Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Фала ти многу :* до тебе
     
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Annath уште нешто да те прашам. Станувам сабајлево и гледам дека непцето виснало и кај тројка ти и петката, значи од страните и некако разрането е, а и ме болеше непцето од кај скршената четворка. Се намачкав со Гингвал Ц и се смири малце. Па се мислам дали да го извадам забов, и да си ставам порцелнски? Пошо и да отидам и да ми ја смени пломбата, страв ми е дека пак ќе израснат полипи. И уште нешто...дали е добра пастата Lacalut fluor?
     
  3. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Бев на заболекар денес и ми кажаа дека сум имала малку забен камен
    докторката рече дека ќе течело крв кога ќе го отстранувала :worried:
    Чистел ли некој забен камен ? Боли ли многу? ;(
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски


    Тука веќе се работи за гингивитис, добро си направила што си го намачкала со Гингивал Ц. Инаку, за забот, не знам како ти е скршен, ама ако постои можност, само тој заб да го истружиш и да ставиш навлака, без да ги чепкаш другите заби. Тоа е добра варијанта за твојот случај, не мора да ставаш мост за еден заб.



    Чистењето на забен камен е безболно, се користи ултразвук. Може да почувствуваш мали вибрации, ама болка не.
     
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Фала стварно ми помогна и уште денес ќе закажам на забар, а отприлика колку пари е навлаката?
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски
    Па зависи од каков материјал ќе се прави навлаката, но и од тоа кај кого ќе одиш... цените се движат од 25-50 евра.
     
  7. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Фала Annath :* :)
    ако не го знаев ова- дека е безболно 100% немаше да одам
    ми падна камен од срцето лесно ќе е за забниот камен :lol:
    btw Имам фобија од стоматолошка ординација,стоматолози,и тие инструментите кои многу брчат :worried:
    поздравче и уште еднаш ФАЛА :*
     
  8. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    12
    Здраво. Јас на крајот од јазикот кај крајниците имам како кругови изгледаат како некои габички? знае ли некој што е тоа?
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски
    Веројатно си ги видела папилите на јазикот, и тоа т.н papillae circumvalatae, кои се наоѓаат токму на базата на јазикот, пред крајниците. Тие се нешто поголеми од останатите јазични папили, со кружна форма, и јасно се гледаат, посебно ако јазикот има наслаги од било која причина. Се случува по нивните рабови да се насоберат наслаги кои јасно ги ограничуваат, па може да се помисли дека се работи за некој проблем. Да не си била нешто болна во последно време? Мислам на настинка, грип или евентуално некоја гнојна ангина? При вакви настинки или инфекции јазикот е скоро секогаш обложен, па може да е од тоа. Ако немаш некои други симптоми, од типот на чешање, пецкање и слично, нема ништо. Тие папили се составен дел на јазикот.
     
  10. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    12
    не немам никаков друг проблем ни ме чешка ни ме пецка многу фала за одговорто. поздрав
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    СДП кога си ги мијам забите, ми тече крв од некои делови од непцата. Дали е тоа поради бременоста нешто(бидејќи тоа почна да ми се случува откако останав бремена) или има нешто друго ?
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски
    Од бременоста ти е. Нормална појава е тоа скоро кај сите бремени жени. И јас имам таков проблем сега. Важно е да си одржуваш хигиена, поредовно да ги четкаш забите, да консумираш повеќе млеко и млечни производи, и да внесуваш и витамин Ц (може и да лижеш такви таблети, помагаат против крварењето). А претпоставувам дека веќе земаш и Флуонатрил (1мг - една таблета дневно под јазик) што за забите на бебето, а малкуцка и за твоите заби ;)
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Прв пат слушам за овие Флуонатрил. Утре одам во аптека да си земам :)
    А витамин Ц што се шмукаат, не се штетни сега во бременоста ? :lol:
    Мене ми кажаа ништо од апчиња пиење во бременоста и јас страв до коски од се што е апче и што личи на апче :lol:
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски

