Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    ве молам за совет... веке два/три дена ме болеше увото незнаев од што и сега излезе дека можеби е од забот т.е непцето на крајот после осмицата ми е подуено и дел ми е како кожичка над 8мицата отечено и ме боли . што може да биде ,има ли некој искуство? Само да не се оде на заболекар :D
     
  2. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    80
    Дали ако имам отечен заб смеам да пијам топло и дали би имало спас за тој заб? Некој ми викаат дека не смее топло дека ќе сум отечел повеќе... Ве молам за помош и одговор.
    Поздрав.
     
  3. Ivanna7

    Ivanna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    умникот ти е активиран.умникот е мртов заб кој од време на време се активира...и предизвикува таква болка...за скоро време ке ти помини...тоа ке ти се случува 1-2 пати годишно
     
  4. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    80
    Не е умник во прашање, 6ка лево е, има лек на тој заб и ми отече...
     
  5. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    За топло и ладно нема врска, нема да отечеш повеке. Но за да видиш дали може да се спаси забот, ке мораш да отидеш на стоматолог.
     
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    13.490
    Пол:
    Женски
    Умникот не е мртов заб. Умникот е заб како и секој друг, само никнува последен, и често нема место за него па затоа предизвикува проблеми. Ама дефинитивно не е мртов, освен ако стоматолог не го умртвил од одредени причини.

    Пробај чукни го забот одозгора со ноктот. Ако имаш болка така, исчепкај го лекот одозгора со чепкалка или ако е многу тврдо со игла. Ти изреагирал забот од лекот, се случува тоа понекогаш. Ќе внимаваш да стои отворен, да не влезе храна во него. Можеш и да ставиш мало топче од памук во дупчето за да биде заштитено. И отокот ќе се смири. Ќе треба да одиш пак на стоматолог за ревизија на лекувањето, ама со неколку одења ќе се среди.

    Постојат различни видови на отоци, зависно што ги предизвикало. Можно е да те боли на многу топло или многу ладно и во тој случај треба да го избегнуваш топлото/ладното. Ако немаш болка, тогаш не е битно.
     
  7. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    80
    Пробај чукни го забот одозгора со ноктот. Ако имаш болка така, исчепкај го лекот одозгора со чепкалка или ако е многу тврдо со игла. Ти изреагирал забот од лекот, се случува тоа понекогаш. Ќе внимаваш да стои отворен, да не влезе храна во него. Можеш и да ставиш мало топче од памук во дупчето за да биде заштитено. И отокот ќе се смири. Ќе треба да одиш пак на стоматолог за ревизија на лекувањето, ама со неколку одења ќе се среди.

    Постојат различни видови на отоци, зависно што ги предизвикало. Можно е да те боли на многу топло или многу ладно и во тој случај треба да го избегнуваш топлото/ладното. Ако немаш болка, тогаш не е битно.[/quote]

    Го чукам, боли, го исчепкав вчера, цел ден не јадев да не влага храна, пак боли, сабајле не се познав ни самата себе у огледало :D Друо решение освен забар нема? :))))))
    Фала ви на одговорите, утре идам на забар :) Држете ми среќа...
     
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    13.490
    Пол:
    Женски
    Во тој случај мораш на забар. Треба подлабоко да се исчисти, а тоа сама нема да можеш. Ако си многу отечена, напиј се и некој антибиотик ако не можеш денес да отидеш на забар. Отеченото место е полно со бактерии, и ако не се прочистат може да се шират низ коската.
    Вибрамицин, амоксиклав, што имаш дома, напиј се едно. Памти во колку саат си се напила, за да и утре пиеш во исто време, и ќе му кажеш на забарот да знае. Ако има потреба, ќе ти даде он рецепта да продолжиш со антибиотиците. Ама задолжително мора да отидеш. Дури и да се смири отокот, бактериите нема каде да одат, кога тогаш пак ќе се активира тој оток. Забот мора да се излечи до крај за да еднаш засекогаш го решиш проблемот.
     
  9. tigrica08

    tigrica08 Нов член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Dragi prijatelcinja pred izvesno vreme vadev umnik no pola mi bese skrsen i drugata polovina ja vadev. Se pomina ok koga mi go vadea so anestezija normalno :) . Posle toa bev na setanje i posle 3-4 saati sednav na kafe i uspat da si kasnam nesto i jadejki osetiv macnina vo zeludnikot i sum se onesvestila :( Me interesira dali nekoj bi znael da mi odgovori dali e mozno od anestezijata da mi se slosilo od hranata ili od toploto kafe? Zosto koga se osvestiv bev odma tuka imase apoteka i da meram pritisok vo red mi bese i pritisokot i pulsot i taa tamu mi rece deka najverojatno od anestezijata deka e...
    Ve molam za odgovor!
    Pozdravce :)
     
