@buba4e89 и тоа како може да се искриват. Еве јас сум една од таквите случаи. Носев мобилна протеза со години, забите ми беа перфектно исправени, под конец. Имам тесна вилица, па менував неколку протези, малтретирања, чуда. Ама затоа ефектот беше неверојатен, упорноста се исплатеше. Сега ги имам сите четири 8 и забите повторно ми се искривени. Не дека е толку страшно како кога почнав да ја носам протезата, ама јас ја гледам разликата, мајка ми, дечко ми. Кога би ги отстранила 8ците, пак со протеза, би можела повторно да ги вратам во ред. А што се однесува до забите, 8ците се најлесни за вадење, прашај било кој стоматолог.
@jovanovska94 јас пред 4 месеци извадив 2 осмици. Едната крива, другата права. Па што ми се прави забите што да ти кажам. 8миците ми беа вадени со тешка мака. Влечи натака, навака, 2 ипол сати. Немам што да прашувам јас, знам што преживеав. Поздрав.
Значи те цитирав за да те информирам, бидеќи ти нешто немаш доволно познавања на темата. Девојката пред тебе напиша @Valencia Осмиците се тотално непотребни заби, гледано од медицинска страна, доколку не растат правилно. А неретко и вршат притисок на другите заби, растат криво, па се отсрануваат. Зависи од забите и докторот, но 8те се најлесни за вадење, бидејќи нивните корени се поинакви од корените на останатите заби.
Ok, не се натегам со вас..кој бил во право кој не. Јас си го кажав моето искуство и неморате да тврдите нешто што не сте виделе. Фала богу свесна сум што вадам, ваљда не вадам на слепо. Толку од мене.
Ако сигурно не е од устата, јазикот и џебовите (го миеш јазикот, така?), тогаш е или од грлото (крајниците) или од желудникот. Редовно и правилно четкање и користење на интердентален конец, а уште подобро интердентални четки и повремено средство за плакнење уста е клучно за добра хигиена. Редовни контроли на забар на секои 6 месеци со чистење забен камен и меки наслаги би требало да помогнат. Дома може повремено да плакнеш со чај од жалфија или со 3% хидроген (не голтај!) за дезинфекција после чистењето. Ако ништо од ова не помага, најверојатно е од крајниците (се решава со вадење, ама да ги вадиш само поради мирисот, нема смисла), или од желудникот (ако имаш многу гасови, киселини, воопшто проблеми со желудник). Да се надоврзам на муабетот за осмиците - да, знаат да ги искриват сите заби од прв до последен во периодот кога никнуваат, односно да ги збијат толку многу што ќе направат реален проблем. Корените не им се најмали, напротив, зависи од поединецот, кај сите имаат различна анатомија и морфологија, и не мора да значи дека вадењето е секогаш е лесно. Општ стоматолог не може секогаш да вади осмица, поготово ако е импактирана (во коска), најчесто се вадат оперативно. Вообичаена практика е вадење, оти некогаш може да предизвикаат силни болки во зглобот, увото и главата при растењето. Ако има доволно место, ако се правилно поставени и ако не ги искривуваат другите заби, најчесто се оставаат во уста. А инаку, според еволутивната теорија, осмиците или трети молари со тек на време ќе се редуцираат, односно човечкиот вид нема да ги има, со оглед на менувањето на начинот на исхрана. Реално, не ни се потребни.
@Annath пред неколку години на 6ката на горната вилица ми го извадија живецот и се беше во ред се до минатата недела кога ми се јави благо воспаление на непцето во близина на истиот заб а притоа чуствував и блага болка на 6ката. Бев на стоматолог и ми кажа дека болката не би требало да е од воспаленото непце и ми препорача да го снимам забот затоа што надворешно не најде ништо. Од тогаш има поминато 3-4 дена (и вчера ете пак ми се јави болка ама не многу јака, само ми помина не се напив ниту апче) а јас уште не отидов да го снимам забот од страв дека ќе ми откријат некој процес внатрешно и дека нема да можат да ми го спасат забот затоа што еднаш му е умртвен живецот. Има ли шанси да се излечи заб ако еднаш е изваден живецот и после долго време пак се јават болки како кај мене?
@mila89 пред една година го имав истиот проблем ми беше отсранет живецот на 6ката долу десно. после некое време имав многу големи болки и кога отидов на стоматолог го снимив забот и вејќе немаше спас за него бидејќи коренот беше со многу голем процес. најубаво е да отидеш да го снимеш што е можно најбрзо бидејки јас осејкав болки и претходно ама не отидов и ради тоа го изгубив забот. Можеби има надеж да ти се спаси забот ако реагираш на време
Па најверојатно ќе може, ако не е зафатена коската. Ќе се направи ревизија на полнењето и ќе се обработи повторно, па ќе се затвори. На снимката ќе се види дали забот може да се спаси или не. Колку повеќе чекаш и одологовлекуваш, толку се помали шансите да се спаси.
Сакам да ставам навлаки Најверојатно иде вака некако, само ме интересира колку време трае процедурата и дали може веднаш да се стават навлаките, или мора да се чека недела дена.
Не може да се стават веднаш, треба време за изработката. Најбрзо е за пет дена. Постои опција привремени навлаки кои се изработуваат веднаш после стружењето на забите, на лице место, ама ретко го практикуваат тоа, освен ако не треба да се чека ептен долго време.
^^ Fala na odgovorite, vcera go snimav zabot i tie do nego, se e vo red zdravi se zabite a pak imam bolki. Izgleda e nepceto, se mackam so eden gel pa ke vidime
Имам три 8ци, трите ми се здрави, една дури и пломбирана. Ама четвртата сеуште не ми е излезена а имам скоро 35. Ќе излегува ли или не?
Imam stasna bolka vo leviot predel na vilicata I samo tamu. Nemozam usta da otvoram. Nemam zabi tamu kaj sto me boli i tie do nepceto mi se zdravi. Sovet kako da ja namalam bolkata?
Кажете ми дали кога растат осмици боли вилицата и главата? Имам само 16 години, не е малку рано за осмици?
Имaм еден прoблем се нaдевaм декa некoј ќе ми пoмoгне сo сoвет. Дoсегa вo мoјoт живoт нa стoмaтoлoг имaм oденo сaмo 3 пaти зaтoa штo мн се плaшaм. Ќе си сoберaм силa и ќе oдaм некaкo се тешaм сo тoa a бе немa дa бoли и сaмo штo ќе влезaм се врaчaм oдмa нaзaд е сегa прoблемoт е вo тoa штo непцaтa oдмa нaд зaбите ми имaaт бoјa кaкo нa пoмoдренo се плaшaм дa не е нештo пa ќе требa сите зaби дa ми ги извaдaт. Сaкaм дa сoберaм хрaбрoст и дa oдaм дa си ги нaместaм сите зaби дa си стaвaм пoрцелaнски и незнaм дaли ќе имaм мн бoлoви некoј дa ми кaже дaли бoли при стaвaњетo нa пoрцелaнските?
Имам еден проблем. Откако носам фиксни протези, после секое јадење си чувствувам лош здив и многу ми е непријатно заради тоа. Некакво решение??