Девојки бев на забар и тоа што требаше да се поправи се поправи. За другите заби ми рече дека се во ред, здрави нема ништо и да дојдам на контрола по 6 месеци. Но кога јадам благо премногу ме боли горна лева 6 или 7 не знам точно. Од што би можело да биде, или да и отидам пак?? И кажав и тогаш дека ме боли на благо ама ми рече ништоо не било
На тој дел од забот природно постои една пукнатина која со тек на време се обојува од храната. Не е кариес, немаш за што да се грижиш сега за сега. Реално, кога веќе ти го пломбирале забот, не сфаќам зошто не го опфатиле и тој дел, ама биднало веќе. Битно не е расипано, немаш гајле. Првиот и вториот ден е нормално да имаш поголеми болки, едноставно треба да ги пребродиш. Иако Вентор е еден од најјаките аналгетици, пробај некое друго апче, кај некои луѓе едноставно повеќе делува нешто друго. Ако е сеуште јака болката и по третиот ден, тогаш оди да те проверат. Ако не ти нашле кариес на тие заби и ако немаш воспаление на непцето во тој дел, осетливоста ти е од површинско оштетување на забите. Пробај со паста за осетливи заби. Нека помине некој месец, и ако нема промена оди пак на контрола. Некогаш во спојот на два заба може да има кариес кој не може да се примети во почетокот, или ако си стварно загрижена снимај ги забите. На снимката убаво ќе се види дали забот е расипан или не. Најбитно од се, не престанувај да миеш. Знам дека изгледа како да ги иритираш повеќе, ама само со хигиена може да се намали крварењето. Има специјални пасти за воспалени непца, меки четки кои се понежни при четкањето. Би ти препорачала да си земеш 3% хидроген од аптека и да ја испираш устата со него. Редовно четкање барем 2 пати дневно и навечер испирање со хидрогенот, би требало да видиш подобрување за една недела. Ако ти се повтори проблемот понатаму, обавезно да си земеш специјална паста, зошто ако непцата се воспалени подолго време може да почне да се развива парадентоза.
Забоболка.. Кажете привремени лекови за забоболка..нешто такво..имам дупче во забот,а денес празник не работи заболекарот
Забоболка.. Ако имаш аптека некаде отворено побарај заболекс капки како привремено решение.Делуваат како анестетик и се капнуваат на болното место.Малце горчат ама помагаат
Забоболка.. Незнам дали има отворено некаде аптека дека празник е.. ќе проверам доколку има отворено ќе побарам..имам прочитано и дека мало од каранфилче помага,ама незнам каде да го побарам :/
пред колку време ти е умртвен? можеби не е тој заб,мене ме болеше „пломбираниот заб“ ( по мое мислење ) а всушност болката била на сосема др заб .. всушност и јас имам едно прашање..денес бев на заболекар,ми ставија лекче на забот..но повторно чуствувам мала болка..тоа нормално е ? и до кога ќе е така? :/
Зависи каков лек ти ставиле. Ако не е некоја јака болка, не е ништо страшно, нормално е да реагира забот откако е правен. Би требало за ден два да се среди.
Денеска сабајле правев операција на умник. 2ипол саати ми го вадеа, Господ го видов. Прашањето ми е, дали е нормално сеуште да ми тече крв од местото, премногу да ме боли цела страна и да имам болка при движење на вилицата? Фала ви многу феминки.
Sannyi забот ми е умртвен пред, отприлика, 9 месеци. Прво чувствував болка кога ќе допрев надворешно каде е коренот, а сега ме боли забот. Немам ни еден расипан а ни еден поправен заб во близина. Многу често читам на темава дека се правела операција на умници. Зарем сите умници се вадат со операција? Впрочем имам и слушнато дека умник не поправале туку директно го ваделе???
За болката тоа е нормално, можно е да трае и до 3-4 дена. Ама за крварењето, освен нешто минимално не би требало да има. Ако до утре не престане, да одиш пак на забар, се додека не престане крварењето тоа се смета за отворена рана. Мора да се згрутчи крвта во шуплината каде што бил забот за да почне заздравувањето. Има лекарства што се ставаат локално на местото за да предизвикаат згрутчување. И никако пиење аспирин за болката, предизвикува зголемено крварење. Било кој друг аналгетик може. Пробај чукни го забот од страна и одозгора. Ако има болка при ударот, оди да го снимаш да не има некој процес околу коренот, се случува некогаш тоа и кај умртвени заби. За умниците, тие се тешки за лечење, не е лесно пристапни ни за преглед, напорно е нивното поправање и за пациентот, па затоа ако е нешто повеќе расипан обично се вади. А лесно се расипуваат дека се тешки за четкање, секогаш има наслаги околу нив и брзо развиваат кариес. Само ја третираат процедурата како операција, ама реално тоа е исто како вадење на било кој друг заб. Седиш на стоматолошки стол, ставаат анестезија и го вадат со клешта. Малце поспецифична процедура е зошто често има комликации, има потреба од шиење на раната, пак хигиената е отежната во тој дел, и ако е многу расипан лесно се крши па се отвараат големи рани додека да се извадат сите делчиња. Превентивно се пристапува со поголемо внимание, ама најчесто трае помалку од 1 час и за една недела зараснува раната без многу проблеми (како и со секое друго вадење на заби).
мн те боли? ако те боли на ладно-топло,или како што кажа Spidy оди снимај го можеби не е добро исчистен ,можеби има некое делче внатре останото и сега прави проблеми
Имам неколку прашања. Прво, после операција на умник, раната премногу ме болеше, бев на доктор утрово, ми ставија некој лек, но пак боли и по три дена. Дали е нормално? Второ, како може, здрав заб, бел, убав, да боли на притисок? Пред 2 недели правев панорама, одличен е тој заб, го снимав утрово пак, повторно боли на притисок. Од што може да е? Докторот ми е малку сумљив, ми рече ништо страшно уживај. Околу него сите заби се здрави. Трето и последно. Дали има некој друг начин за исправување на заби освен со носење на протеза фиксна? И за тоа ми е сумљив докторот. Ми вика дека само тоа е решение. Однапред ви фала
Вака... јас имам проблем со заб синус. Треба да го вадам за неколку дена ама ми закажаа во државна и ми кажаа ке биде нешто како операција.. кажете ми дали ке боли тоа и каоо после со раната како ке ме шијат
Девојки како да го решам непријатниот мирис Редовно одам на стоматолог секој месец докторката ми ги проверува забите а ако имам некој расипан веднаш ми го прават , носам и протеза . Овој непријатен здив ми е веке 3 години редовно ги четкам забите и имам за јазикот чистач , користам електрична четка и течност за уста после миење на заби.После миењето на забите 20 минути најмногу повторно се појавува тој непријатен здив Веке ми стана опсесија и може да не ми мириса но јас секогаш мислам дека ми мириса и не правам многу муабет
Zdravo imam edno prasanje,dokolku se izvadi zab ...kolku vreme e potrebno za da zazdravi mestoto? Fala