Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Annath многу ти благодарам на одговорите. Сакам да ми кажеш дали е ова нешто сериозно, дали ќе има некој проблем со забот , навистина многу се плашам :(
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да има проблем со забот, штом ќе го лекуваш би требало да се среди состојбата. Обично предните заби добро поминуваат при такво ендодонтско лечење, бидејќи имаат долги и прави канали, па лесно се чистат. Може терапијата да потрае некое време, ама пак, знаеш како велат: трпение - спасение :) :) :)
     
  3. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Леле и јас го имам тој проблем и тоа со двете двојки горни... Мислам дека ми се пре-отемнети заради тоа што им е изваден живецот. Плус за да биде по-лошо четворката од левата страна ми е коронка, и бојата е светла -како кога ми биле бели забите пред да се извади нервот и пред да почнав да пушам :tmi:
    Е сега бидејќи забите се еден до друг драстична е разликата. Дури понекогаш ми се гледа како да немам тројка од што е потемнета. Е сега солуција ми е и тој заб да се иструга и да се стави коронка, но не е баш загарантиран успехот, бидејќи моите заби ми ја смениле бојата.
    Знае ли некој друга солуција?
    Морам брзо да реагирам од причина што сепак, со јавна профеција се бавам, а на камера пак се се познава, и она окото што не го гледа :$
    Колку од прилика чинат порцеланските навлаки и за кое време се ставаат.
    Па и овие акрилниве би ми завршиле работа, таман додека се средам финансиски па подоцна да ставам порцелан...
    Но и тие незнам од прилика која цена се и каде можам да ги ставам?!?! (одам на приватен стоматолог, кој не работи протетика и тн)
    Посебно работа ќе ми треба на предните заби , останатите и не се гледаат до толку =)
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски
    Брзо се ставаат порцеланските навлаки, за една недела може се да се среди (за пет работни дена). А друга опција ти се ламинатите, тие се многу поскапи, ама се само како лушпи на предната страна од забите и не е потребно стружење. Не знам дали некој кај нас прави ламинати, ама во секој случај, мора да одиш кај специјалист протетичар. Акрилатните коронки не се толку добра варијанта, бидејќи потемнуваат со тек на време, за разлика од порцеланот. Инаку, се зависи од случајот, кога добро ќе се разгледа ситуацијата, ќе се најде и најдоброто решение.
     
  5. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515

    [​IMG] TNX A LOT ANNATH!

    Баш ќе се распрашам за ламинати, до сега ниту еден стоматолог не ми ги спомнал како опција?! :?:
    Претпоставувам дека во Ендомак ги има, (ако воопшто ги има кај нас), но таму не би одела пак, во последно време многу аматерски работат а пре-скапо наплатуваат...

    Anyway TNX again![​IMG]
     
  6. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Annath бев кај мојот стоматолог, го снимав забот, ми го отвори и ми стави лек. Ми рече дека имам процес. Најверојатно ќе треба да се умртви забот. Рече дека некое време ќе треба да се лечи, а потоа да се стави пломба. :)
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски
    Еве еден линк, ако некој сака повеќе да дознае за ламинатите како опција за разубавување на насмевката. Јазикот не е проблем, опишано е многу едноставно.
    http://www.lumineers.com/about-lumineers/what-are-lumineers.aspx

    Савана, само ќе ти кажам да имаш трпение, затоа што лекувањето може да трае долго време и да ти дојде преку глава од тоа. Но има шанса за 100% успех, па гледај да си го спасиш забот на тој начин, да не го вадиш веднаш ;)
     
  8. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Annath имам едно прашање до тебе. Имам прилично малечки изаби, по природа ми се такви, но сепак си ги сакам :lol: Проблемот е во тоа што едната тројка ми е ваква слично како на сликава [​IMG] значи не е заоблена туку шилна а тоа ми смета. Дали да се обратам кај мојот стоматолог за ова, сакам да ми го среди забот некако ако е можно да се израмни, иструже и да се заобли, да не биде така шилно, дали е возможно? Дали треба некој посебен третман за тоа? Колку ќе чини и сл. Ако може подетално да ми објасниш. Благодарам :)
     
  9. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    извинете сто ви се месам во разговорот но сакам да кажам јас имав такви тројки и тоа од двете страни и мозе да се корегираат,мене ми ги иструга забарката оддоле и сега се рамни како и др знаЧи се струга само до кај сто е спиц за да потоа не изгледа мн.ситно према др.позз
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски
    Може да се направи тоа Савана, воопшто не е проблем, ако навистина ти пречи, се средува со малку стружење. Ама после тоа, местото мора некое време да се премачкува со препарати на база на флуор (локално дејство), за да се зацврсти иструженото место, да не биде слаба точка на забот и место каде што ќе започне кариозен процес. Не треба некои посебни подготовки, кога и да одиш на забар може да се направи тоа ;) :)
     
