Може да пиеш доксициклин, ако е од 100мг, едно дневно. Јас не би ти препорачала на своја рака да земаш, ама точно е дека нема што да се прави додека забот е отечен. @mimiiiii, ако уште те боли до сабота, оди. Нека ја смени пломбата и нека стави убава подлога, не би требало да те боли. Ако и после тоа те боли, сними го. Макар што мислам дека проблемот не е во коренот.
Помагајте феминки. Ме боли заб без нерв (ваден пред 2 години) на топло и на ладно. Дали ќе треба да се вади? Има ли спас да не се вади? Што може е? Фала ви.
Ако си сигурна дека те боли тој заб, тогаш веројатно е дека има процес на коренот, и дека можеби ќе почне да отекува (не мора да значи, ама постои можност). Блокмакс против болка и на забар, со снимка да се види што е проблемот. Постои можност да не е изваден целиот нерв, да има заостанати делчиња, па тие да го прават проблемот.
А се лекува тој процес на коренот или не? И во случај да е за вадење, постои можност за ставање на нов заб? Да не биде празно на тоа место. Фала ти за одговорот.
Може да се лекува, или конзервативно или оперативно, зависи од многу фактори. Се вади само во краен случај (и по желба на пациентот). Постои можност за ставање нов заб, секогаш, само од тебе (финансиската можност) зависи на кој начин ќе се изведе тоа
Пред две недели оперирав синус , и бев сечена во пределот на непцето . Од пред недела дена ме болеше јазикот како да го имам изгорено , денес приметив низ целата негова должина има жолто-бели наслаги , кои пробав со чистач да ги тргнам не се тргаат , јазикот сеуште ме пецка како да е изгорен , што да правам ? Сериозно е ова или ?
Земи капки Нистатин, ги има во аптека. Мачкај неколку пати дневно на местото, можеби се работи за кандида (можно е ако си пиела антибиотици). Пробиотици и Б комплекс земај барем десет дена.
Пред два дена бев на чистење на забен камен и воедно си направив снимка на забите за да се осигурам дека немам расипани заби. Докторката ми рече дека сите заби ми се супер, меѓутоа имам празни места меѓу забите и таму ми се собира храна и се создаваат бактерии што доведува до лош мирис - нешто од кое што најмногу се плашам Ми препорача ласерски третман мах после 5 дена од ова чистење на забен камен и наводно со тој ласерски третман се стерилизирале бактериите. Ја прашав која е гаранцијата со тој третман, ми рече дека ќе треба да одам на секои 4 месеци на контрола. Заборавив да напоменам дека кога ми ги чистеше забите со ултразвук ми течеше многу крв од непцата. Прашањето ми е дали би ми препорачале да го направам тој ласерски третман или некое друго чаре? ПС: Со забен конец имам пробано 100 пати и никако не можам да се навикнам, пробувам да употребувам интердентални четкички повремено.
Бев, сум имала џеб и ми кажаа дека од тоа е. Снимка не направив, но се смири болката. Од денеска премногу боли и пулсирачка болка и на допир со јазик и секако, непцето е многу црвено како полно со крв и има бело топче. Дали имам некој процес/циста? Или? Од што може да е тоа топче? Да пијам апче некое додека одам на забар? Фала.
Не ќе да е џеб по симптомиве. Процес на коренот е најверојатно, загноил забот. Ако го дупнеш отокот на местото кај топчето ќе тече гној. На забар ќе ти го дупнат и ќе го исчистат, сама немој. Најверојатно ќе треба антибиотик да се пие. Јас вака на невидено можам ова да ти го кажам, а дали е точно, тоа само преглед ќе покаже.
Дали тоа значи дека најверојатно ќе треба апикотомоја или вадење на забот? И дали е болна таа процедура? Фала ти за одговорите.
Вака на слепо, без преглед и снимка не можам да ти кажам ништо. Зависи од твојот стоматолог што ќе се прави. Јас лично не верувам дека е џеб во прашање. Вадење е крајна опција, апикотомија може да биде едно од решенијата. Ама зависи од дијагнозата.
И јас имав топче полно со крв и гној,циста беше во прашање.Прво се ми започна со болка,а немаше ништо на површината и не обрнував внимание.така неколку месеци се додека не ми излезе топчето буквално преку ноќ.Ми направија мал зафат да ја извадат цистата,имав бајагиии голем оток 2-3 дена и не можев да јадам ништо освен пире и сладолед(среќа што беше лето .Пиши што си направила
Дојдов овде пред се за утеха, па и за зовет. Имам здрави и прави заби, немам ниеден расипан и досега да бидам искрена немам отидено на стоматолог пред се затоа што не сум имала проблеми а втората причина е поради страв. Проблемот е што ми се појави гингивитис, си имав проблеми со месото околу забите веќе пофолго време но не беше ништо страшно се додека не ми се појави ова. На долната вилица имам воспаление жлебината ми е подигната, пропратена со црвенило, вчера отидов на забар и можење да се забележи дури и коренот на забот од воспалението. Докторката ми го исчисти местото, ми препиша антибиотици и ми кажа да одам за 3 дена за да ми го исчисти забниот камен. Рече дека сум дошла сепак на време и дека не било толко страшно но искрено луѓе јас сум преплашена. Иако пијам антибиотици денес кога станав гледам дека малку ми се спушта и жлебината на горната вилица и ми е надуена меѓутоа бледа е не е црвена како доле. Многу се плашам затоа што читав по нет какви последици може да има и навистина преплашена сум. Чувствувам и болка, дури и јазикот мислам дека ме боли многу повеќе од самото месо. Некој совет што да правам деновиве, и навистина ли не е страшно...се надевам дека се ќе помине како што треба и дека сепак не сум отишла премногу доцна.
Искрено, за карање си ако не си отишла на стоматолог подолго од година, еве и две години нека се. Тие проблеми што сега ги имаш, ќе можеле да се спречат. Гингивитисот е прв симптом на пародонтопатија (народски парадентоза). Редовни посети на стоматолог со редовно чистење забен камен и џебови, како и добра орална хигиена се предуслов за спречување на прогресивност на процесот. Ќе се среди, не му се секирај толку.
Го снимав забот, се работи за циста. Исти случај имаме. Ми дадоа да пијам антибиотик и за 2 недели на операција. Ми кажа докторот дека ништо страшно не е, ама мислам дека така кажа за да не се плашам. Ако може само да ми пишеш како е за време на операција, дали е страшно, дали не, дали чувствуваш болка, дали не, колку време трае зафатот итн. Ќе ве известам како сум си поминала, ама прво да отидам Фала ви за одговорите.
Јас во минативе 3 години 3 операции правев, вадени живци и се правеа цисти. Ништо страшно, пиеш антибиотик, одиш дента, 20 мин работа е, ти ставаат анестезија, не чувствуваш ништо, после7 дена вадење конци и толку, неколку дена на течна храна. Прочитај на нет, апикотомија е тоа, потсекуваат дел ок0д забниот корен и вшмукуваат циста и крв од околу, па полнат со цемент. После ни те боли забот ништо ич, само може да поцрни и да е кршлив. Со лесно и само храбро!