Непцата не треба да прокрварат за да се јавите на стоматолог за чистење на забен камен со ултразвук и киретирање. Оваа постапка, доколку парадентопатијата е во почетна фаза се прави на 6 месеци. Многу е важно да посетувате РЕДОВНО стоматолог. Малку доцна го сфатив тоа, на 16 години, ама благодарение на СТОМАТОЛОГОТ а не на производите на пазарот имам здрави заби и заби кои се на број. Лично, користам четка за заби со тврди влакна, паста за заби хималаја и толку.Имам чистач за јазик, купен од ДМ, и го користам еднаш во две недели. Четката за заби и гингива е само за заби и не е за јазик или внатрешна страна од образи. Многу е важно да не се мијат забите „како на филмови“ туку да се примени правилна техника на четкање. Забен конец не користам (сметам дека никој нема доволно осет колку длабоко треба да се чистат меѓузабните простори освен забарот), не користам ни вода за плакнење на устата (неколку студии докажаа дека затоа што уништува и корисни бактерии зголемува ризик од срцев удар). Може го иступив од пишување, ама најважен е стоматологот и редовни контроли. Кога ќе заболи заб или ќе прокрвари непце - доцна е.
Девојки, имам еден проблем.. јадејќи тврда храна еден заб кој ми беше пломбиран ми се скрши на пола но сеуште стојат и двата дела со линија на средина , само ми смета кога јадам веќе 2 ден се нервирам дали е можно да ми го извадат целосно и дали ќе има решение за тоа, да не останам без заб после !!!
За воспалени непца се препорачува ц вит. 500мг насабајле и 500мг навечер, најчесто од недостаток на витамин ц се воспалуваат, редовно чистење на забен каменец на забар, четка со меко влакно, нежно четкање на забите, и со чисти раце нежна масажа на непцата за подобра циркулација, може и исплакнување со камилица да го смири воспалението. Но сепак мислам дека треба да посетиш стоматолог.
Стоматолог си и препорачуваш пасти без флуор??? Сериозно??? И извини ама на Колгејт и не се баш комерцијални. Има еден куп пациенти на кои им се реши проблемот со Сензитив Прорелиф и Про Гам Хелт. А пациентите нека прекинат да користат Лакалут одма се враќа воспалението. Разгледај малку добро состав. И BTW Sensitive Pro Relief i medicinska pasta
Сериозно. Праксата ме научи дека флуорот и не е така наивен, а нема ефект. За џабе се трујат луѓе, посебно деца. Колгејт имаат агресивна кампања, тоа е се. Составот го знам и пак не ги препорачувам. Не верувам слепо на теоријата што ја учев, оти праксата друго ме учи, а учев и се уште учам, без оглед на тоа што одамна завршив.
Решение е наместо тој заб да ти стават вештачки заб. Јас го имав истиот проблем како тебе и на местото на 2 заба ми ставија вештачки заби. Ама јас решив на местото на уште 2 заба да ставам вештачки заби, затоа што тие 2 заба ми беа многу расипани.
Феминки веќе 3 часа имам оток на местото кај што ми е 8цата,8цата надворешно не е израсната бидејки е поставена хоризонтално,веќе неколку месеци ми е изникната,до сега не ми се случило ова,треба секако да ја извадам меѓутоа дали може некој да ми каже дали имал вакво искуство и како да го намалам отоков кој е само на тоа место не надворешно,моментално држам ладна облога,и инаку не чувствувам болка постојано туку само при голтање минимална и како да ми пречи.Фала
Препорачајте ми некоја ординација/стоматолог на приватно во Скопје што работат добро? Само да не е Ендомак.
Ми расте осмица на долната вилица и ужасно ме боли глава во долната половина од истата страна. Не сакам да се клукам со апчиња, ама ова е веќе неподносливо. Што би ми препорачале за ублажување на болката? Би се јавила кај мојот стоматолог, ама доцна е, не сакам да ја вознемирувам и се надевам дека некоја ќе ме прочита овде и ќе ми каже некоја алтернатива.
За осмиците само вадење што поскоро, многу подобро одколку да ве болат и да бидете потечени. Мене уште една ми остана за вадење, две извадив, а едната ја остаив да ми порасне бидејќи имаше простор за пополнување уште на времето коа ми извадија 6ка и совршено си се вклопи, уф речиси безболно ми излезе. Другите не го дочекаа тој момент, кога почнаа да ми растат горните потекував цела.
Најдобра алтернатива за воспалени непца ти е ласер.Упати се до твојот стоматолог и распрашај се. Цената на еден третман е околу 3000 денари. Помага со сигурност.
Девојки,ми испадна една раничка на местото каде што се спојуваат усните,рана е,не е херпес. И мачкав една маст и ја оставав,ама еве веќе недела дена стои,ќе зарасне,па другиот ден пак се разранува и уста тешко отварам. Што да и ставам?
Canesten намачкај. Многу веројатно е габична инфекција. Малку повеќе витамини внесувај некое време, не постојано (конкретно А, Б комплекс и Е витамини). Ќе помине.
Здраво..Кажете ми како да ја намалам забоболката..Веќе неколку години одам по ред но нема никаков резултат.
Сум испуштила да кажам дека неколку години по ред одам на заболекар но залудно..Ќе ми стават лек но нема никакви ефекти незнам што да превзенам..
Во последниве месеци многу често добивам воспаление на непцето. Стоматологот ми вели дека тоа е поради џебчиња (празнини) мегу непцето и забите, да користам забен конец. Но, и покрај тоа што редовно ги мијам и користам забен конец, џабе е. Еве овојпат трае веќе една недела, зафатено е непцето од 4 па натаму, ме боли и кога ги мијам забите многу крвари. Од таа страна имам умник кој е пораснат на страна, дали е можно тој да игра некаква улога во честата појава на воспаление? Но, проблемот е што стоматологот е на одмор и не знам што да мачкам, што да правам, не се трпи веќе ова, а воедно ми е страв од некакви компликации. Дај кажете нешто доколку сте имале ваков проблем или слично. Се е добредојдено