Е вака и јас имам едно прашање, извадив неколку заби е сега завцера требаше да вадам 5 и 6 доле, цела се здрвив од анестезијата, 5 ми ја извадија ама на 6 осекав голема болка како да немаше анестезија од што може ова да се случи, и бидејки ми се слоши скоро се онесвестив не го извадив ми рече за 10 дена да одам пак ама сега ми е страв, некој да имал слично искуство или некој совет фала ви
Па зависи колку време ти ја вадела 5ката, можеби поминало дејството на анестезијата па си почувствувала болка.
Тоа може да се случи од немарност или нестручност на докторот па инекцијата ја стаила само на првиот заб а на другиот не го погодила живецот или не ставила доволно анестетик. Анестезијата, трае 2 часа и неможе да исчезне за време на вадење на првиот заб.
Боли ли вадење на 6-ката? Страв во коски имам. Никако не можам да се убедам да одам да го извадам забот. А понекогаш ме боли и кога јадам, ама трпам се од тој пусти страв.
нема да те боли пошто ќе ти стават анестезија , нема ни да осетиш за време на вадењето е сега после нели 2 часа од кога ќе помине анестезијата нормално дека ќе те боли ама не е ништо страшно
Јас двете 6-ки ги имам извадено без анестезија. Да не се лажеме, боли доста Инаку со анестезија, воопшто не се чувствува ништо. После тоа е мачното, ќе треба една недела да ги миеш забите со чај од камилица или млака вода, додека да зарасне местото. Ако те боли, не му ја мисли.
да во право си јас цела бев здрвена, ама некако после 5 ме фати некоја паника и неможев да издржам, а претходен пат ми ја извади другата 6 без никаков проблем, можно е од преголем страв и тој ден бев доста вознемирена, сега го остави расклатен малце да се соземам, ми реце пред да одам да се напијам еден дијазепам од 2, па и дека вака расклатен ке нема проблем. Ах пуст страв
Дали може некој да ми опише подетално за операција на умници. Треба да ги вадам двата. Ме интересира за време на операцијата што и како е, дали боли, дали не, колку време трае операцијата, дали се вадат двата во ист ден (еден лево, еден десно) и за индикации после операција. Дали после ќе смеам да јадам се или не, колку време? И ако нешто заборавив кажете ми Многу би ми значел вашиот одговор. Поздрав, Маја
Моја препорака ти е прво едниот умник да го извадеш, па после извесно време другиот. Од сама причина што ќе треба да избегнуваш џвакање на таа страна, а и болката ќе е поголема, после анестезијата. Времетраењето на операцијата зависи од умникот, ако е некој со крив корен, може и да потрае, но отприлика е околу 20-30 мин, секако зависи и од стоматологот. За време на вадењето ништо нема да осетеш, бидејќи е со анестезија, потоа има болка но не е којзнае колкава. Ќе носеш конци некое време, обично една недела. По потреба ќе пиеш апчиња за болка (ќе ти препише стоматологот) и со чај од камилица ќе ја промиваш устата. Истотака важно е нежно со четката да поминуваш низ конците, бидејќи се натрупува храна на нив и доаѓа до лош здив. После операцијата некое време не се јаде, а потоа можеш се, само малку на почетокот ќе ти биде глупаво поради конците, но ќе се навикнеш.
Криви ми се, растат хоризонтално. Не се пораснати, се собира храна, како подуено е непцето. Многу лошо мириса и цела уста ме боли. И како, дупка ќе ми седи една недела? Ќе боли? Конците сама ќе си ги вадам или? Многу ти фала за одговорот, ако има некој/а друг/а искуство нека пише, ќе му будам благодарна
Пред три дена бев на забно за да ми ги вадат 5ка и 6ка но не ми ги извадија зошто ми беа отечени па ми препишаа капсули што треба да ги пијам 10 дена. Овие заби ми се расипани бааѓи долг период. Значи нема ни З од заб. Сето е како дупки и внатре од страните има заб, а на површината само мал дел. Ми препишаа капсули за да ми растечат забите, и за 10 дена треба да одам да ми ги вадат. Сега некој да ми каже каква е постапката, болно е или нормално како и секое вадење на заб.
нема да имаш дупка него на местото кај што ќе ти биде изваден забот ќе имаш конци ,ќе ти ги стават после вадењето на забот, а конците ќе ти ги извадат стоматологот(оралниот хирург) кога ќе отидеш на контрола ќе ти кажат таму кога мислам дека беше после една недела . нормално е дека ќе те боли сепак се праи операција засечено е местото и ќе чувствуваш болка да ама мора тој е процесот ќе си пиеш апчиња , нема да џвакаш на таа страна,по течна храна ќе јадеш ама во никој случај не се вадат двата заба одеднаш , не се ова 2ки или 3ки , малце се покомплицирани заби така да прво еден заб па тек таму после некој месец и другиот.
Ми расте умник ама нешто чудно се случува...не ме боли ама го осеќам веќе гребе, излезен е од жлабината. Но кога ќе притистам онака врз него има малку крв и многу непријатно мириса...Од што може вака? Бев на заболекар претходната недела, наредната пак ќе одам и ќе ја прашам, но можѓеби и вие нешто знаете за ова? :/
Имам проблем со умникот ме боли цела лева страна и грлото ми потече како топче се направи , три дена се трујам со апчиња за болка , што да правам да се смири малку ? Не можам на стоматолог бидејќи неам матичен тука каде што сум ... Помош ?
Ме болат забите ама само кога јадам нешто благо или кога пијам газирано ама поретко, почесто на благо ми реагираат. Дали можеби за некој кариес се работи?? Спојлер п.с Мразам забари
леле и јас да прашам нешто, денес бев на забар требаше да вадам доле шеска, ми стави анестезија и некеше воопшто да делува, после ми стави уште една но и таа не почна, дали дека пред да одам бев многу ептен нервозна а се имав напиено и еден дијазепам. Кое е друго решение ако и следниот пат не делува анастезија.
Феминки требада правам апикотомија, ќе може ли некоја да ми каже колку трае заздравувањето и после колку време ќе имам порцеланска коронка. Во брзање сум и мора да знам за да можам да го организирам времето. А дури после две недели ќе одам на забар.
После 7 дена (најверојатно) ќе ти ги извадат конците, а за коронка мислам дека може и после 9-10 дена да се прави. Но, со тоа ќе си се консултираш со твојот стоматолог.
Здраво дечки. Имам умртвена 6ка и веќе некое време ми е расипана ама имам страв од заболекар, па ја одлоував доста време. Сеа ми се направи топче, сигурно гнојно и ме боли. Немам проблем со вадење на заби, ама доста голем дел од забот е изгубен, па не знам како би ми го извадиле. Може ли некој да ми каже како оди постапката?
Дечки колку време трае отокот после анестезија ? Спојлер Обично правење на заб само со анестезија...ако е воопшто битно.