    Па ти нема да се труеш со Ц витамин секој ден... кога ќе осетиш потреба, тогаш. Кога ќе имаш поизразено крварење на непцата, тогаш ќе шмукаш. А Флуонатрил, ќе си земеш од 1мг, оти има и помали, и тој 1мг дневно ти е доволен. Повеќе не треба ;)
     
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.015
    Пол:
    Женски
    Витамин Ц може да се конзумира секој ден,организмот искористува онолку колку му е потребно,а остатокот кој не се искористува се елиминира преку урина,затоа секојдневното примање не е воопшто опасно.Јас мислам дека во твојот случај крварењето може да биде и како последица од бременоста.
    И незнам какви се тие заблуди дека во бременост не треба да се примаат лекови.Јас имам родено две здрави и прави деца и во двете бремености имам пиено лекови,и тоа антибиотици и аналгетици,а имам примано и инјекции во 7-ми месец.
    Ако си бремена и ако ти е лошо,нема потреба да трпиш.[БРЕМЕНОСТА Е ФИЗИОЛОШКА, А НЕ Е ПАТОЛОШКА СОСТОЈБА.
    Лекови не треба да се примаат во првите три месеци додека трае органогенезата,но и тогаш дококлку е потребно под лекарски надзор може.Јас би те советувала мислењата на форумов да не ги земаш здраво за готово,сепак овде секој може да дава мислења , но стручноста и компетентноста се прашалник.
    Еве јас ти давам мислење и стручна сум но дали си ти сигурна или не тоа не знам.
    Затоа за се да се праша лекар или фармацевт.
     
  16. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    12
    здраво сакам да прашам за еден заб ми беше многу расипан и кога отидов на заболекар докторката ми кажа ке ти ставам лек ке ти стои една недела ако те боле ке го умртвиме ако не те боли ке го направиме и мене не ме болеше и го направи се, и од кога го направи првите денови неможев да јадам на таа страна од што ме болеше и сега кога ке претиснам со горната вилица на него ме боли а не дај боже пак ладно да пијам на таа страна ужасно ме боли, ме удира во мозокот многу болка. Дали би знаеле во што би било проблемот?
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски
    Имаш пулпитис, воспаление на пулпата на забот (т.е нервот) и тоа мора да се лекува. Привремено се смирило од лекот, а со самото затворање на забот симптомите стануваат поизразени. Потребно е отворање на забот и ендодонтска терапија, чистење на коренските канали и лекување на инфекцијата, па кога конечно ќе се излекува, тогаш да се затвори. Само од себе нема да помине.
     
  18. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    45
    Ај јас сега да прашам нешо, зошто 6ка заб не смее да се вади? Имам слушнато заради нервот кој се наоѓа, ама со шо е поврзан тој нерв баш ме интересира ... :)
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски
    А каде тоа си слушнала дека не смее да се вади? Јас еве од тебе првпат слушам. Сите заби можат да се вадат, ако веќе мора, ако нема друг начин. И на која 6ка конкретно мислиш, горе или долу?
    Ако мислиш на долната 6ка, под нејзиниот корен поминува нерв, тоа е точно, меѓутоа тој нерв е заштитен во коскен канал и обично нема комуникација со коренот. Ако ја има таа комуникација (а тоа се утврдува претходно со снимка), забот се вади оперативно и се преземаат мерки да се затвори каналот, ако е отворен (што е многу мала веројатноста). А ако се работи за горна 6ка, коренот нејзин може да биде во синусот на горната вилица, што исто така при вадење може да доведе до отворање на синусот, што многу лесно се утврдува и се санира (се разбира, ако се работи за стручен и совесен стоматолог).
     
    На Pain му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    45
    Имам слушано дека не смеело да се вади заб ради нервот, и дека морало да биди прво умртвен па после да се вади а инаку се работи за 6ка горна, и сакам да ја извадам заради фиксни протези а порано знам дека ми го имаат умртвувано и сеа ради тоа што слушнав ме фаќа малку страв :)