Сакам да ве прашам дали е нормално мртов заб да има болка на ладно/топло и на притисок. Забот на изглед е бел. Можно е да има некое воспаление? Ќе може да се поправа или таквите заби се вадат? Помош, многу ми е страв! И што би ми правеле доколку идам, зошто никако да отидам.
Колкупати треба да го поставиш ова прашање за да сфатиш дека овде никој не може конкретно да ти помогне За овој проблем постои професија стоматолог кој сигурно нема да ти прави нешто што не е во негов домен на работа.
Vo bilna apteka Matija imaat organsko maslo od Zalfija + nekoi bilki. se pravi ispiranje i pomagalo za site tipovi bakterii na usna suplina i protiv bolki
Не е нормално ако се симптомите постојани. Ако има инфекција некогаш може да се спаси со апикотомија но ако има гнојна кеса многу тешко. Оди на стоматолог веднаш зашто инфекција во коренот може да предизвика воспаление на зглобовите и воопшто е терет за целиот организам.
Здраво дами, се извинувам ако ви сметам вака како новорегистриран член али имам голем проблем кој можеби би сакале да ми помогнете. Значи вака, имав болки во забов, еден месец, од страв да не одам на зболекар го запоставував, со вентор со волтарен се лечев некако арно ама коа ме фати еднаш болка о не помогна нишо морав да одам. Отидов и ми отвори еден канал, ми го зачисти ептен гној, ми тргна живец и ми стави некој лек у каналот со памуче и ми рече за два три дена дојди. Во тие два три дена ме болеше и отидов и пак ми го чисти исто тој кана пак вика има миризба, и вика ај сеа ке ставам еден лек и ќе го затворам ама не со пломба она со мека пломба како гипс како се вика незнам, го затвори и вика дој после два дена. Арно ама вториот вечер осеќав ме пржи над забот тоа просторот, у 3 ноќе коа ме фати леле болки леле. Сабајлето бев отечен малце и заминав на заболекар, ми ги отвори сите канали, ми тргна уште еден живец и го очисти скроз и ми стаи пак од тоа меката пломба, и ми препиша апчиња хицонцил по трипати на ден после јадење, арно ама утредента ми се надува уште поповеќе, не ми болеше само оток имав. И пак заминав и вика незнам зашто вака, не е нормално ова бла бла и ми тргна тоа пломбата го зачисти и вика нека седи вака отворен да видиме шо ќе се случува, еве втор ден денес, отокот опадна ( не скроз има малце оток) и сеа глеам странично кај шо е забов значи на страната од образов, имам едно као месенце така торбичка насобрано, не боли ама така е насобрано. И сеа незнам дали утре да појдам да го пломбира више скроз или уште гној да тече? Ако го пломбира да не ми отече пак страв ми е ај ве молам за помош...
Затоа што долго време си го оставила забот без лечење, инфекцијата најверојатно ти е проширена низ коската и сега многу потешко ќе оди лечењето. Пломбирање во таква ситуација нема шанси сега, те чека лечење на забот и околу коренот на забот што може да потрае. Проблем е што имаш лоша реакција на лековите што ги става во забот и тоа што забот не може да се затвори ни со мека пломба, ама сега треба упорност и кога-тогаш ќе се среди. Да одиш редовно, да бидеш решена да ја завршиш работата до крај. Со пиење лекови против болка и седење дома никогаш нема да ти реши проблемот, само полошо може да биде.
Забот сега ти е отворен, и поголемиот дел од гнојта ќе се дренира сама. Ако има потреба, стоматологот ќе го отвори и местото што ти е подуено за да и од таму истече, ќе си процени на лице место дали има потреба од тоа. Сам немој да чепкаш ништо, со стискање на местото само можеш поголема инфекција да направиш. Во меѓувреме можеш да правиш гаргара со чај од жалфија или хидроген 3%, добри се за локална дезинфекција. И редовно на стоматолог. Немој да престанеш да одиш кога ќе престане болката и отокот. Додека комплетно не се заврши работата и да се пломбира забот ништо не си направил. Ако се исчисти гнојта, а забот не се затвори, кога тогаш пак ќе се повтори истиот проблем. Spoiler Извини, едноставно претпоставив дека си женско...
Фала ти многу, утре накај 12 право на стоматолог. Иначе оваја ми вика да видам дали имаш инфекција ова она ми треба снимка ренгенска, а проблем е што ја неможам тоа за ренген да го стаам у уста, ми се гади и со лидокаин испробано неќе, ќе мора целосна да напраам Иначе во ред е, кога станува збор за заби, повеќе и од девојченце сум, мало исплашено, фрлено во пеколот
Пред некој ден ми вадеа нерв на петката и ми остана уште да ставам пломба наредна недела. Е сега таа привремена пломба што ми ја ставија ми падна и сакав да прашам дали е опасно забот вака да ми стои?
Буба, тие корења ти се од заби кои претходно си ги извадила, и сега се блиску до новите заби, така? И јас имам таков случај па во скоро планирам да одам да ги вадам. Исто сакам да ги прашам поискусните која е процедурата за полнење на кариес веднаш до непцето (gumline)?
Па не знам како е кај тебе, кај мене имам корен/остаток од заб којшто ми падна пред 13-14 години и на тоа место нели имам нов заб и остатокот е блиски до него.