Понеделникот ги извадив фиксните протези и ортодонтот ми закажа за понеделник за ретејнер, но денес забиве почнуваат некако да ме болат. Нормално ли е тоа по ваѓање на протезата?
Во петок имам закажано за апикотомија, но попладневно кога станав од спиење сум како отечена. Што доколку утре отечам повеќе? Дали ќе може да ме оперираат?
Луѓе ми растат умници долни, непцата ми се потечени на краевите и главата ме боли премногу, се напив аналгин не поминува што да правам?
Блокмакс форте или волтарен рапид напиј се. И оди на стоматолог да ја види ситуацијата, да не треба да се вадат.
@Annath имам една 8-ка пломбирана со наполнати канали, не ја изваде мојот стоматолог бидејќи е на работ на страна од што ми е потесна вилицата и плус огромна е. Е сега случајно заприметив дека еден дел од забот фали, немам сетено кога се скршил. Болки немам и не ми пречи на јазикот, што да направам, да одам на преглед или нема да прави проблем?
Оди да ти го среди ако може, да исклучи постоење на некое дупче каде што не треба, и плус со тек на време да не се распадне целиот заб. Бидејќи е умртвен, подложен е на кршење, постои можност и понатаму да се крши.
Annath имам едно прашање за тебе.Денес бев на заболекар зошто еден долна шестка ми се скрши од една страна, веќе пломбирана двапати ми е, заболекарката ми кажа дека и нема спас и ќе мора да се вади, зошто нема ни на што да се држи пломбата, има само еден мал дел од забот, како што кажа таа гингивата или што и да е тоа ми враснало внатре во забот, сега таа го сечеше и истече многу крв.Инаку забот ми е мртов, сега немав болка и немам гноен процес.Ми стави нешто за да ми споре крварењето и утре ќе одам да го среди.Прашање ми е дали ќе боли и дали забите има шанси да ми се рашират поради прзниот простор, бидејки долу ми фали двојка, воопшто никогаш не никна и ја немам, имам правено снимки и ако се рашират уште толку ќе биде грдо.И дали може да се стави еден вештачки заб и колку чини.Фала.
Ние фамилијарно- генетски ги имаме најужасните заби! Останата сум на забар. Од 32 заби, 4 стални ми се извадени 6ките. Од останатите 28- 20 ми се пломбирани од кои предните кец и двојка со извадени живци. И 4 имам за пломбирање најново. Се на се, 4 здрави заби имам овие кучешките. Забава. Сите пари по забари си ги имам остаено. За година две ќе треба на предните навлаки да клавам ќе ми поцрнат без живци по 6 пати пломбирани од сите страни... Не знам. Мака ми е ова од ко памтам за себе. Сталните предни расипани ми излегоја. А сериозно ги мијам редовно и имам пиено калциум. Млеко пијам многу. Тоа е. Секој со среќата.
Забите секако ќе се рашират штом има празен простор, тоа е нормално. Од друга страна, може да се стави само еден заб, конкретно имплант, и тоа оди од 500 евра нагоре. Друга, поевтина опција ти е да не го вадиш коренот, да го искористиш, односно убаво да се обработат и исчистат каналите, да се земе отисок, да се излее колче и на него да се стави навлака. Тоа максимум до 100 евра би те чинело, не повеќе. А може и да го извадиш забот, да се стругнат двата соседни заби и да се направи мост со кој ќе се пополни празниот простор. Решението на ситуацијава би го одбрала после детален преглед и снимка. Ако си отекувала од тој заб, подобро е да се вади, оти ако ставаш колче со навлака може пак да отечеш, па џабе парите. Ама тоа најдобро ќе ти каже твојот стоматолог. @s1a1n1d1r1a1, не е само генетиката во прашање. Иначе џабе млекото, не помага за здрави заби и покрај спротивното верување. Не е само до калциумот. Тоа што велиш дека предните заби расипани ти излегле, и плус шестките извадени на рана возраст само кажува дека твоите ја запоставиле оралната хигиена кај млечните заби кога си ги имала. Реално, од мали деца не очекувам да знаат дека треба да си ги мијат забите, и како да ги мијат, тука вината ја носи родителот пред се. Многумина сметаат дека млечните заби воопшто не се важни, па не им обрнуваат внимание - ама тука е грешката. Битно е редовно и ПРАВИЛНО да се четкаат забите, од сите страни, не само да се мазнат колку да се рече дека сме ги измиле. Битни се млечните заби, бидејќи ако се сочувани со редовна и правилна хигиена, трајните заби ќе изникнат во здрава средина и нема да се расипуваат лесно и често. Но овој проблем што го имаш ти реално е присутен кај 70-80% од нашиот народ. Ама гледам дека процентот се намалува, што ме радува.
