Има во Скопје многу приватни стоматолошки ординации, но можам да кажам дека само малку има добри стоматолози. За среќа познавам двајца прекрасни стоматолози, кои изработуваат и протези, поправаат и вадат заби и даваат целосен третман, а не само ако те боли забот пиј doxycyclin 100mg и толку. Сите што одат кај нив се презадоволни. Најважно е што цело време одат во странство на семинари за дообука, нови техники и имаат квалитет. Секоја чест за нив и з атаквите како нив.
Сосема е нормално и биди среќна што толку бргу ти поминало Мене кога ми излегуваа умниците по цела недела ме болеше се живо и вилица и останатите заби и глава, и пиев исто аналгини, вентори, ибупрофен и ми поминуваше така и така се додека не излегоа. Е сеа кај мене кратко траеше задржувањето на умниците, многу наскоро по тоа нивно мачно излегување морав да ги извадам и така пак на мака. И затоа ти велам биди среќна што ти поминало. А една пријателка отиде на орален хирург како што ти пишав преска и и се скратија сите тие маки што ги претрпев јас.
Е одамна ме измачува нешто. Пред 5-6 години носев фиксна протеза на горните заби, докторката ми кажа дека за да ми се исправи загризот ќе морам да носам и доле, но не сакав тогаш. Ми ја извадија протезата пред 4 години, и одтогаш навака носам ретеинер кој ми ги држи забите исправени. Е сега, ем од ретеинерот, ем од тоа што доле не носев протеза, загризот ми е сосема изместен, долните заби ми се многу повлечени наназад. Е сега, дали ќе може со носење на мобилна протеза да ми се исправи, или пак само со фиксна може?
Најубаво е да го посетиш твојот стоматолог или ако сакаш можам да ти ја препорачам ординацијата Бисер дент во Ченто. Можеш и на интернет да ги побараш да видиш слики пред и потоа. Работат двајца доктори Александра и Никола Подолешови ама за протези подобро да се консултираш со Александра.
Не сум од Скопје, а докторката кај која сум е прилично позната во мојот крај, многумина се задоволни од неа, и јас исто. Некој од деновиве планирам да одам на преглед, бидејќи веќе ова почнува многу да ми смета
Аnnath мене ми го извадија забот, прво мислеше дека може да се спаси, ама потоа кога го исчисти рече дека корењата биле доста уништени и дека најдобро е да се вади за да не направи проблем со др ззаби.Не беше проблематично вадење и таа ми кажа што како да правам овие денови само веројатно или јас не чув или таа заборави, не ми кажа што да правам во овие неколку саати денес ако ми навлезе храна..јадев супа ама осеќам дека има навлезено од фидето, ја плакнам устата со млака вода и не излегува...што да правам?
Не треба да ја плакнеш раната, да не го измиеш коагулумот. Мислам дека нема ништо, ама ако ти е шубе оди нека ти го исчисти пак убаво, за да биде чиста раната. Ладна храна денес, по можност без парчиња што ќе се заглават, без жабуркање со вода или било што друго.
Паκ јас, саκам да пρашам уште κаκо изгледа ноρмална ρана од изваден заб.Мене пρвите два дена ми беше во ρед, немав ни болκа неκоја сеρиозна, а еве денес осеќам болκа и чинам од забот до ρаната, тој ми е здρав ама κога го κцκам со пρст осеќам тапа болκа.Инаκѕ ρаната има фатено неκој бледо жолто-сувκаст слој и јас не знам дали ваκа изгледа ноρмално.Немам отоκ, ниту гној κолκу што гледам ама оваа болκа κоја енос сега се јавува на сκоρо 4 ден ме загρижува.Фала ти и извини што досадувам малκу, ама ова ми е пρво вадење и се ме загρижува.
Од искуство ти кажувам дека е нормално, само лесна храна се јаде и не се јаде на таа страна каде што ти е ваден забот. Не се секирај ти биди нежна. Долго време ќе треба да заздрави ( зависи од раната ) ама ипак нема ништо страшно.
