Дали имате видено во аптека tongue scraper, незнам на македонски како би се викал , и ако да колку чини?
Треба на орална хирургија да вадам гангренозна 6 - ка горе , боли многу после дејството на анестезијата?
Да, ги има по аптеките. Јас имам на Curaprox (http://www.irrigator.ru/data/big/curaprox_tongue_cleaner.jpg). Мислам дека беше 280 денари.
пред две недели јас вадев гангреносана 6-ка и воопшто не ме болеше 1 минута работа е стручњаци се тие на орална хирургија без гајле )
пред месец дена вадев корени од долна 6 ка сега местото кога ми е зарастено видов дека ми има останато дел од коренот внатре дали има некоја опасност да ми загној или пак да ми прај проблеми и дали да одам да го извадам и то делче?
Сними го прво да се види што е, дали е дел од коренот, или е од коската. Имаш болки? Кога ќе се види убаво што е и како е поставено, се решава дали и како ќе се вади.
@Annath извадив 6-ка прилично лесно за 10 мин бев готова , е сега како да го третирам местото ? Не ми дадоа ни антибиотик ни ништо , и дали смеам да пушам , макс со можам да издржам е една две цигари дневно колку да ми се смири потребата , иначе на орална хирургија бев горе
Препорачливо е да не пушиш. Денес само ладна, млака и течна храна, без жабуркање и плакнење на устата. Ако имаш болка, напиј се кафетин, аналгин или бруфен
Дали има некој друг начин на исправување на заби освен со протези? Се работи за предни два заби, не се многу, ама зошто да не се прави. Ве молам за помош. Благодарам.
Вака..Пред 3-4 години ме удри кола и скршив 2 двојки а единиците ми беа цели напукнати.Двојките ми се моделирани со пломби но единиците многу ме болат и едвај ги мијам и забележувам дека малку ми се потемнати,како кога е нерв изваден.Прашањето ми е дали можи да ми се обложат со пломба ем да се заштитат ем да ми се покрие потемнатото.Искрено заби да ставам немам услови моментално а знам дека во мојот случај само тоа е трајно решение.Ме мачат премногу не можам раат да си се насмеам..
Нема друг начин. Или фиксен или мобилен апарат. Друго нема влијание. Единиците ти се мртви. Затоа ти се потемнети. Штом те болат, оди направи снимка да видиш да не има нешто во коската, па ако е потребно да се лекуваат. Инаку може да се средат естетски со помош на пломби, да се направат фасетки само од видливата страна, ама тоа не е трајно решение. Штом ќе си во можност, направи си навлаки. Ама прво, среди го проблемот со болката, тоа е приоритет.
Снимка имам направено на коската нема ништо,здрава си е само што се ослабени бааги од ударот,затоа ме болеле на допир со ладно,топло.Мртви не се не знам зошто вака ми потемнаа.Можно е тогаш да ми има ставено танок слој на пломба а да не се сеќавам,можеби таа потемнала. Фала ти @Annath ќе се закажам деновиве за фасетки па боже здравје навлаки од другата година. Фала ти многу!
@Annath дали би било паметно да ги извадам и да ставам нови? Ептен малку се криви. И ако е паѓетно какви да ставам? Фала.
Ако прашуваш дали да вадиш здрави заби само затоа што се криви - големо НЕ од мене. Подобро носи апарат за исправање, а ако не сакаш, прифати ги искривените заби како карактеристика на твојата насмевка. Важно е да се здрави
Да, на тоа мислев. За апарат за исправување не сум баш, 26г. имам, ми поминаа годините А за здрави, здрави се
Нема што да ги вадиш, чувај си ги, оти најлесно е да се извадат, после нема враќање. Нема ништо поубаво од твои заби, какви и да се. И никогаш не е доцна за апарат за исправување, ги носат и на 40 години
Имам џебови што ме болат и се полнт од двете страни на еден заб, додека да идам на заболекар некое решение?
Здраво, пред еден месец правев заб, ми ги вадеше нервите со анестезија. По ден два, повторно ми се здрви таа страна како кога бев под дејство на анестизија, но по некое време ми се пушти само еден дел од устата до крајот на брадата сеуште не ми е пуштен. Значи еден месец помина јас сеуште не го осеќам тој дел. Некој со слично искуство?
Веројатно имаш пареза на тој нерв, настанала повреда при аплицирањето на анестетикот. Земи Неуробион, или пак комбинирај магнезиум и б-комплекс, би требало да се пушти. Оди на лекар да видиш што ќе ти каже, ама мислам дека тоа што ти пишав ќе ти го препорачаат. Би требало да помине. Нареден пат на забар нагласи дека ти се случило ова. И по можност, интервенциите нека бидат без анестезија.