Ти можеш да одиш на избелување за сите заби нормално, ама не можат да се избелат умртвени заби и пломбирани освен ако не сакаш да ја смениш пломбата со некоја побела боја ама тоа ќе изгледа ептен вештачки.
Пломбата ми е многу бела и се издвојува од забот, па со избелување мислев дека колку толку ќе се совпаѓаат боите.
Не може да се избели. Не знам како можеле многу побела да ти ја стават пломбата.. хмм.... оди смени ја пломбата и побарај да биде бојата приближно твојата природна боја на забот
Сите ли умници растат истовремено или еден по еден? На горните ми се пораснати, но не и долните. Има ли потреба од грижи?
Не растат сите истовремено. Зависи кога ќе добијат стимул за растење, зависи и како се поставени. Тоа што не ти се пораснати долните може да значи дека им е рано, дека можеби немаат место, или пак дека немаш умници во долната вилица (што не е воопшто страшно).
Дали некој има искуство со декалцификација на заби? Кои третмани за третирање се достапни кај нас? Не сакам да ги земам предвид фасетите, пошто не сакам да ми се стругаат здрави заби, ниту сакам вештачки изглед. Друга опција?
Имaм ужaснo иритaнтен прoблем, се нaдевaм @Annath ќе мoже дa пoмoгне. Знaчи сите зaби ми се средени и нaпрaвени, редoвнo ги мијaм и чистaм сo кoнец, нo и пoкрaј oвa јaс пoстoјaнo имaм мирис вo уснaтa шуплинa, штo веќе ужaснo пoчнувa дa ми сметa. Штo мoже дa е прoблемoт и кaкo дa гo решaм?
Осмицата од лева страна ми зарастува многу криво ми предложија да ја извадам но многу ми е страв што мислите вие?
Скоро ретко кој ги задржува осмиците.. ако ти расте многу криво тогаш подобро извади ја бидејќи може да се деформираат сите заби (да се искриват ако нема место каде да пораснат осмиците)
Ти ова сериозно???? И баш сите заби. Ах....зошто сте неиформирани. Нема врска тоа дека сите заби ќе се искриват. Нема што да се плаши девојката, забот може да расне во месото криво или надвор наспрема јазикот внатрешно и во тоа да е крив. Јас имав осмици и не е точно дека ретко кој задржува осмици. Осмиците се клучни заби и многу се комплицирани за вадење. Затоа што кај некои може имаат подлабоки корења кај некои не. Ќе одиш ќе се отпуштиш една инекција и останатото е на докторката.
Значи кај секого е различно постојат различни случаеви и да можат забите што се околу да се искриват од нив. А чим и растат криво...