Пробај да не зинуваш максимално, устата да не ја отвараш повеќе од 2-3 прста. И немој да прегризуваш на предните заби, како на пример при јадење јаболко. Се што јадеш сечи на помали парчиња и јади само на задните заби. За белењето, мислам дека пишував и порано во некоја тема. Хемиско/ласерско белење е најчесто тоа што се применува, и мислам дека ниеден забар не треба да го препорача освен во екстремни случаеви. Ефективно е, нема муабет, ама со таа процедура се отстранува површинскиот слој од забот, и иако се заштитува после тоа, сепак забите се повеќе подложни кој повторно упивање на боите од храната и пијалоците. Како дел од процедурата, 3-6 месеци после белењето се препорачува воопшто да не се конзумираат обоени пијалоци (кафе, чај, газирани сокови), ригорозна хигиена и најбитно од се, една чим се избелени забите со тек на време бојата ќе се врати (во некои случаеви и потемна од порано) што значи дека белењето не е трајна процедура. Кога тогаш ќе треба да се повтори. Моја препорака би било да користиш паста за белење. Со секојдневно четкање ќе го одржуваш ефектот, а површината на забот само механички ќе се чисти наместо хемиски (што ја менува структурата на глеѓта). Би рекла дека осмица не е во прашање. Направи снимка на забот кај што почнало во случај да е инфициран просторот меѓу забите, каде од каменот може и да имаш развиено џеб. Ако на снимката нема ништо, речи му на стоматологот да ти стави локални минерали по забите, тоа помага во смирувањето на болката на ладно. И пробај купи си детска паста, во неа има повеќе калциум и флуор отколку обичните пасти, и тоа може да помогне. Минералите ќе се исталожат по површината на забите и ќе го изолираат забот од околните сензации како ладното.
денес ми вадеа забен камен и4 не боли! само ти допирааат до забите со машинката... Како да ги чистам дупкиве од храна? Нели ми го извадија каменот сега имам дупки,јадев и некако ми отиде леб таму.. И сега?
ми расти седмицата на долната вилица, од лева страна. Денес почувствував како целата долна вилица отекува. Никогаш порано не сум имала вакви болки. Како да го решам овој проблем,? и дали болката е поради новиот заб?
Болката е поради вадењето нов заб. За да ти го снема отокот, масирај го отеченото место, стискај го и плакни ја устата со чај од жалфија (да биде млак).
да се надоврзам Ми иде ладно само на едно место каде што ми бил забниот камен..Како да се справам со тоа? И непцето ми е како кога вадат заб,малку рана-темно... што да правам?
Се што ти се случува сега е заради новата ситуација, тој камен бил во устата долго време и сега се ќе ти биде чудно. Тие дупки е нормално да ги имаш меѓу забите, сите ги имаме, храна ти собира зошто уште е воспалено непцето. Ладното ти смета зошто каменот ги изолирал забите од надворешната средина, сега се на некој начин "голи". Непцето е разрането од чистењето, и тоа е нормално. Се ќе се среди за неколку дена. Треба да истрпиш. Само редовна хигиена и за некој ден ќе бидеш како нова.
Спајди, мене ме интересира дали веќе целосно изникнат умник може да биде изваден кај матичниот стоматолог или мора и за тоа да се оди кај специјалист ? Јас строго и' верувам на мојата лекарка, не би можела да замислам како би било кога некој друг би ми чепкал во уста.
Ако не е нешто многу расипан, или загноен, или со лошо поставени корени, не би требало да е проблем. Матичен стоматолог е опремен да извади заби, само лично до твојата докторка е дали ќе се нафати, дали самата смета дека може да го извади. Во последните години, многу почесто се препраќаат пациентите на орален хирург, чисто како претпазливост од страна на општите стоматолози. Како и да е, ако немаш некој поозбилен проблем со забот, би требало без проблем да се извади кај матичниот. Не е битно дали е умник или било кој друг заб.
На горната вeлица предните два заба ми се разделени и тоа многу ме нервира, ме интересира дали едниствениот начин да се 'спојат' забите е фиксна протеза
Кога сите млечни заби ќе се сменат со трајни, само фиксна му е решение. Ако многу ти смета, постои опција коронки. Ги стругаат твоите заби и ќе ти ги направат коронките пошироки за да се пополни просторот. Ама на здрави заби стварно мислам дека не би требало...
Најверојатно болката ти е од воспалението на непцето кое си го добила од забниот камен. Оди да си го исчистиш, само така ќе исчезне. Меѓутоа во меѓувреме можеш да го намачкаш местото каде што те боли со мед, ќе помогне, верувај.
Денес ми го вадеа нервот од забот...ми ги наполнија каналите и се тоа...Но јас кога ќе го чукнам онака со долните заби, чувствувам сосема мала болка...Дали ова е нормално? Дека веќе нема нерв па мислам не би требало да боли? Што ако нешто останало? дали може повторно да се отвори и повторно да се чистат каналите?