Дечки,не сум во можност да одам на заболекар овие денови,па што да пијам за спречување на болката во забите? Пијам аналгин,направив домашна паста од лук ,сол и црн пипер,исто имам купено и Заболек,ама болката не поминува. Башка ми се укочи и устава и не можам да голтам,дали воопшто е проблемот во забите,или нешто со непцата и вилицата? Ми треба само привремено решение додека да отидам на заболекар.
Бруфен напиј се, ќе ти помогне сигурно, мене лично ми има помогнато и пред операцијата и потоа, ти имам кажувано за забот ...,Кој заб те боли ?? Потечен ли ти е забот ??..8ка дан је ?
@IronLady Пиев што пиев,ама сепак отидов на заболекар Сум имала и некое воспаление,сега се клукам антибиотици и апчиња за оток и така.И да,8ката била
Веројатно имаш перикоронитис ако е недоникната 8 во прашање. Сега со терапијава, после види што ќе правиш, дали е за вадење или не. Ако немаш место во устата и ако ти прави проблеми со другите заби, најдобра опција е да го вадиш. Ама тоа најдобро ќе ти каже твојот стоматолог.
Редовни посети на стоматолог, редовно чистење забен камен и обработка на џебови, добра орална хигиена со обични и интердентални четки, со медицински пасти против крварење (Лакалут, Пародонтакс, Сенсодин), плакнење на устата после миење заби со течности за уста (ја препорачувам Листерин). Најбитно е да се утврди вистинската причина за пародонтопатијата во консултација со специјалист пародонтолог. Ако има потреба (при напредната локализирана или генерализирана пародонтопатија), се ординира антибиотик (ровамицин). Во краен стадиум може да се оди и на оперативни зафати за сочувување на коскеното ткиво и забите. Ама пред се, консултација со пародонтолог.
Феминки каде да одам да си направам панорамска снимка на забите во Скопје а да не е толку скапа.. Ве молам кој знае нека ме извести. Поздравче и фала ви многу
Најефтини се на Клиника,со упат беа 40 и нешто мислам,ама да не те лажам. А најдобри панорамски има кај Д-р Африм ,без конкуренција
Треба да ставам мост ,ми го препорачаа др,Невен Манчев .Дали ви е познат и мислење (искуство ) некое за докторот ? (се наоѓа кај мавровка )
Треба да ставам коронка/навлака на заб на клиника најефтината варијанта е 4 500 а најскапа 8500,ваши искуства,препораки за ординации,стоматолози ?
ШТО поскапо тоа подобро,цирконијата е најдобра ама и најскапа.Погоре препорачав добри протетичари. Плус Круна МС неа не ја спомнав,скапи...ама добри се стварно
Во контекст на муабетот,сакам да одам на забар имам проблем со непцата кај мостот,е сега дали за третирање на непца или нов мост,ке видиме ама се мислам меѓу Дентисимо имплант во центар,Каракамчев,др.Кртолица,Ане Котев!Искуства со овие?Кај кого да одам?
Хмммм Кртолица и Каракамчев имаат створено имиња,за Котев Ане не знам....Оди во Дентиссимо во Драчево или Во Дентал Протект во Хром
Јас би бегалa што подалеку од клиника Имав одлично искуство во ординација Tree Dental кај Нова железничка, бев изненадена од професионалната услуга на доктор Даниел. Топло ти ја препорачувам
здравоо . ја читав читав и се уморив.барав да најдам дали некој ја има истата мака да не прашувам пак ама не успеав.. вака сеа ..ја си имам мака со непцата..стварно имаат страшна миризба кога ке ги поминам со прстот дури и прстот мириса на скапано а немам расипани заби ..некој хелп?
Воспалени непца,пробај со мека четка и Colgate Total pro Gum Health. Ako ne ti pomaga Colgate,zemi parodontax so fluor