@buba4e89 ти кажала, нема што да се плашиш. Единствено ако се засилува болката, и почнеш да отекуваш, појди пак на забар да ти ја исчисти раната. Болките се очекувани. Изгледот на раната и треба да биде таков, да фати коричка, белузлаво жолтеникава, што значи дека убаво се епителизира и зараснува местото. Прво ќе се затвори одозгора, а во внатрешноста со тек на време местото ќе се пополнува со коска. Извини што доцнам со одговорот, дури сега успеав да седнам и да видам дека си пишала.
lele decki pomagajte vcera izvadof zab od ko mi odzdrvi mestoto me boli celo vreme nikako ne pominuva i mi e poteceno mestoto dali e normalno da mi poteci i da me boli uporno celo vreme
Пред 1 недела правев долна 6ка и 7ца, 6ката ми беше скршена па ми стави пломба а на 7цата си имаше пломба но ми ја исчисти од едната страна и ми стави лек. Го држев 2 недели и отидов ми стави пломба. Од тогаш неможам да јадам нормално како човек. Со скршениот заб што ми го правеше немам никаков проблем, него имам проблем со 7цата. Забот уште првиот ден почна да ме боли и беше многу високо отидов и ми го иструга. Пак чувствувам некоја висина но ми е срам пак да отидам. На таа страна неможам да јадам од причина што ненормално ме боли кога ќе јадам нешто тврдо. Некој совет?
Никакви. Болка ден-два, можно и оток, но не мора да значи. Мораш пак да отидеш, нема тука срам. Не смее да ти пречи забот на било каков начин, мислам дека од тоа што ти е превисок се јавува болката, поради прераниот контакт со антагонистите (спротивните заби). Уште денес оди, продолжен викенд е, после тешко се наоѓа дежурен.
@Annath ти си стоматолог? Претпоставувам зошто гледам само до тебе прашања упатуваат. Ај и јас да прашам, често поправките на зави ми завршуваат до умртвување и вадење живци, па после пак ме боли, и на снимка има циста и апикотомија. Последни 3 години 3 заби така, а имам уште кои се само со полнети канали и пломба ама ме болат, еден особено од старт ме боли, се жалев и ми рече ако боли мора да се вади, станува збор за 6ка. Сега многу ме боли, и при спиење ме буди болка, а бремена сум 4ти месец. Што можам дс превземам? Фала
Да, стоматолог сум. Па вака, тоа што сите заби завршуваат кај тебе со умртвување и вадење на нерви е најверојатно поради слаб имунитет. А појавата на цисти, процеси и грануломи кои завршуваат со апикотомија е резултат на лошо обработени и недоволно исчистени коренски канали ( и не секогаш најдени сите канали). Методите со кои тоа се работело порано, а во добар дел ординации и денес се работи со нив не гарантираат 100% резултати. Соодветно исчистени и проширени канали, средени и наполнети како што треба не прават проблеми понатаму во најголем дел од случаите. За тоа постојат соодветни помагала и методи, ама е и поскапо, а не сите кај нас работат во тие совршени услови, за жал. Освен тоа, секоја бременост си има свои последици по забите и непцата, пред се поради хормонските промени, и секако, тоа може да биде причина за појава на болка кај средени и поправени заби. Во твојов случај, ако е за вадење забот, слободно вади го, препорачливо во второ тромесечие. Трпењето болка повеќе му штети на плодот отколку анестезијата и самиот процес на вадење. Ама најдобро би било да одиш кај специјалист, за да се избегнат било какви компликации од типот на кршење корен, отворање на синус и слично (не знам дали е горен или долен заб), затоа што тоа предизвикува дополнителен стрес за тебе.
Фала за брзиот одговор, за жал овде кај нас немам некој избор на стоматолози, а кај сите сум била и секогаш истиот проблем, па си се помирив до мене е. А овој што боли е долна 6ка и уште одма се жалев на болка, да снимаме, да не е циста.. и ми кажаа ако боли нема чаре за 6ка нема апикотомија ќе се вади и пусто да не изгубам заб се помирив но последно време ме боли и на ладно ко трпки да ми минуваст, ко да е жив, како при вадење на живец ме заболува... Нема спас од вадење??
Ако е мртов заб не би требало да осеќаш реакција на ладно, тоа малку ми е чудно. Да не е друг заб до него?