Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Triumf

    Triumf Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Mene zabolekarkata za slicen problem mi preporaca Lacalut da koristam i ima podobruvajne
     
  2. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Колку е паметно чистење на каменец? Мислам секако ќе го чистам зошто многу лошо изгледа,ќе ми паднат забите веќе :lol: Ама имам чистено и пред тоа и некако како повеќе да ми се создава за многу пократко време.Плус непцето не ни ми се враќа во првична состојба така да секако постои ризик да ми паднат забите?
     
  3. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.113
    Допаѓања:
    34.607
    Пол:
    Женски
    Како мислиш да ти паднат забите?...
    Значи правило е да се чисти забниот каменец на секој 6 месеци колку што ми има кажано забарот, така да нема зошто да ти паднат забите :D Уживај !!
     
  4. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Не дека имам слушнато дека ако не го чистиш навремено постои ризик да ти паднат хаха :rofl:
     
  5. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.113
    Допаѓања:
    34.607
    Пол:
    Женски
    Ххаххаххаххахаха
    Нема везе тоа :D
     
    Последна измена: 29 јануари 2015
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.138
    Допаѓања:
    329.184
    Пол:
    Женски
    Да ако не го чисти долг период може да и се оштетат непцата и да и се расклатат и здрави заби.

    Туку кажете ми 3% хидроген како да го користам за плакнење на устата.Мм купил од 100 мл ама не му објасниле колку хидроген со колку вода иде?
     
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    Чистењето на забен камен е препорачливо еднаш на 6 месеци кај лица кои се склони кон создавање на забен камен, кај оние кои не се создава во голема мера доволно е еднаш годишно. Инаку, ако не се чисти редовно забниот камен, како што се создава во поголеми количини доведува до се поголемо повлекување на непцето и соголување на корените на забите. Додека е присутен забниот камен, тоа не се забележува, меѓутоа кога ќе се отстрани, може да дојде до расклатување на здрави заби токму поради тоа соголување на корените на забите, а освен тоа, присутни се болни сензации.

    @joy1, 3% хидроген не се разблажува со вода. Го користиш таков каков што е, неразреден, инаку нема ефект. Значи ставаш колку за една голтка, плакнеш, плукаш. Направи така два-три пати, и толку. Се користи онолку денови колку што ти треба, значи не многу долг период, само кога е неопходно.
     
    На Bunny2 и joy1 им се допаѓа ова.
  8. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Па непцата ми се веќе повлечени,ама не ми се клатат забите.Јас ќе го исчистам секако,ама непцето нема да ми се врати во првичната состојба?
     
  9. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    798
    Најдобар лек против забен камен ви е забен конец. Потоа хидроген и бетадин за исплакнување. Паста Лакалут, четка за четкање со меки влакна, нежна. И водички за испирање.
    Повремено тријте ги непцата со кора од лимон. Исто така има масло-водичка од оригано кое што е делотворно. И пијте многу јогурт. :)
     
    На Bunny2 и joy1 им се допаѓа ова.
  10. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Хељп!

    Ми падна лекчето од забот, сама сум си крива, не отидов оти се не наоѓав време за пломбирање, ме боли некогаш повеќе некогаш помалку, ама колку што се сеќавам го умртвувавме живецот на забот.
    Пијам Далерон за колку толку да ја ублажам болката но колку време можам да терам со него, ефективен е во 90% од времето ми ја смирува болката. Во моментов немам можност да отидам на заболекар бидејќи сум во друг град и имам некои обврски кои не можам да ги одложам,а матичнава која најдобро ми го знае забов не ми е тука. Што да правам во меѓувреме додека да отидам, уште една недела од прилика сум тука, после си одам... :worried:
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    Земи кaпки прoтив зaбoбoлкa, имa вo aптеките, Зaбoлекс се викaaт. Ќе ти пoмoгнaт прoтив бoлкaтa.
    Инaку пoвлечени непцa тешкo се врaќaaт, мoже дa се прoбa сo мaсaжa вo прaвец oд кoренoт премa видливиoт дел нa зaбoт.
     