Можеш да отидеш на стоматолог и тој да те препрати кај орален хирург кој што ги засечува местата каде излегуваат забите за истите побрзо да излезат. И не боли, не се секирај, една пријателка направи така.
Реално нема шанса да дадам толку пари за имплант, може некогаш на стари години ако почнам да ги вадам сите оти поголем дел од катниците ми се пломбирани веќе и веројатно вечно нема да траат пломбите.За тоа со колче мислев и јас, ама пред некое време имав гнојна кеса на забот па докторката ми го кажа ова што ти ми го кажа.Значи ништо да го вадам и да видам како ќе оди, другарки имам две што велат дека не им се раширени забите забележително, а се без заб веќе со години, па натаму ако приметам голема промена тоа ќе го сторам.Фала ти сепак.
Ама е генетиката во прашање. Бидејќи татко ми нема свои заби на 50 и нешто години, а брат ми сега си стави навлаки на предните заби на негови 26 години. Некогаш е генетиката во прашање кога истиот проблем го имаат сите во една фамилија. Иначе мене од забар ми беа препорачани апчиња калциум и истотака посебна паста за заби дури имав млечни заби. Така да некогаш едноставно е како што изгледа.
Да, влијае генетиката, ама голем дел може да се спречи, особено ако се сфати сериозно уште од мали нозе. Примери имам во моето секојдневие, затоа ти кажувам. Не е секогаш генетиката главен фактор.
Е па ете јас ти кажувам дека се направило се што можело за да се спречи Уште од мали нозе по забари сум. Колку што можело се спречило. Да не ме тераја да одам по забари уште од 1во одд, сега гарант ќе бев без свој 1 заб. Одам и кај многу добар стоматолог, и баш најмногу пари од се имам вложено во забите оти сметам дека се најбитни за изгледот на една млада девојка.
Не сакам да ме сфатиш погрешно, ама не од прво одделение да одиш на забар. Туку да почнеле да ти ги мијат забите барем од една година како што треба и да те однеселе на забар на две годинки, не ќе си морала со сила да одиш на забар подоцна, немало да дојде до вадење на трајните 6. Значи, од прв заб е битна хигиената и правилното миење. Многумина ја прават таа грешка. Кај нас мајките многу не се замарале со миење на забите на бебиња. Ама новиве генерации тоа го менуваат. Гледам добри резултати кај децата помали од 6 години кога мајките ги применуваат советите што им ги давам. Дури само со четка и без паста може да се одржува супер хигиена на забите. Без добра четка и добра техника на четкање, забите ќе се расипуваат лесно, со оглед на тоа што јадеме повеќе преработена храна што не бара многу џвакање, а лесно се лепи на забите. Затоа се расипуваат.
Добро браво во право си. Не ми ги миеле забите јас запоставена сум затоа сега плаќам за грешките на моите родители. Честито.
Сандра, мислам дека немаше потреба од цинизам, сепак Анат е стручно лице и ги владее нештата поврзани со оваа област. Инаку, мене ме интересира, дали можам да извадам целосно израснат умник кај мојот матичен стоматолог или сепак треба да се обратам кај специјалист?