  10. Korra

    Korra Нов член

    Се зачлени на:
    19 мај 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво :D Нова сум тука, но имам едно прашање поврзано со темава кое ме мачи веќе два дена, па се надевам некој меѓу вас знае за што и како се работи.. Пред четири дена ја извадив долната седмица, не можам да се пожалам, подобро не можев да поминам. Немав болки при вадењето, а после поминувањето на дејството од ансетезијата многу малку, дури и неприметливи. Се беше во ред, додека вчера не се погледнав во огледало и забележав на местото некоја белузлава кожичка (мене ми изгледа грозна), па се исплашив и почнав да пребарувам по интернетов и само уште толку ја влошив ситуацијата. Незнам дали тоа е поради процесот на заздравување на местото или некоја инфекција (како што прочитав по странскиве форуми, бидејќи на нашиве не најдов ништо). Значи немам никакви болки, ниту пак непријатна миризба,а самото место е исполнето со некакво бело меко ткиво. Да останало некое парче од храна воопшто не ми се верува, затоа што многу внимавав да не јадам од таа страна и обавезно после секој оброк ја плакнев устата. Забарот не ми спомна за контрола после некое време, но планирам утре да отидам да видам што е, затоа што неможам да седам мирна веќе цел ден пребарувам по интернетов, и тоа што го најдов баш и не ми се допаѓа... Ве молам ако има некој искуство со вадење на заб и како оди процесот на заздравување да сподели, паники ме фаќаат :worried: :D
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    13.490
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да паничиш, нормално е тоа. Се додека немаш болки, крварење или оток на местото, ништо страшно. На контрола обично се оди после една недела, ама бидејки се прошло во најдобар ред, најверојатно затоа не ти рекле да дојдеш на контрола. Значи се си е во ред. :)
     
    На Korra му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Victoria31

    Victoria31 Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    :( :( :( Девојки ми растат умници и многу ме боли местото кај што ми растат не знам што да правам на местото ми се има напраено едно како бело топче и ужасно ме боли. Бев на стоматолог ми рече да чувам жалфија чувам и се ама ме изгоре од болење то топчето шо мио се има напраено над непцето кај што треба да израсти умникот ми рече докторот дека другите биле во ред но тој имал не знам "пречки".
    Нека ми кажи некоја девојка што имала ваков или сличен проблем како мене што да направам, ми рече можело да се сечи тоа но подобро било да не го сечам оти можело да настанат инфекции...
    ПОмош оти умрев, на душа ме зедоја ови умниците поарно да не ми идеше умот арно ми беше и без него :!: :lol:
     
  13. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    80
    Вадам нерв на 7. Менувам лек веќе 4пати, 4пати ми става памучиња некој што седат по една недела.
    Прашањето ми е, дали е нормално при притисок на забот, додека јадам да боли премногу? Дали тоа е нормално?
    Поздрав, Маја
     
  14. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Мене ми растат 8-ците и ненормалнооо ме болат вилиците. :headbang:
    Сакам да прашам дали пиевте нешто за намалување на болката,некој чај или нешто,било што.

    п.с. Стварно не ја сфаќам логикава на 8-ците,зошто растат кога треба да се извадаат? Боље воопшто нека не растат. :@
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. emi-lly

    emi-lly Нов член

    Се зачлени на:
    7 март 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    може да ми кажете како да се справам со крварењето на непцата
    кога ги миам забите исто како да не сум ги мила ме убива крварењето
    незнам што да правам веќе
     
  16. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    80
    Moже не е за тука прашањето, ама јас да прашам.
    Дали има друг начин на исправување на заби освен со носење на фиксна протеза. Мобилна ми рекоа нема да има ефект. Се работи за предни заби.
    Би ви била благодарна за секој одговор.
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Можно е да имаш недостаток на витамин ц.За тоа помага гелот Гингивал Ц.Но,најдобро е да се консултираш со твојот матичен стомалог.
     
  18. LudaDevojka

    LudaDevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    62
    Девојки ај помогнете ми речиси кај 3 заби имам црно и баш преска видов дека во едниот заб кој исто така знае во последниве 2 дена да ме боли имам мала точка црно, а другиот заб ми е искрешен како дупка има :( и сеа ако одам на доктор што ке ми напраат, и дали ке се глеа дупката, а имам 14 год и редовно ги мијам забите....Побрзо :)
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    22.836
    Пол:
    Женски
    Си купив гел Гингивал Ц. Во упатството пишува дека треба да се мачка на непцата и после тоа 1 саат да не се пие и јаде ништо. А треба ли да ја исплакнам устата после некое време од гелот или не?
    Пробав сега да ставам од гелот и наеднаш имав чувство како кога ставаат анестезија на непцата, ми отпрнаа некако. Така треба да е?

    Се исплашив и се измив веднаш :?:
     
  20. bojan99

    bojan99 Нов член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    За географски јазик-само Б комплекс половина час пред оброк, навистина ќе забележите резултати по неколку дена. Инаку читам се добивало од зачинета храна, а јас мислам дека го добивам само од кечап, ама што да правам... :)