  11. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Ти благорадам :) :*
     
  12. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Annath зборував со мојот стоматолог за стружење и израмнување на тројките, но ми рече дека немало потреба од тоа сум имала убави заби, можно било потоа да влече забот на пр на ладно и сл, зошто здрав заб да чепкаме. Ми рече ако сакаш за мене нема проблем можеме уште одма тоа да го направиме но според мене мислам дека нема потреба. Па се мислам дали да ми ги среди. Што мислиш за ова? :)
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски
    Искрено, не знам каква ти е насмевката, какви ти се забите, па дали мора да има потреба да ги стружиш тројките или не. Инаку, твојот стоматолог е во право, може забите да ти станат поосетливи, особено на ладно и кисело, бидејќи се струже надворешниот слој (глеѓта) кој е најцврстиот дел и го штити забот од надворешни влијанија. Ама не мора да значи дека секогаш ќе дојде до тоа, посебно не би требало да се јави осетливост ако после стружењето забот се премачкува со флуориди некое време. Флуорот помага во минерализацијата на кристалната решетка на забот, и затоа е добро решение за заштита на забите, особено на трајните заби.
    Не знам каков ти е квалитетот на забите, за да ти препорачам што да направиш. Ако имаш осетливи заби (што реагираат на ладно, кисело, слатко, што болат после јадење лимон и слични кисели овошја), немој да ги стружиш, дополнително ќе ги ослабиш. Ако не ти стрчат ептен, немој да ги чепкаш, и јас тоа ќе ти го препорачам. Крајната одлука е твоја ;) :)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Феминки мој глава неможам да дигнам од болести ви здосадив и на вас се нешто се жалам.Жлебините и сите заби ме болат ништо неможев да јадам како од страните жлебините да ми се отечени,а забите на допир со јазикот како камења ги осекам.Пиев сега аналгин белки ке се потсмири.Обично на нервна база ме болат,ама овие денови не сум се баш нешто и нервирала.Вчера добив мензис можеби и од тоа ми е.Лудило и нервоза ме фака.
     
  15. bubi26

    bubi26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    23
    vaka sega pred tri dena otidov da ja pravam dolnata 6ta bese potemneta no nemav karies nadvoresno koga mi go otvori zabot mi rece deka imam pocetok na gangrena mi gi iscisti kanalite i mi stavi lek za umrtvuvanje vecerta me bolese zabot (me predupredi doktorkata reakcija od lekot)no mi se cini deka poveke me bolese obarzot otkolku zabot imav custvo kako da sum vadela zab.utredenta koga stanav me bolese cel obraz kako da mi e skapan i vidov na ogledalo bela linija vo dolz kaj sto se spojuva vilicata i obrzot vo brazdata mi bese nabareno ni ne mozev ne so jazikot da go napipam mestoto a kamoli so nesto dr.kako da imam rana stavav proaftol mi se smiri malku no pak bolese drugiot den otidov t.e vcera koga me vide doktorkata mi rece deka e afta(bogami u zivot sum nemala tolkava afta )mi go otvori pak zabot me busese pak so neki igli ne custvuvav nisto i mi rece deka zabot odlicno reagira i deka ne e do nego i posle ne namacka so jod no koga mi go stavi osetiv tolkava bolka vo 8ta sto mi se zdrvi cela strana mi idese da se tepam po glava od bolka :D koga i kazav so mi e me proveri i mi najde zeb koga mi go iscisti mi olesna i se mi se smiri no jas uste osekam kako da imam vsusnost imam golema rana i me pece doktorkata mi rece ako pak primetam posle ova kako da mi cuka mestoto da pocnam da pijam antibiotik vecerva mi se smiri plaknam so betadin i so caj od zalfija e sega mene me interesira dali ova mi e od zabot i od pocetokot na gangrenata pa sum trebala od samiot pocetok da pijam apcinja zasto ne znam dali mi se olesni so mi go otvori zabot pak ili od zebot mi e strav da ne mi gnoi zabot pa posle da treba da go vadam zasto i da me zeznala doktorkava nema da mi kaze ne e budala :lol: pomagajte ako mi gnoi kakvi simtomi trba da imam i ako ne mi e podobro utre dali da pocnam da gi pijam apcinjava????se izvinuvam so se iznapisuvav tuka cela prikazna ama i e strav zasto ne im veruvam na doktorive mnogu pozz

