Таман фати продолжениов мене ме фати забо Згора на тоа и воспалени непциња (секогаш кога нешто не е во ред со некој заб одма ми се воспалуваат, ок некогаш и немора да има проблем со заб за да се воспалат), почнаа да ми растат умниците и ми се здрвва вилицата. Зедов се плакнам со камилица и стоматидин (хексетидин) па до Вторник некако ќе се одржувам. Дали има уште нешто шо можам да прам за да ублажвам болка до тогаш? п.с. кога сум станата, шетам, пијам вода немам мака, не ме боли ама на пример навечер штом ставам главата на перница и почнува да ме боли
Четворката напред (десна страна) ми беше расипана и не отидов навреме на лекар (од пусти страв) дојде до мало кршење на забот, и отидов на лекар од кога ми се скрши забот ми го чистеше имаше гној, два пати ми правеше дренажа и сега ми го затвори со пломба. Арно ама јас не се разбирам баш во овие стоматолошки работи, и пломбата се убаво ми ја затвори дупката, ама многу деле од мојата природна боја на забите, незнам дали е до стоматологот може можела нешто да направи да не се приметува толку многу или моите заби треба да одат на белеење. Ве молам да ми одговори тој што знае, бидејќи навистина мноогу ми се различни боите, страшно и неубаво стое
Мене не ми се бели но пак затоа на 1от, и 2ката ми се сини, бледо сини... ужасно ми е да се смеам а тоа изгледа оти ми го умртвуваше забот. Ми рече со тек на време ќе станува се повеќе син . Значи не забот туку пломбата на пола заб се познава.
Annath единицата на горната вилица за две недели треба да се вади живецот матичниот денеска го чистеше имав болка стави две анестезии но не делуваа и му стави лекче за да се умртви. Сакам да те прашам дали ќе го вади живецот без анестезија или, и зошто не делуваа две анестезии
Ако ставил лек за умртвување, нема да има потреба од анестезија, пошто логично, живецот ќе биде мртов и нема да боли неговото вадење. Обично на предни заби не се става лек за умртвување, освен во краен случај.
Денеска почнаа да ме болат непцата, кои се наоѓаат од внатрешната страна на устата и кога ги допирам со јазикот ми болат и чуствувам како некоја топлина и ме пецкаат, од шо можи да е, прв пат ова ми се случува, а редовно одам на стоматолог и се.
@Annath ,како се изведува белењето на заби во стоматолошка ординација? Која е постапката? Дали е штетно за забите и која цена е отприлика?
https://www.facebook.com/DentisimoImplant/videos/157263881125877/ На ова видео е убаво опишана постапката за белењето на забите. Едно да се знае - мртов заб или пак пломба не може да се избелат на овој начин. Цената зависи од ординацијата кај што се изведува постапката. Штетно - па во принцип и не е баш корисно за забите бидејќи глеѓта станува попорозна а со тоа и поприемчива за пигменти од храната и пијалоците, како и цигарите, лекови и сл. Со тек на време таа приемчивост за пигменти се намалува, особено ако се користат средства на база на флуор (не препорачувам) или калциум за зацврстување на забите.
@Annath јас повторно... Горната единица пред околу две години ми фати кариес од страната и бев на зболекар. Ми го направија и го затворија и после 2 месеци повторно добив силни болки. Отидов пак и ми рекоа се инфицирал па да го вадиме живецот и океј. Последен пат кога бев за тој заб ми го извади живецот барем како што таа кажа и сега нели за да ги исуши каналите ми ставаше едни хартиени и од нив осеќав така минимална болка ама таа не ми поверува и го пломбира. Веќе година дена забот реагира на топло/ладно некогаш имам и тапа болка. Не можам убаво да загризам и на допир малку боли. Што е проблемот ако веќе е изваден живецот? Фала богу немам огромни болки во тој заб ама тлее а бидејќи во брзо време треба да ставам протези па да не почне тогаш да ме боли.
Мора да се направи ревизија на полнењето, односно забот да се лекува. Ќе направиш снимка да се види каков е коренот. Јас не би го затворала се додека постои и минимална болка. Оди сними го и со снимката правец кај стоматологот.
Ми се скрши 6ка заб. Не целосно само странично, на половина ми остана забот. Морам да чекам до понеделник за да закажам на стоматолог, ве молам утешете ме, има ли некакво решение?