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.138
    Допаѓања:
    329.184
    Пол:
    Женски
    Еве го мојот проблем
    Пред две недели ме фати болка во десната вилица.Мислејки дека е последниот заб (валда 6 ка се вика) отидов на забар.На ладно ме боли,ми ставиа лек и рекоа за еден месец пломба.И покрај тоа болката уште ја осекјав.Отидов пак .Бидејки на таа страна имав уште еден отворен заб рекоа може од него иде болката.Му ставиа лек и на него.Ми исчистиа забен камен.Бидејки непцата ми се црвени ми рекоа хидроген и стоматадин да користам.Три дена беше се ок.Вчера и денес пак истата болка.Кога ке се напијам парацентамол се е ок околу 13-14 часа после пак боли.Дури и крајникот десен и увото ме боли особено кога лежам.Што може да е?
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    Да не се работи за осмици? Обично прават проблеми кога никнуваат (значи може и покасно да растат, не само околу 20тата година), може да притискаат на соседните заби, па од тоа да е болката. На никнење умници ме асоцира тоа што велиш дека болката се шири кон грлото и увото. Затоа е убаво една панорамска снимка да се направи, да се исклучат како причина за болката. Евентуално да има процеси на забите, ама тоа обично е појака болка.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Имам Воспаление на непцата се утепав од пари давање за ласери и џабе .. некој поискусен да ми препорача некоја паста или некое друго решение?
     
  15. viktorxD

    viktorxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Машки
    брат.. и ја имам..
    прво помислив нешто да не е од несредени заби ово оноо.
    ама сите ми се супер..
    секој ден минимум по 2пати ги перам забите..
    Која логика да ми се воспалени непцата :@
     
    На bubic.k му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Reachel

    Reachel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    И јас пред некое време имав воспалени непца и забарката ми ја препорача оваа паста.
    [​IMG]
    Многу помага. Малку е поскапа од останатите ама вреди за тие пари, и на почеток малку вкусот е чуден (пастата е солена од флуорот) ама после неколку миења ќе се навикнете.
     
    На bubic.k му/ѝ се допаѓа ова.
  17. viktorxD

    viktorxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Машки
    фала мала..а брат.. едно прашање..со оваа само забите да ги мијам или и малце да ги раскрварам непцата ?
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    Кога се четкаат забите, се четкаат и непцата и јазикот, задолжително.
    Инаку, Пародонтакс не е солена од флуорот, ако беше така, сите пасти ќе беа солени. Содржи сол, па затоа. Препорачувам пасти без флуор, ама изборот е ваш. А на крварењето не влијае само оралната хигиена. Важни се и други фактори, како збиеноста на забите, составот на оралната флора и акумулацијата на плак.
    Малку повеќе витамин Ц не би било на одмет.
    Јас лично ги препорачувам Лакалут Актив или Сензодин. Пародонтакс не ми помогна многу, ни мене, ниту на мојот сопруг, од Лакалут сме најзадоволни. Пастите на Колгејт, Сигнал и слични се повеќе комерцијални, со преголем број штетни состојки, за разлика од овие погоре спомнатите кои сепак се медицински пасти со соодветна намена.
    Освен тоа, и течностите за плакнење уста се прилично корисни како дезинфициенси. Моја препорака Листерин - моментално најдоброто нешто што се наоѓа на нашиот пазар. Од лично искуство, не само како стоматолог.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.138
    Допаѓања:
    329.184
    Пол:
    Женски
    Во право беше осмица е во прашање.Денес правев снимка.Правилно си расте само што мн боли ,но тоа е.Дали аналгинот е дозволен при доење?
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    Со доење само бруфен. Друго не. Тој е најмалку токсичен од сите аналгетици, сосема безбеден при доење.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.