    [mod-kirilica:3caj173w][/mod-kirilica:3caj173w]
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски
    Sonce777, ова може да бидат почетни знаци за пародонтопатија, т.е парадентоза, по народски кажано. Не мора да значи дека е на нервна база, може да биде поради намален имунитет и подложноста на инфекции во овој период. Повеќе витамини и поздрава храна, редовна орална хигиена со четкање на забите, користење на конец за заби и плакнење со течности од типот на Хибидекс, Хибитан, Хексорал (ги има по аптеки или во маркетиве - активно средство е хлорхексидин ацетат или глуконат, или хексетидин). Ако имаш забен камен, наслаги на забите, пожелно е нивно чистење со ултразвук кај стоматолог. И не се нервирај многу ;)



    Како прво, кога забот е потемнет, тоа е знак дека веќе не е витален, т.е дека се работи за мртов заб. А гангрената е процес кога доаѓа до распаѓање на забната пулпа, т.е нервот поради некаква инфекција, и притоа активни бактерии има и во коренскиот канал и во пародонциумот, т.е ткивото околу забот. Значи кај тебе и забот и околното ткиво се засегнати од инфекцијата. Затоа и се јавила таа болка кај тебе после отворањето на забот - и не само во забот, туку и во околното ткиво. А гангрената не се јавила сега, таа е присутна веќе некое време, само што ти сега, после отворањето на забот ги чувствуваш симптомите. Прво и основно во лекувањето е корените на забот убаво да се исчистат и дезинфицираат по целата должина и соодветно да се третира процесот, без разлика колку време ќе треба за тоа.
    Дали ти гнои ќе знаеш ако почувствуваш клукање на местото, изразен оток на непцето и силна болка која се смирува на ладно. Ако имаш вакви симптоми, тогаш ќе пиеш антибиотик, во спротивно нема потреба од него.
    И зошто докторката да не ти каже што ќе се прави со забот? Крајниот исход зависи од ситуацијата, од тоа како ќе се одвива процесот на лекувањето, како ќе реагира забот и околното ткиво на терапијата. Не мора да значи дека ќе биде вина на докторката ако дојде до вадење на забот, може да биде и твоја вина ако не си отишла на време кога си забележала промени со забот. Како и да е, се надевам дека ќе успееш да го излекуваш и да го зачуваш својот заб. ;)
     
  17. bubi26

    bubi26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    23
    леле фала ти најмногу на свет за одговорот :* забот не ми чукаше немам ништо потечено веќе но имам една голема рана како што кажав и таа ме мачи и таа највеќе ме плашеше :worried: и не ми е јасно зашто толку бавно ми зарастува не можам да јадам ништо :( а за докторкава е млада и нова работи на истото место кај што си одам и некако ми беше страв да менувам докторка зашто имам лошо искуство со еден доктор ми уништи неколку заби и сега немам баш доверба позз ;)
     
  18. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Annath ти благодарам денес ми се подсмири почнав со жабуркање во понеделник ке одам на стоматолог. :hai: :hai:
     
  19. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    И јас имам прашање за Annath. Ми се скрши четворката со лижавче и ми го пополнија недостатокот со пломба, меѓутоа гледам дека околу местото ми пораснало како топче е од непцето и црвено е од страните. А еднаш докторот ми го гореше непцето. Па сакам да те прашам со што да се мачкам за да се смири местото и да не ми крвари?
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски
    Srekicka, мислам дека кај тебе се работи за полипче, мал израсток од непцето. Штом еднаш докторот ти го горел, т.е ти правел каутеризација, значи навистина се работи за полип. Тоа не е ништо страшно. Причини за тоа се обично иритации на непцето, остри рабови од пломби, протези и навлаки, остри рабови од скршени заби, што е веројатната причина и кај тебе. Треба да се отстрани причината, значи остриот раб да се измазни, да се среди, ако се работи за пломба да се извади старата и да се стави нова што убаво ќе се измазни и исполира. Полипите обично крварат затоа што се работи за добро прокрвено ткиво, и за да не ти крвари многу, немој многу грубо да го триеш тоа место со четката при миењето на забите, внесувај повеќе ц витамин (два пати дневно лижи таблети од 500 мг). Но кога ќе се отстрани главната причина за појава на полипчето, тогаш може и тоа да се отстрани засекогаш, значи мали се шансите да се појави повторно.